СветЗеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војнаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „веќе ја започнал“ Третата светска војна, во интервју за британскиот радиодифузер Би-Би-Си.Зборувајќи во Киев за време на викендот пред четвртата годишнина од конфликтот меѓу Русија и Украина во вторник, Зеленски рече дека неговиот став за конфликтот е различен од оној на американскиот претседател Доналд Трамп. „Имаме различни ставови во врска со Третата светска војна“, рече Зеленски во интервјуто, преведено од украински на англиски јазик од Би-Би-Си и објавено доцна синоќа по лондонско време. „Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територија ќе може да заземе и како да го запреме.“ Зеленски продолжи велејќи дека „Русија сака да му наметне на светот поинаков начин на живот и да ги промени животите што луѓето ги избрале за себе. Затоа, долго време верувам, дека Путин веќе ја започна оваа војна и ние спречуваме таа да стане широка, целосна Трета светска војна“. Украинскиот лидер, исто така, рече дека смета на сигурни безбедносни гаранции од Соединетите Држави за неговата земја кои не зависат само од волјата на американскиот претседател. „Како претседатели, имаме фиксни рокови“, рече Зеленски кога беше прашан дали му верува на Трамп. „Сакаме гаранции за 30 години, на пример. Конгресот е потребен. Претседателите се менуваат, но институциите остануваат“. Зеленски, исто така, нагласи дека, на долг рок, целта е да се вратат сите територии окупирани од Русија од почетокот на војната и да се вратат границите на Украина воспоставени во 1991 година, годината на нејзината независност. Ова беше само прашање на време, но во моментов не беше можно, рече тој. „Да се направи тоа денес би значело губење на огромен број луѓе, милиони луѓе бидејќи руската армија е голема и ние ја разбираме цената на таквите чекори. Нема да имаме доволно луѓе“, рече украинскиот лидер. „Исто така, немаме доволно оружје. Тоа зависи не само од нас, туку и од нашите партнери.“ Зеленски уште еднаш категорично го отфрли отстапувањето на понатамошни територии во регионите Донецк, Херсон и Запорожје, кои Русија не можеше целосно да ги освои. „Не го гледам тоа едноставно како земја. Го гледам како напуштање - ослабување на нашите позиции, напуштање на стотици илјади наши луѓе кои живеат таму. Така го гледам тоа. И сигурен сум дека ова „повлекување“ би го поделило нашето општество.“ Во интервјуто, Зеленски, чиј почетен мандат истече, го остави отворено прашањето дали повторно ќе се кандидира за претседател на какви било нови избори. Во секој случај, би биле потребни сигурни безбедносни гаранции пред такво гласање за да се спречи манипулација на изборите и трајно да се заштити Украина од руските амбиции за анексија, рече тој. Путин, кој нареди целосна инвазија на Украина во 2022 година, од 2024 година постојано изјавува дека Зеленски повеќе не е легитимен поради истекот на неговиот мандат. Сепак, Киев посочува на воената состојба, која забранува избори во воено време, со што го продолжува мандатот на Зеленски. На меѓународно ниво, Зеленски сè уште е признат како украински претседател.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошириСкандалот со митото на возачот на Јанушев во Владата на Мицкоски не може да се заташка и истрагата мора да се прошири.Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Возачот на Јанушев бил фатен со претходно обележани банкноти затоа што наводно барал 1.500 евра за да посредува во вработување пожарникар во Град Скопје. Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ОКГ има. Ова е само еден аспект кој отвора сериозен сомнеж. Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник? Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев. Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари. Премногу скандали врзани со Јанушев, за неговиот имот, за неговата фирма во Бугарија, за неговите соработници.... Обвинителството се врати ли од екскурзија? Истрагата мора да се прошири. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКолку мечки има во Македонија?Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање го започнуваат првото генетско пребројување на кафеавата мечка.Со почетокот на новата учебна година стартуваше и генетскиот мониторинг на кафеавата мечка, којшто во земјава за првпат ќе се спроведува на национално ниво. Активноста ја предводи Македонското еколошко друштво (МЕД) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во рамките на петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“ (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048). Генетското пребројување ќе ја опфати целата динарско-пиндска популација на кафеавата мечка, од Алпите до Егејското Море, која е и најголема во Европа со околу 4000 единки. Во Македонија истражувањето ќе се спроведе во западните делови на државата, од Скопска Црна Гора и Шар Планина на север до Пелистер, Ниџе и Кожуф на југ, а целта е до крајот на 2026 година да се соберат 900 генетски примероци. Досегашните искуства во Словенија и Хрватска покажуваат дека успешноста на генетскиот мониторинг директно зависи од бројот на собрани примероци, поради што исклучително важна улога во процесот имаат шумарите, ренџерите во заштитените подрачја, ловочуварите, ловџиите, собирачите на лековити растенија, шумски плодови и печурки, но и планинарите, велосипедистите и локалните ентузијасти и љубители на природата со кои МЕД спроведува соодветни обуки. „Генетскиот мониторинг претставува неинвазивно собирање генетски примероци од материјал што животните го оставаат во околината. Во случајот со мечката, ќе собираме примероци од измет од кои потоа ќе го читаме генотипот на секоја единка како своевиден генетски ‘отпечаток од прст‘. Така, секогаш кога подоцна ќе најдеме измет од истото животно, ќе знаеме дека му припаѓа нему, па може да го препознаеме дури и откако ќе угине“, објаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во МЕД. Освен за бројноста на кафеавата мечка, која е строго заштитен вид во земјава, генетското пребројување ќе даде податоци и за нејзината распространетост и генетска разновидност, со што ќе се овозможи подобро разбирање на нејзината екологија. Токму затоа, тоа претставува неопходен прв чекор кон градењето сеопфатна стратегија за зачувување на кафеавата мечка низ Динарско-пиндскиот Регион, што е главната цел на проектот кофинансиран преку Програмата LIFE на Европската Унија во кој учествува 21 партнер од дури 9 европски земји. „Како надлежен државен орган за заштита и зачувување на биолошката разновидност, Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено во мисијата да ја заштити и соодветно да управува со популацијата на кафеавата мечка. Долгорочната заштита на видот и неговите живеалишта бара и координација со релевантните институции и засегнати страни, поради што на самиот почеток на септември одржавме состанок со претставници на релевантните национални институции, каде што ги претставивме методологијата, планираните активности и временската рамка, како и начинот на спроведување на генетскиот мониторинг во следниот период. Токму тој ќе ни даде основа за натамошното планирање и спроведување конзерваторски мерки при управувањето со популацијата на овој животински вид“, велат од Министерството. Проектот ќе се фокусира и на креирање на неопходните правни, управувачки механизми и социо-економски услови за да се осигура зачувувањето на кафеавата мечка долж Динаро-пиндскиот планински масив и да се надминат конфликтите меѓу човекот и мечката и загрозените живеалишта, што е клучната закана за одржливоста на оваа популација во земјава. Тагови: мечки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголеменНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter