ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата
2ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветЗеленски: Може ли да го замислите Путин без војна? Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговата земја прави сè што е во нејзина моќ за да ја запре војната.Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговата земја прави сè што е во нејзина моќ за да ја запре војната, и покрај тоа што инсистираше дека Владимир Путин нема интерес да го стори тоа. Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски го опиша рускиот претседател како личност одвоена од секојдневниот живот. „Тој не живее како обични луѓе. Не оди по улиците, нема да го видите во кафуле. Неговите внуци не одат во обични градинки - обичните работи не го интересираат“, рече Зеленски и го постави прашањето: „Можете ли да го замислите Путин без војна? Бидете искрени“. Порака до НАТО Во својот говор, Зеленски нагласи дека на Европа ѝ е потребна Украина, додавајќи дека украинската армија е „најсилната“ во Европа и дека „не е мудро да се држи надвор од НАТО“. „Но, барем нека биде ваша одлука, а не на Путин“, рече тој. Тој исто така нагласи дека Украина, и покрај загриженоста за иднината на алијансата, го поддржува НАТО и сака тој да стане посилен. Безбедносни гаранции и апел до САД Украинскиот претседател рече дека на Украина и Европа им се потребни „силни безбедносни гаранции“ и дека „силни договори се подготвени“ да бидат потпишани со САД и Европа. „Сметаме дека договор за безбедносни гаранции треба да дојде пред каков било договор за завршување на војната“, рече тој. „Овие гаранции одговараат на главното прашање - дека нема да има повеќе војна. Се надеваме дека претседателот Трамп ќе нè слушне. Се надеваме дека Конгресот ќе нè слушне“, рече Зеленски, додавајќи дека е благодарен за „целата вистинска помош“ што ѝ е дадена на Украина. Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаЈаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаатМинистерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат... Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното. „Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“ Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година. „Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“ Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата Поскапувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте. И тоа не зависи ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДС.Според споредбените пресметки, граѓаните во Софија плаќаат за 18 проценти поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44 проценти, во Белград за 81 процент, а во Љубљана за дури 86 проценти. Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари. Разбираме дека секое зголемување на цените претставува дополнителен трошок за граѓаните, но фактите и регионалните споредби покажуваат дека цената на централното греење во Скопје и натаму е значително пониска од цените во повеќе главни градови во регионот. СДС и понатаму тоне во сопствениот талог, криминален ум и безидејност, без никаква корист за граѓаните, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаСДСМ: Евростат го потврди Мицкоски-трети во Европа по невработеност на младите!Евростат објави: Македонија е трета во Европа по младинска невработеност. Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026. Речиси секој трет млад човек е без работа. Полоши се само Босна и Херцеговина и Романија. Просекот во ЕУ е 15,6%. Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски. Еве ги рекордните плати и пензии. Еве го најдобриот туризам и авиосообраќај. Еве го цртањето на табла на Мицкоски. Бројките се немилосрдни - за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот. Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А Евростат вели дека речиси секој трет млад човек е без работа. Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа? Наместо работа за младуте - бајки. Наместо ЕУ - изолација. Наместо повисоки плати - увоз на „економски работници“. Мицкоски ги задолжи граѓаните и идните генерации со 4 милијарди евра за само две години. Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години. Пари за криминални тендери има. За младите - нема. Кога ќе снема пари за пљачка, ќе бараат избори. Граѓаните веќе знаат која е вистината. Држава, не банда, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook