Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
СветЗеленски разговарал со преговарачите на Трамп: Се појавија нови идеи за крај на војната Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за тоа како да се стави крај на војната со Русија.„Беше навистина добар разговор, разговаравме за многу детали. Постојат некои нови идеи за тоа како да се приближиме до вистински мир, а тоа се однесува на форматот, состаноците и временската рамка“, објави Зеленски на Телеграм. Преговарачите на Трамп работат на мировен план Трамп се залага за договор за ставање крај на речиси четиригодишната војна, а во последните недели, мировните напори предводени од Виткоф и Кушнер напредуваат бавно. Порано оваа недела, Зеленски презентираше нацрт-план за мир од 20 точки, кој го опиша како главна рамка за завршување на војната. Нацрт-планот е намалена верзија на оригиналниот план од 28 точки што САД претходно го дискутираа со руската страна, кој се смета за во корист на Москва, бидејќи бара од Киев да отстапи територија и да ја ограничи големината на својата војска. Клучните територијални прашања остануваат нерешени во новиот нацрт од 20 точки, рече Зеленски, додавајќи дека ќе биде потребна средба со Трамп за решавање на најчувствителните прашања. Русија ги анализира документите Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денес изјави дека Москва ги анализира документите за крајот на војната што ги донесе во Москва рускиот специјален претставник Кирил Дмитриев од Соединетите Американски Држави. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар. Сепак, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го отфрли како лажен извештајот на Блумберг за руските измени на американскиот мировен план, тврдејќи дека медиумите немаат сигурни извори блиски до Кремљ. Реакцијата дојде откако Володимир Зеленски презентираше план од 20 точки, кој Москва го гледа само како почетна точка за преговори и со кој не е задоволна, особено поради прашањето за Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски рече дека главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, планира да има уште еден разговор со американските преговарачи вечерва. „Навистина работиме 24/7 за да ставиме крај на оваа брутална руска војна против Украина и да обезбедиме сите документи и чекори да бидат реални, ефикасни и сигурни“, рече Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24