Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“ - Канал 5

Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.

Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“

Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната.

На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“.

Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев.

Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Авион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. 

Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти.

Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“.

Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи.

Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин.

Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“.

Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво.

„По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението.

Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

Општина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите.

Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост.

„Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски.

Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Со засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок.

Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт.

➡️ Новиот мост ќе располага со:

✔️ Две коловозни ленти

✔️ Тротоари од двете страни

✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер