3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
СветЗеленски: Русија го прекрши енергетското примирје и почна масовен нападТој изјави дека договорот вклучувал седумдневен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, но дека Русија не го почитувала тој договор.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија го прекршила енергетското примирје и го игнорирала барањето на американската страна да се воздржи од напади врз енергетската и критичната инфраструктура посочувајќи дека Русија ги искористила претходните денови во кои не извршила напади врз енергетската инфраструктура за да натрупа сили за синоќешниот напад. „Русите повторно ги игнорираа напорите на американската страна. Имаше барање од американскиот претседател Доналд Трамп да се воздржи од напади врз енергетската и критичната инфраструктура. За време на состанокот на нашите преговарачки тимови, американскиот претседател исто така ја нагласи потребата од прекин на нападите седум дена. Таа одлука беше многу важна. Практично, тоа енергетско примирје почна ноќта помеѓу четврток и петок, а следната ноќ Русите, според нас, го прекршија ветувањето“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“. Тој изјави дека договорот вклучувал седумдневен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, но дека Русија не го почитувала тој договор. „Или Русија сега смета дека неделата нема полни седум дена, туку помалку, или едноставно се потпира на продолжување на војната и ги чека најстудените денови од оваа зима кога температурата во голем дел од територијата на Украина е под минус 20 степени. Денеска имавме рекорден руски напад, тежок удар, особено со употреба на балистички ракети“, истакна Зеленски. Тој додаде дека енергетското примирје не беше никаков подарок за Украина наведувајќи дека нападот е извршен со поголем број ракети и беспилотни летала отколку што било планирано во тоа време. Зеленски рече дека по тој повод ќе стапи во контакт со американската страна и изрази очекување дека меѓународните партнери нема да молчат. „Се надевам на фактот дека партнерите нема да молчат за она што се случува. Од клучно значење е да продолжиме да ги поддржуваме одбраната на нашата земја и заштитата на нашите граѓани“, рече украинскиот претседател. Како што претходно објави „Укринформ“, ноќта помеѓу 2 и 3 февруари руската армија изврши напади со балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала, врз осум области на Украина, а меѓу целите беа и енергетски објекти.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook