Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
СветЗеленски: Од украинска страна се ќе биде максимално подготвено за да се стави крај на војнатаСпоред него, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини за да се принуди Русија да ја заврши војната.Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на неговата земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, и дека од украинската страна „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“. -Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што може да биде платформа за разговор со Русите, рече Зеленски во неговото редовно вечерно видео обраќање до Украинците, пренесе Укринформ. Тој рече дека е важно и земјите-партнери на Украина да го потврдат ова. -И во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери, првенствено на Соединетите Американски Држави, да извршат притисок врз Русија, нагласи Зеленски. Според него, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини за да се принуди Русија да ја заврши војната. -Тукушто одржав состанок со дипломатскиот тим - Министерството за надворешни работи, Канцеларијата, сите. Подготвуваме нови контакти со лидерите на земјите-партнери. Очекуваме дека ќе бидат многу активни во наредните недели, додаде Зеленски. Every day we are in contact with our partners – negotiations, meetings. It is important that everything be as practical as possible – what forces on the ground, in the air, at sea – everything must be clearly defined. And the foundation of security is our strong army, Ukraine’s… pic.twitter.com/ORjKqiUeZ1 — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 26, 2025 Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо. Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти. Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно. Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот. А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа. Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти. Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти. Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор. Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места. И има уште еден многу важен податок. Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%. Почитувани граѓани, Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните. Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува. Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување. Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи. И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветПретставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина? Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили. Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација. Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“. Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“. Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.Тагови: танкер Харг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter