ЕвропаЗеленски објави снимка од нападот со ракетите „Фламингоси“ (ВИДЕО)Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина лансирала крстосувачки ракети Фламинго со долг дострел кон воено-индустриски цели длабоко во Русија.Нападот погодил објект во Чебоксари, на повеќе од 1.500 километри од украинската граница. Зеленски, исто така, објави видео од нападот, опишувајќи го како операција „Длабок удар“ од страна на украинските вооружени сили. Цел на нападот: Фабрика клучна за руската војска Објектот погоден во Чебоксари, главниот град на руската република Чувашија, официјално е познат како АД ВНИИР-Прогрес. Според Зеленски, произведува системи за релејна заштита, опрема за автоматизација и навигациски компоненти што ги користат руската морнарица, авијацијата, ракетната индустрија и оклопните возила. Our long-range sanctions continue to provide an entirely just response to Russian strikes. Last night, combat launches of F-5 Flamingo cruise missiles were carried out as part of the Armed Forces’ Deep Strike operation against several enemy targets, including military-industrial… pic.twitter.com/ndxnuIenyO — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 5, 2026 Според „Дифенс експрес“, фабриката била зајакната со метални заштитни конструкции против напади со беспилотни летала, но овие мерки очигледно не го спречиле нападот. Објектот се смета за воена цел со висока вредност поради производството на електронски компоненти за руски системи за оружје, вклучително и опрема за сателитска навигација. Обемот на штетата сè уште не е независно потврден. Украинскиот претседател ги опиша нападите како одговор на тековните руски напади. „Ова се системите што Русија ги користи во својата војна против Украина“, рече Зеленски. Тој додаде дека можностите за долг дострел на Украина ќе продолжат да се користат против воени цели и во исто време ја повика Русија да ја заврши војната и да се вклучи во „вистинска дипломатија“. Chuvash Republic under missile strike, likely by Flamingo missiles 🦩 pic.twitter.com/b0ue727lRY — MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) May 4, 2026 Ракета што може да достигне 3000 километри Дури и пред официјалната потврда од Зеленски, се шпекулираше дека во нападот биле користени ракети ФП-5 Фламинго. Оваа ракета, развиена од компанијата Фајр Поинт, првпат јавно ја претстави Украина во 2025 година. Дизајнирана е за таргетирање цели со висока вредност, како што се воено-индустриските објекти и енергетската инфраструктура. Нејзиниот наведен дострел е до 3000 километри, а носи боева глава со тежина од 1100 до 1150 килограми, со брзина до 900 км/ч. Пред овој напад, една од последните регистрирани употреби на ракетата Фламинго беше на 28 март, кога беше насочена кон руска фабрика за експлозиви во регионот Самара.Тагови: Володимир Зеленски ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народотВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати. На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните. Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со МакедонијаМицкоски нема ама баш ништо свое. Сè копира од Вучиќ. Не може да направи ниту една работа без да позајми нешто од кампањата на Вучиќ, неговиот шеф на балканската ОКГ.Сега ги промовира мерките на Вучиќ за младите. Вели дека брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? Мицкоски рече дека ќе ги замени младите со „економски работници“. Изјави дека треба да увезе уште 100.000. Зошто сега овие мерки? Дали Мицкоски се подготвува за избори? Чуму овие теми од кампањата на Вучиќ? Чукаат ли на неговата врата истраги од Унгарија и Србија? Кредити, банка, дрога… Кампањата „Очи в очи“ со граѓаните е уште една работа преземена од Вучиќ. Така работеше и тој пред избори. Во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија. Медиумите на Вучиќ сè уште работат. Во Србија РЕМ му ја укина емисијата „Колегиум“ на „Информер“, а во Македонија АВМУ молчи. Во Србија Алта банка е во стечај, а во Македонија Мицкоски ја спасува насила и ги крие сметките и трансакциите. Во Србија се планира расформирање на БИА, а во Македонија БИА сè уште е во Владата. Стоиљковиќ и неговата екипа владеат. Во Србија ги нема навивачите и хулиганите, а Македонија ја претставува еден од нив – Душан Адамовиќ, почесен конзул и бизнис-партнер за струја и броила. Во Србија се апсат криминалци, а во Македонија Мицкоски го извади Симо од затвор за да купува гласови во Брвеница. Пари нема. Тоа е она што сигурно го знаеме. Нови задолжувања за нови криминални тендери. Кога и тоа ќе пресуши, еве ни избори. Мафијата ќе бара уште четири години за да краде. Тогаш граѓаните ќе знаат дека секој што ќе остане дома, им го дал својот глас. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter