Зеленски од ОН: Русите грабнаа илјадници наши деца, ги учат да ја мразат Украина - Канал 5

Зеленски од ОН: Русите грабнаа илјадници наши деца, ги учат да ја мразат Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија пред светските лидери на Генералното собрание на ОН дека извршила геноцид со киднапирање на украински деца и рече дека Киев работи на подготовка на глобален мировен самит.

Зеленски од ОН: Русите грабнаа илјадници наши деца, ги учат да ја мразат Украина

Во своето прво обраќање во живо пред Генералното собрание на ОН по руската агресија врз неговата земја во 2022 година, тој рече дека Украина знае дека Русија киднапирала десетици илјади деца.

„Се обидуваме да ги донесеме децата дома, а времето истекува, што ќе биде со нив? се запраша. Украинскиот претседател рече дека овие деца во Русија се учат да ја мразат својата земја, а сите врски со нивните семејства се прекинати. Тој посочи дека тоа е „јасен геноцид“. Зеленски сака да ги покани сите светски лидери кои се противат на руската агресија врз Украина на мировниот самит што се подготвува.

„Во Хирошима, Копенхаген и Џеда веќе се одржаа дискусии и важни размени на мислења за спроведувањето на мировниот план. А ние подготвуваме светски самит за мир. Заедно да го подготвиме тој самит“, рече тој.

Тој, исто така, истакна дека Русија се обидува да манипулира со глобалниот недостиг на храна за да добие меѓународно признавање на украинската територија.

Зеленски рече дека „окупаторот мора да се врати во својата земја“ и додаде дека „Украина прави сѐ за по руската агресија никој во светот да не се осмели да нападне ниту една земја“. Говорот го заврши со зборовите „Слава на Украина“, а на крајот доби аплауз од 30 секунди.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер