Зеленски контра Трамп: Крим не е руски и нема да остане - Канал 5

Зеленски контра Трамп: Крим не е руски и нема да остане

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес јасно ја отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане во Русија“, велејќи дека полуостровот ѝ припаѓа на Украина.

Зеленски контра Трамп: Крим не е руски и нема да остане

„Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев, додавајќи: „Уставот на Украина вели дека сите привремено окупирани територии... ѝ припаѓаат на Украина, на украинскиот народ“.

Трамп тврди дека Крим ќе остане руски

Изјавата на Зеленски следеше по изјавата на Трамп во интервју за списанието „Тајм“, објавена денес: „Крим ќе остане во Русија“.

Трамп додаде дека „Зеленски го разбира тоа“ и дека „сите разбираат дека [Крим] е со нив долго време“, осврнувајќи се на Русија. Крим е стратешки важен полуостров во јужна Украина што Русија нелегално го анектираше во 2014 година. Зеленски постојано ја отфрла идејата за признавање на регионот како руски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот

 Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.

Ќе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот

Се уште нема одговор од бугарска страна по упатеното барање од македонското МНР за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија на 8-ми октомври. На неколку дена пред состанокот, бугарската претседателка Илијана Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.

„Засега ќе бидам умерен оптимист, затоа што е за прв пат од високо ниво во ЕУ се советува владата на Република Македонија, се сеќавате имаше неколку посети на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој упати иста порака но резултати немаше. Се уште немам детали од раговорот во четири очи со Фон Дер Лајен. Но се надевам дека имала цврст став, знаете дека за две недели ќе се разгледува извештајот за напредкот на Македонија во Европската комисија. Се надевам дека имаат чисти мисли и искрена желба. Ќе разговарам со министерката за надворешни Велислава Петрова и сакам да се започнаам со текстот на упатената нота и како точно е формулирана“ - Илијана Јотова, в.д Претседателка на Бугарија

Поранешниот амабасадот во Бугарија Марјан Ѓорчев смета дека Европската Комисија јасно укажала дека очекува искрен и контруктивен дијалог и смета дека Софија ќе прифати, но неговите проценки се дека нема да има конкретен исход за надминување на блокадата уште не првата средба. Но според него тоа ќе биде прв чекор кон враќање на довербата меѓу двете страни.

„ЕК ќе инсистира на еден искрен разговор помеѓу минситрите за надворешни работи и во таа насока сигурно дека нивните преставници разговарале со бугарските политички чинители и од тука мислам дека ќе прозилезе конструктивен и плодотворен дијалог меѓу министрите. Размисмилсувам позтивно и мислам дека и бугарската страна разбира дека не ќе може со таа флоскула потпишавте - исполнувајте да продолжи и понатаму затоа што ЕК инсистира и двете страни да вложат напори за подобрување на односите. Доколку продолжи инсиситрањето на Комисијата и Бугаријха да даде свој прилог во напредување на односите меѓу двете држави, тогаш сигурно ќе има и понатамошни чекори во таа насока. Ова е би рекол првично кршење на мразот и мислам дека е добро да се постигне еден коректен дијалог со враќање на доцербата во разговорите“-Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија

Дека посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава и предлогот кој прозилезе од неа за билатерална средба може да бидат клучни за процесите кои престојат за надминување на блокадата, вчера посочи и премеирот Христијан Мицкоски.

„ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Очекувањата на премеиеот Мицкоски се дека официјална Софија нема да си дозволи да не прифати билатерална средба иницирана од ЕУ, а средбата со фон дер лајен ја оцени како како корисна и пријателска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. 

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано.

-Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ.

Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев.

Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.

-Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица

Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

На целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. 

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива.

Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи.

Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер