Зеленски од Преспа форумот: Сега е историски момент за Европа и европската безбедност

Полноправното членство на Украина како и целосната европска интеграција на вашите држави е историско зајакнување на Европа .

Полноправното членство на Украина како и целосната европска интеграција на вашите држави е историско зајакнување на Европа и целосно демонтирање на руската способност да не победи поединечно. Потребен ни е позитивен одговор на нашата и на вашата европска перспектива и благодарен сум што работиме на таа цел заедно, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето на сесијата на високо ниво „Што после војната во Украина?", во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува денеска и утре во Охрид.

– Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат – што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега? Дали ќе биде безбедна како што се навикнати повеќето Европејци? Дали ќе биде социјално и економски развиена, и што ќе ги инспирира општествата надвор од нејзиниот континент?, праша Зеленски кој беше специјален гостин на Преспа форумот.

Тој нагласи дека за Украина ова е најстрашниот воен предизвик и оти украинскиот народ се брани веќе 113-ти ден од, како што рече, руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура.

– Русија сите нас не предизвика – секоја нација на континентот, секој регион во Европа. Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа, нагласи Зеленски.

Сите ние во демократскиот свет, продолжи украинскиот претседател, се соочивме со енергетска криза без преседан.

– Многу години Русија креира впечаток дека е наводно сигурен извор на енергетски ресурси, но во реалноста направи различни европски земји да зависат од неа. Уште полошо сценарио е со пазарот на храна, при што не само што се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, туку се создава и нова мигрантска криза. Ќе споменам уште еден елемент од руската антиевропска политика – а тоа е дека Русија е можеби најголемиот инвеститор во пропаганда, оцени Зеленски.

Тој оцени дека токму затоа, сериозна дискусија за безбедносна архитектура во Европа мора да биде базирана на потребата да се ослободи Европа од зависноста што руската држава ја прави со децении.

– Безбедноста е невозможна без тоа и затоа се потребни санкции за антиевропската политика на Русија. Ова треба да се земе предвид при подготвувањето на седмиот пакет санкции на ЕУ. Треба да разбереме дека санкциите станаа дел од европската безбедносна архитектура. Тие имаат за цел мир и стабилност ограничувајќи ја способноста на Русија да ја прошири агресијата, оцени Зеленски.

Тој притоа истакна дека на Европа и е потребна целосна енергетска независност.

– Не може да се одржуваат трговски врски со Русија. И најважно од се е ние мора да ја направиме Европа конечно обединета. Поради тоа Украина и вашите земји од Западен Балкан се подеднакво заинтересирани за тоа. Самитот на ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи наскоро. Посакувам тој да биде успешен за вашите држави. Ви благодарам за вашата поддршка за Украина што ни ја давате на повеќе нивоа, при што овој јуни ќе биде успешен за нашата земја во релациите со ЕУ. Одговарајќи за нашата европска перспектива, и одговарајќи за вашата европска перспектива, народите во Европа и европските политичари одговараат за иднината на Европа, заклучи во своето обраќање украинскиот претседател Зеленски кој се обрати како специјален гостин на Преспа форум дијалогот што се одржува во Охрид.

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер