Зеленски: На Украина ѝ се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска од Харков изјави дека се потребни неколку дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ за заштита на овој град од руските напади.

-Ситуацијата е многу сериозна. Не можеме да си дозволиме да го загубиме Харков... Се што ни треба се два системи Патриот. Русија нема да може да го окупира Харков ако ги имаме, рече Зеленски во интервју за ТВ каналот Еј-Би-Си Њуз, за време на посета на една од болниците во Харков.

Според него, во текот на изминатите неколку дена, стотици луѓе се убиени или повредени во офанзивата на руските сили во областа Харков.

-Многу од нив беа војници од регионот и затоа беше важно претседателот да биде таму и да ги поддржи, додаде Зеленски.

На прашање на новинарите дали САД се виновни за тоа што се случува во Харков, Зеленски одговори: „Целиот свет е виновен. Тие му дадоа на Путин можност да ја окупира украинската територија. Но, сега светот може да помогне “, истакна украинскиот лидер.

На забелешката на новинарот на Еј-Би-Си Њуз дека многу Американци се загрижени за тоа колку пари се трошат за Украина, Зеленски кажа дека овие пари не се трошат во Украина, туку во американски фабрики и дека Украина не се бори само за својата слобода.

-Овие пари не се префрлаат во Украина. Тоа се пари потрошени во американски фабрики за создавање американски работни места... И ние не се бориме само за нашата слобода. Да не беше Украина, тоа ќе беше друга земја, изјави претседателот.

Зеленски денеска во Харков одржа состанок на штабот на врховниот командант и ги посети ранетите бранители во болницата.

Астронаут на НАСА ги зачуди сите со видеото од вселената (ВИДЕО)

Американскиот астронаут Доналд Дон Петит, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на јавноста ѝ е добро познат по своите спектакуларни фотографии од вселената.

Додека на својот Инстаграм профил често ги споделува најневеројатните фотографии од Земјата или вселената, краткото видео кое неодамна го објави на својата страница на Инстаграм шокира многумина.

Не, како што може да се помисли, поради некоја случајно снимена тајна како вонземјани или некои мрачни експерименти, туку краток приказ на секојдневниот живот на орбитална станица за која малку луѓе размислуваат.

Дон Петит снимил кесичка со ф'стаци магнетно прикачени на маса со ножици, мед, сосови и многу други ситници, потоа нежно ја удирал кесичката и два ф'стаци излетале од кесата, како во забавена снимка, а тој брзо ги фатил и ги изел.

- Орбитален држач за ф'стаци – напиша Дон Петит со видеото од неколку секунди.

Сепак, она што е шокантно на снимката не е она што се гледа, туку она што се слуша – речиси неподносливата бучава на машините на Меѓународната вселенска станица.

Бидејќи работата на машините, различните пумпи и вентилатори на ISS е неопходна за одржување на животот – контролирање на топлина, влажност, кислород, јаглерод диоксид… – бучавата во позадината е доста гласна. И постојано се слуша. Некои други машини, кои се користат за експерименти, може да бидат уште побучни. Според некои проценки, астронаутите треба со месеци да живеат со просечно ниво на бучава од 72 децибели.

- Високото ниво на бучава може да биде проблем за астронаутите. Тоа може да влијае на нивното ментално и физичко здравје. Тоа може да предизвика стрес, да го зголеми отчукувањата на срцето, па дури и да го зголеми крвниот притисок, пишува порталот Let's Talk Science.

Дон Петит е роден на 20 април 1955 година и моментално има 69 години. Тој има докторат по хемиски инженеринг, а неговиот изум на чашата со нулта гравитација беше првиот патент зачнат во вселената. Тој стана астронаут на НАСА во 1996 година и моментално е на својата четврта мисија во вселената, што воедно е негов трет престој на ISS.

Во вселената моментално има 10 луѓе. Заедно со Дон Петит, ISS ги вклучува и неговите сонародници Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои пристигнаа во јуни 2024 година на 8 дена, а потоа беа блокирани поради дефект на Боинг Старлајнер, како и Ник Хејг. Со нив се и руските космонаути Алексеј Овичин, Иван Вагнер и Александар Горбунов.

Кинеската вселенска станица Тиангонг (Небеска палата) моментално е дом на таиконаутите Каи Шуже, Сонг Лингдонг и таиконаутот Ванг Хаозе.

Министерот Тимчо Муцунски во прва работна посета на Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.

„Од денеска сум во работна посета на Австралија – одлична можност за економска промоција на државата и зајакнување на билатералните односи со земјата во која живее значајна македонска дијаспора.

Во рамки на посетата, ќе остварам средба со министерката за надворешни работи, Пени Вонг, ќе имам состаноци со претставници од бизнис-заедницата, политичкото раководство на Австралија и, секако, средби со нашите иселеници, кои се клучен мост во билатералните односи.“ , објави Муцунски на социјалните мрежи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.

„Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија’, стои во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму додаваат дека во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија. Министерот ќе даде и интервју за државното CБС радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји.

Тага во БиХ: Босанка е убиена во масакрот во Шведска, повреден е и нејзин сонародник

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина е информирано од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Стокхолм дека една државјанка на БиХ е убиена, а еден државјанин на БиХ е ранет во масовно пукање што се случи завчера во Оребро.

Ова се неофицијални информации кои Амбасадата ги добила од членови на семејствата на загинатата државјанка на БиХ, додека полицијата на Кралството Шведска се уште не ги објавила имињата на жртвите од нападот во Оребро.

Како што е наведено, Амбасадата на Босна и Херцеговина во Стокхолм е во постојан контакт со надлежните органи и локалните власти во Шведска со цел навремено да ја информира јавноста во Босна и Херцеговина за состојбата во Оребро, со оглед на големата босанска заедница во овој град.

За потсетување, шведската полиција соопшти дека најмалку 11 лица биле убиени при пукање во училиште за возрасни на 4 февруари. Денеска изјавија дека се работи главно за странски државјани.

Претходно беше соопштено дека меѓу загинатите е и напаѓачот. Иако властите не го соопштија неговиот идентитет, шведските медиуми јавуваат дека тој е Рикард Андерсон.

Полицијата се уште ги истражува мотивите за овој ужасен напад, додека сведоците и семејството го опишуваат Андерсон како повлечена и социјално изолирана личност која со текот на годините целосно го прекинала контактот со околината.

притисни ентер