3Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра
СветЗеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на УкраинаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави Д-Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. „За нас е црвена линија да не признаеме ниту една привремено окупирана територија како украинска, туку да ја признаеме како руска“, додаде Зеленски. Тој изјави дека американските претставници кажуваат работи кои се надвор од нивната надлежност. Неговото мислење веројатно е насочено против Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, кој учествува во разговорите за Украина, забележува ДПА. Виткоф минатата недела разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тој тогаш рече дека евентуалниот мировен договор ќе го реши и прашањето за таканаречените пет територии. По анексија на Крим пред 11 години, Русија, исто така, ги прогласи регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Украина за дел од руската територија во 2022 година. Со исклучок на Крим, Русија не контролира целосно ниту една од овие области. Неодамна Сергеј Наришкин, шеф на руското надворешно разузнавање, изјави дека Киев мора да се откаже од овие територии.Тагови: зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрогаД.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаОпштина Карпош: Вонредни инспекциски надзори и контроли во ЗлокуќаниСекторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани.Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности. Во исто време, општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската ул. Скупи како и во внатрешноста на населбата. Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици. Општина Карпош информира дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно, а заедничките акции на Секторот Инспекторат со полициските службеници ќе бидат засилени и во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во УЗ Злокуќани. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евраПронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило "голф" во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок. Тагови: фалсификување пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter