3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
БалканЗеленски пристигна во Тирана за самитот Украина-Југоисточна ЕвропаПретседателот на Украина Володимир Зеленски доцна синоќа, нешто по 23 часот пристигна на меѓународниот аеродром во Тирана, што е негова прва посета на Албанија.Беше пречекан од министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, по што под силно полициско обезбедување, тој и делегацијата беа сместени во хотел во непосредна близина на конгресната палата, каде ќе се одржи самитот Украина-Југоисточна Европа. - Голема чест да му посакам добредојде на претседателот Зеленски во Тирана. Клучен момент за унапредување на билатералните врски и солидарност со Украина во нејзината херојска борба против руската агресија, напиша Хасани на Платформата „Х“. Според, синоќа објавената агенда Зеленски денеска во 9 часот во Владата ќе биде примен од премиерот Еди Рама. По средбата Рама-Заленски, во 9:30 часот планирана е билатерална средба меѓу двете делегации на која ќе биде потпишан договор, но не се прецизира за што станува збор. Во 11 часот, Рама, во конгресната палата, ќе ги дочека учесниците на самитот каде потоа ќе се одржи настанот на кој на почеток ќе се обратат Рама и Зеленски а во 13:30 ќе одржат заедничка прес-конференција. На самит на кој е најавено учество на 13 европски лидери, вклучително и шестмината од Западен Балкан, како и претставник на ЕУ, турскиот претседател Реџепи Таип Ердоган ќе се обрати преку видео врска. Според медиумите, иако поканети, нема да присуствуваат грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и косовскиот Албин Курти. Грција ќе биде претставена на дипломатско ниво, а Косово од претседателката Вјоса Османи. Вториот ден од самитот, 29 февруари ќе биде посветен на планот за економски раст на регионот, забрзување на реформите и вложување инвестиции кои можат да го унапредат процесот на проширување на Европската унија со овие земји. На оваа средба ќе присуствува и комесарот за добрососедство и проширување на ЕК, Оливер Вархеји. Безбедносните мерки во Тирана од вчера се подигнати на највисоко ниво. Ангажирани се над 1600 полициски службеници од сите сектори, потоа единицата за брзо распоредување, специјалната единица „РЕНЕА“, националната гарда, тајната служба, ШИШ и други структури. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаНа 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија. Тагови: артилериска стрелба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот МуцунскиСДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“. Денес излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови. Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката. Затоа уште еднаш, сосема едноставно: СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“. Не наслов. Не интерпретација. Изјавата. Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплатаСтанува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи.Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа терапија ја користат долгорочно и за кои континуираната и финансиски достапна терапија е од исклучителна важност. Во рамки на активностите за проширување на изборот на лекови без доплата, Фондот претходно вклучи дополнителни лекови со генеричкото име mycophenolic acid во Шифрарникот на лекови. На тој начин, покрај поголемиот избор за осигурениците, беше создадена и реална конкуренција на пазарот, што придонесе за намалување на цената на Myfortic. Како резултат на ваквиот пристап, цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката. Истовремено, благодарение на претходно постигнатото намалување на цените, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари. Со тоа Фондот ја постигнува една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција и пониски цени, без финансискиот товар да се префрли врз пациентите, а со истовремено порационално користење на средствата од здравствениот буџет. Со тоа Фондот ја постигна една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција, намалување на цените и порационално користење на средствата од здравствениот буџет. Во меѓувреме, Фондот доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини. Со нивната недостапност на пазарот, пациентите повторно би биле изложени на доплата за достапната терапија со Myfortic. Имајќи предвид дека станува збор за специфична категорија пациенти на кои им е неопходен континуитет во терапијата, Фондот пристапи кон изнаоѓање решение со кое дополнителниот финансиски товар нема да падне на осигурениците. По иницијатива на Директорот на Фондот, м-р Златко Перински, кој веднаш по преземањето на функцијата на ова прашање му даде приоритет. Во координација со Министерството за здравство, стручните служби на Фондот ги направија потребните финансиски анализи и подготвија решение со кое Myfortic во двете јачини повторно ќе биде достапен без доплата за осигурениците. Предлогот предвидува усогласување на референтните цени на Myfortic од 180 mg и 360 mg на ниво што ќе овозможи осигурениците да не доплаќаат за лекот. Истовремено, и со ваквото усогласување, трошокот на Фондот за оваа терапија ќе остане понизок во однос на периодот пред постигнатото намалување на цената на Myfortic. Материјалот ќе биде доставен на разгледување до Управниот одбор на Фондот на првата наредна седница. по што шифрарникот на лекови ќе се објави на веб-страната на Фондот. Со ова осигурениците ќе можат да го подигнуваат Myfortic од 180 mg и 360 mg без доплата. Со предложеното решение, Фондот истовремено ги штити пациентите од дополнителен финансиски товар и обезбедува поодговорно користење на средствата од здравствениот буџет. Пациентите ја добиваат потребната терапија без доплата, а Фондот за истиот лек издвојува помалку средства во однос на периодот пред намалувањето на неговата цена. Фондот ќе продолжи активно да ги следи состојбите на пазарот на лекови и да презема мерки со кои конкуренцијата и рационалното управување со средствата ќе се преточуваат во конкретна придобивка за осигурениците – поголема достапност до потребната терапија и помал финансиски товар за пациентите.Тагови: Myfortic Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook