НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
2Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
СветЗеленски ја става Одеса под воена управа по конфликтот со градоначалникотУкраинскиот претседател Володимир Зеленски ја стави црноморската метропола Одеса под воена управа, поради конфликт со градоначалникот на градот.Со указ издаден денеска, Зеленски воспостави нова воена администрација и го назначи генералот на разузнавањето Серхиј Лисак за нејзин раководител. Лисак истовремено беше разрешен од функцијата воен гувернер на Дњепропетровската област, функција што ја извршуваше повеќе од две и пол години, за да ја преземе новата должност. Зеленски вчера му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој повеќе од 10 години беше градоначалник на Одеса, наведувајќи дека поседува руски пасош. Труханов го негира обвинението, најави дека ќе поднесе тужба против одлуката на Зеленски и продолжува да ја врши функцијата градоначалник. Сепак, со губењето на државјанството, градскиот лидер фактички е отстранет од функцијата и може дури да се соочи со депортација. - Премногу безбедносни прашања во Одеса предолго останаа неодговорени, изјави Зеленски вчера без да наведе конкретни детали. Тој додаде дека градот има потреба од посилна заштита и поголема поддршка. Труханов, кој повеќепати ја осудуваше Русија за нејзините бројни напади врз Одеса, е градоначалник на стратешки важниот пристаништен град со повеќе од еден милион жители од 2014 година. Критичарите на Зеленски го обвинуваат дека сè почесто ги заменува избраните функционери со воени администрации предводени од негови довереници, пренесе ДПА. Поради продолжената воена состојба, локалните избори што првично беа закажани за крајот на октомври се одложени. Мандатите на сите локални власти се продолжени до крајот на војната со резолуција на парламентот. Зеленски одамна се соочува со обвинувања за авторитарни тенденции, меѓу другото и од градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Последниве денови се вжештија тензиите меѓу Кличко и Тимур Ткаченко – воениот администратор назначен од Зеленски. Претседателот неодамна го критикуваше Кличко поради прекините на струја предизвикани од руски напади со дронови. Украинските власти наредија евакуација на семејства со деца од повеќе населени места во источниот регион Харков, поради „влошување на безбедносната ситуација“ околу долго оспоруваниот град Купјанск. Гувернерот на Харков, Олег Синехубов, дернеска соопшти дека евакуацијата опфаќа 40 населени места и вклучува 409 семејства со 601 дете. Купјанск, кој е речиси целосно уништен од руските напади, е стратешки важен поради својата локација и транспортните врски. Неколку околни градови веќе се евакуирани, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон запад. Зеленски на крајот од септември ја опиша ситуацијата долж фронтот кај Купјанск како „тешка“. Тагови: Володимир Зеленски Одеса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА? Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура. „Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата. Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат. Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено. „Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите. „Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“ Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат. „Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро. Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - СаганакиВо среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ракчиња 1 козерва доматни пелати 1 домат 1 мало пакување фета сирење 1 лажиче сенф 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и нане 2 потпечени лепчиња Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКарни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокејКанада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите. Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари. „Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва. Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook