Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје - Канал 5

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе го почитува велигденското примирје, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје.

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

„Украина постојано изјавуваше дека е подготвена за реципрочни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме соодветно“, објави Зеленски на Телеграм.

Тој нагласи дека на луѓето им е потребен Велигден без закани и вистински потег кон мир.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа прогласи велигденско примирје, соопшти прес-службата на Кремљ.

Во соопштението се вели дека со одлука на Врховниот командант на руските вооружени сили, во врска со приближувањето на православниот празник Велигден, е прогласено примирје од 16:00 часот по московско време (15:00 часот по централно европско време) на 11 април до крајот на денот на 12 април. Москва очекува украинската страна да го следи рускиот пример во врска со велигденското примирје. Се наведува дека Путин им наредил и на руските вооружени сили да ги прекинат непријателствата за време на примирјето, но да бидат подготвени да одговорат на непријателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеник

Француски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.

Француски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеник

Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување.

„Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X.

Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“.

Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.

Петрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина

Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Ако Филипче заборавил граѓаните знаат дека СДС е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари.

СДС, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници.

Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, се уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.

Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДС, ДУИ и Таравари, не успеа да го реши проблемот со загадената вода, па затоа владините институции мораа да ја земат работата во свои раце и да ја решат кризата во рекорден период.

Се обезбеди флаширана вода за граѓаните, се користи повторно водата за техничка употреба, а во наредните денови ќе се обезбеди водата да биде користена и за пиење.

Почитувани,

Токму тоа се двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари. Кога нивен функционер ќе потфрли, нема критика, нема осуда, нема барање за одговорност, туку молк и заштита.

Граѓаните гледаат дека за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат само кога им одговараат политички. Одговорноста не смее да зависи од тоа на која партија и припаѓа некој функционер.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Вознемирувачка снимка, фудбалерка шутира противничка во глава?!

Бразилка го удира противникот со нога во глава,  веднаш добила петгодишна забрана за настап во спортот.

Видео: Вознемирувачка снимка, фудбалерка шутира противничка во глава?!

Извесна Лара до Насименто Коста предизвика скандал на натпревар во футсал напаѓајќи ги противничките, што доведе до сериозни последици и суспензија.

На еден аматерски натпревар во футсал во Бразил, фудбалерката Лара до Насименто Коста физички нападна две противнички и го шокираше целиот свет.

По еден прекршок, нејзината противничка падна на подот, а Лара изненадувачки наместо да и помогне двапати ја шутн во глава легнатата фудбалерка а потоа со тупаница нападна уште една противничлка фудбалерка која само се обиде да интервенира.

Целиот напад траел пет секунди. Нападнатата играчка, Ана Жулија Аленкар, по инцидентот била пренесена во болница.

Сè се случи во спортскиот центар на периферијата на Форталеза, главниот град на сојузната држава Сеара.

Натпреварот од женското првенство на општината Еузебио се играше меѓу екипата „Ас Резенјас“ (As Rezenjas) и клубот „Прожето РДЈ Еспорт Феминино“ (Prožeto RDJ Esport Feminino).

Во моментот на инцидентот, кој се случи на почетокот на второто полувреме, екипата „Ас Резенјас“ губела со 1:0.

Натпреварот веднаш по инцидентот бил прекинат.

По дисциплинската расправа, е одлучено на Лара до Насименто Коста да ѝ се изрече петгодишна забрана за учество во сите натпреварувања организирани од Спортската лига на Еузебио.

Поради инцидентот, санкционирана беше и нејзината екипа. На крајот, постои можност против неа да биде поднесена кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер