СветЗеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска АрабијаУкраинската делегација која учествува во преговорите со САД во Саудиска Арабија е максимално конструктивна и разговорите се корисни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.- Нашиот тим работи на најконструктивен можен начин. Разговорите се доста корисни, работата на делегациите продолжува. Но, без оглед на тоа што ќе им кажеме на нашите партнери денес, мораме да го натераме (Владимир) Путин да даде вистинска наредба за запирање на ударите. Оној што ја започна оваа војна мора и да ја прекине, рече Зеленски во телевизиска изјава. Разговорите меѓу претставниците на САД и на Украина започнаа денеска во Ријад, а агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура. По денешните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија, ќе следи средба меѓу делегациите на САД и на Русија. Разговорите на американските претставници со делeгациите на Украина и на Русија продолжуваат утре. Се очекува фокусот во Ријад да биде ставен на предлогот на САД за заштита на пловидбата во Црното Море со спроведување на ограничен поморски прекин на огнот. Украинската делегација во Ријад ја предводат министерот за одбрана Умеров и заменик-шефот на претседателскиот кабинет Павло Палис. Во руската делегација, пак, се Григориј Карасин, поранешен дипломат и актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација и Сергеј Бесед, советник на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ). Не е предвидена директна комуникација меѓу делегациите на Украина и на Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна полагањето на државната матура Со пенкало в рака и без мобилни телефони, повеќе од 14.500 матуранти седнаа во училишните клупи и во амфитеатрите на факултетите. За нив, денеска започна полагањето на матурските испити, а први на распоред беа изборните предмети. Годинава, согласно измените на Законот за средно образование, за првпат се спроведуваат три типа испити – државна матура, државна стручна и уметничка матура. Матурантите велат дека испитот поминал во најдобар ред и се задоволни од начинот на полагање. - Супер поминавме многу лесно беше. Беа забранети телефоните не се употребуваше и реално мислам дека нема потреба, нека си учат на време и тоа е тоа. Искрено супер беше, испитот беше многу лесен, одлично беше се организацијата топ. Учениците, веќе трета година матурските испити ги полагаат во училишните холови, а втора година по ред се организираат и во амфитеатрите на факултетите. Ваквиот начин на организација беше воведен со цел да се намалат можностите за препишување, по неколкуте случаи на масовно препишување преку Вибер групи изминатите години. Министерката за образование и наука Весна Јаневска препудпреди дека секој обид за препишување носи сериозни последици и може да го одложи стекнувањето на диплома за цела година, додека директорката на ДИЦ Даниела Јовчевска - Михајловска кажа дека се ангажирани околу 200 набљудувачи и 2.500 тестатори и очекува препишувањето да биде сведено на нула. -Минатогодишното искуство покажа дека полагањето во големи простори како што се амфитеатрите на универзитетите дава подобри резултати, односно се намалија оние несакани дејствија кои одреден број на ученици се обидоа да ги искористат. На сите им посакувам матурата и да ја добијат заслужената оценка,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука. -Ние правиме се за полагањето да биде како што треба, сите ученици да имаат еднакви можности и фер полагање за на крај да го добијат тоа што навистина и го заслуваат. Се надевам дека во просториите нема телефони и рековме тоа е сепак организација на матурската учичишна организација, тестаторите кои што се крајно одговорни, набљудувачите кои што се присутни тука за да го сведеме тоа на нула, не велам на минимум туку на нула, е сега,- Даниела Јовчевска – Михајловска – ДИЦ. Според податоците на ДИЦ, најголем дел од матурантите, над 13.000 за изброен предмет го одбрале англискиот јазик, додека нешто над 1000 се одлучиле да полагаат математика. Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература, матурантите ќе го полагаат за 11, односно на 12 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски до Путин: Русија повторно избира војна наместо мирПропадна обидот Путин и Зеленски да седнат на преговарачка маса, откако рускиот лидер категорично го отфрли повикот на украинскиот колега, а на терен продолжија борбите.Украина со 86 дронови го нападна Санкт Петербург, додека руските сили возвратија со воздушни напади околу Запоржје, каде загинаа две лица. -Не гледам смисла за средба. Имам чувство дека украинската страна сака да го запре напредокот на нашите вооружени сили. Нам ни требаат договори. Во однос на воените дејствија, тие еден ден ќе завршат, безусловно ќе завршат кога ќе ги постигнеме поставените цели, изјави Путин. Зеленски изјави дека со тоа што неговиот рускиот лидер одбил директни преговори, избрал продолжување на војната. -За жал, руската страна уште еднаш избра војна. Сите го слушнаа одговорот денеска. Слаб одговор. Тој едноставно не сака крај на војната. Многумина во светот сега се разочарани од таквиот одговор. Тој не сака ништо да промени и не сака да признае дека оваа војна му се допаѓа само нему и на оние кои заработуваат пари од него, заклучи Зеленски. Неговата изјавата следи откако тој вчера преку отворено писмо го повика Путин на средба лице в лице за ставање крај на војната, но Путин одби, истакнувајќи дека разговорите би немале цел пред да биде финализиран мировниот договор..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизШакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос АнџелесСветската музичка ѕвезда, Шакира и Бурна Бој ќе ја изведат официјалната песна „Dai Dai“ на отворањето на Светското фудбалско првенство 2026 во Мексико Сити, соопшти ФИФА. Настапот ќе се одржи на 11 јуни, пред првиот натпревар на турнирот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка. Церемонијата на свеченото отворање ќе започне 90 минути пред стартот на натпреварот, а покрај Шакира и Бурна Бој, на сцената во Мексико Сити ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џеј Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тјала. „Dai Dai“ е официјална песна на Светското првенство 2026 и е поврзана со FIFA Global Citizen Education Fund, иницијатива што има цел да собере 100 милиони долари за пристап до квалитетно образование и фудбалски можности за деца ширум светот. ФИФА за ова издание на Мундијалот планира три церемонии на отворање — по една во секоја земја домаќин: Мексико, Канада и САД. Во Торонто, на 12 јуни, пред натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, ќе настапат Аланис Морисет и Мајкл Бабл. Во Лос Анџелес, истиот ден, пред дуелот меѓу САД и Парагвај, најавени се Кети Пери, Лиса, Рема, Анита и Фјучер. Шакира има долга историја со Светските првенства: настапуваше и на претходни мундијалски изданија, а нејзината „Waka Waka“ од 2010 година останува една од најпознатите фудбалски химни во светот. Со „Dai Dai“, таа повторно се враќа на најголемата фудбалска сцена, овојпат заедно со нигериската ѕвезда Бурна Бој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter