Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина - Канал 5

Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика меѓународните лидери да извршат притисок врз Москва пред патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Кина за состанок на Шангајската организација за соработка (ШОС), јави ДПА.

Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина

Зеленски синоќа изјави дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, кој треба да се сретне со Путин на самитот во кинескиот град Тјенџин.

Зеленски рече дека очекува Моди да работи во прилог на прекин на огнот во конфликтот меѓу Украина и Русија, што трае повеќе од три и пол години, пренесе ДПА.

Украинскиот лидер повторно рече дека прекинот на огнот е предуслов за почеток на мировните преговори.

Русија, од друга страна, вели дека сака да преговара за траен мир без претходно да го прекине конфликтот.

Зеленски во својата синочешна редовна вечерна видео порака уште еднаш ја изрази својата подготвеност да се сретне со Путин, и покрај обесхрабрувачките сигнали од Москва.

Неговиот преговарач Рустем Умеров одржа разговори во Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Сите тие се подготвени да организираат билатерален состанок, како и Швајцарија, рече Зеленски.

Тој, исто така, најави понатамошни состаноци во Европа следната недела за да се обезбеди „силен одговор“ на Москва, додека ЕУ подготвува 19-та рунда санкции против Русија, пренесе германската агенција.

Путин од денеска присуствува на самитот на ШОС а во среда ќе биде главен гостин на воената парада во Пекинг, потсети ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Започна елитната свадбена церемонија на сексапилната Дуа Липа

Пејачката Дуа Липа, која наполни 30 години, и нејзиниот сопруг Калум Тарнер (36), ја започнаа својата свадбена прослава вредна 1,5 милиони фунти со раскошна забава за добредојде за мноштво познати гости на Сицилија. 

Видео-Фото: Започна елитната свадбена церемонија на сексапилната Дуа Липа

Прво, тие организираа интимна граѓанска венчавка во Лондон, која исто така привлече големо внимание.

Двојката организираше прослава во Палацо Валгуарнера Ганга, пишува Дејли Меил, а се шпекулираше дека Дуа ќе оди по олтарот во венчаница од „Ателје Версаче“ изработена по нарачка, благодарение на нејзиното долгогодишно пријателство со Донатело. Извор близок до свадбата изјави за Дејли Меил:

„Ова ќе биде најкул свадбата, а воедно и исклучително гламурозна. Дуа и Калум се многу возбудени и беа вклучени во секој детаљ од организацијата. Тие сакаат сè да биде спектакуларно.“

Донатела изгледаше зачудувачки во златен фустан со реси додека славеше со Дуото на забава во Италија.

За време на прославата, Калум не можеше да го тргне погледот од својата прекрасна сопруга. За нејзиното спектакуларно пристигнување со сопругот, Дуа избра бел фустан од модната куќа „Ботега Венета“, достоен за невеста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Навивач влезе на теренот во НБА финалето за да направи селфи?!

Навивач истрча на теренот во финалето на НБА меѓу Сан Антонио и Њујорк за да направи селфи. Поради изнцидентот тој веќе никогаш повеќе нема да оди на натпревар од НБА

Навивач влезе на теренот во НБА финалето за да направи селфи?!

Навивач кој истрча на теренот за време на првиот натпревар од финалето на НБА во среда вечерта за да направи селфи со ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, е уапсен и доживотно суспендиран од сите НБА арени.

Портпарол на лигата потврди во четврток дека истата казна му е изречена и на друго лице за неговата улога во инцидентот.

Натпреварот во Фрост Бенк Центарот во Сан Антонио беше прекинат поради влегување на теренот, 6 минути и 28 секунди пред крајот на четвртата четвртина, при што Њујорк Никс водеше со 92:86.

Навивач со мобилен телефон во рака се стрча кон Вембањама и центарот на Никс, Мичел Робинсон, но обезбедувањето брзо го совлада и го изнесе надвор од теренот. На крајот, Никс победија со резултат од 105:95.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред натпреварот со Панама, кафе за 8.000 луѓе од џиновски ѓезве од Босна и Херцеговина

Фудбалската селекција на Босна и Херцеговина ќе игра пријателски натпревар против Панама викендов во Сент Луис, градот во кој живее најголемата босанска заедница надвор од БиХ. 

Пред натпреварот со Панама, кафе за 8.000 луѓе од џиновски ѓезве од Босна и Херцеговина

Сепак, нема само фудбалот да го привлече вниманието на многумина. Имено, пред натпреварот, во центарот на Сент Луис ќе биде претставен најголемиот апарат за кафе(најголемото ѓезве) во светот, од кој организаторите ќе послужат бесплатно кафе на дури 8.000 луѓе.

Настанот ќе се одржи пред стадионот „Енерџизер Парк“, каде што босанската репрезентација ќе го игра својот последен тест натпревар пред почетокот на Светското првенство. Организаторите најавуваат целодневна забава со музика, традиционална храна и неизбежното локално кафе.

Според американската телевизиска станица „Фрст алерт 4“, ѓезвата била испратена директно од Босна и Херцеговина за да ја придружува репрезентацијата на нејзината турнеја низ Соединетите Американски Држави.

„Ќе има музика, храна, пијалоци и многу забава. Интересен факт е дека ќе има најголема босанска цезва во светот“, рече Емир Налиќ, сопственик на познатиот ресторан „Балкан трет бокс“ и еден од организаторите на настанот.

Не е случајно што ваков настан се организира во Сент Луис. Овој град во американската држава Мисури со години се смета за центар на босанската дијаспора во САД. Се проценува дека помеѓу 60.000 и 70.000 луѓе од Босна и Херцеговина живеат во областа на Сент Луис, поради што многумина го нарекуваат „најголемиот босански град надвор од Босна и Херцеговина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер