Зеленски: Луѓето се важни, но тоа не значи дека Украина може да се откаже од својата територија - Канал 5

Зеленски: Луѓето се важни, но тоа не значи дека Украина може да се откаже од својата територија

Невозможно е да се спореди загубата на луѓе со загубата на територија. Луѓето се важни. 

Зеленски: Луѓето се важни, но тоа не значи дека Украина може да се откаже од својата територија

Но, тоа не значи дека Украина е подготвена да се откаже од 30 отсто од својата територија, истакна претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за британската телевизија Би-Би-Си, пренесоа украинските медиуми.

-Некои прашуваат: што ви е поважно - територијата или народот? Како може да се споредат такви работи? Луѓето се на прво место. Луѓето се важни. Но, тоа не значи дека можеме да им дадеме 30 отсто од нашата земја, рече Зеленски во интервјуто што го даде за време на неговата посета на ОК претходно оваа недела.

Згора на тоа, според неговото мислење, никој не може да биде сигурен дека Русите нема да одат понатаму и дека замрзнувањето на конфликтот гарантира мир.

Зеленски, исто така, нагласи дека на Путин не може да му се верува, „затоа опциите за веројатен крај на војната мора темелно да се дискутираат и оценат“.

Како што е соопштено, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, смета дека со единство и следење на форматот на мировниот форум, можно е да се обиде да стави крај на жешката фаза на руско-украинската војна до крајот на оваа година. /МИА

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер