СветЗеленски и јорданскиот крал Абдула Втори разговарале за безбедносна соработкаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски на вечрашната средба со јорданскиот крал Абдула Втори разговарал за актуелната ситуацијата на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив, како и за можностите за безбедносна соработка.„Украина е отворена за соработка во сферата на одбрана од напади со дронови и ракети. Од сопствено искуство знаеме дека без единствен систем е невозможно да се обезбеди целосна заштита на населението и критичната инфраструктура“, изјави Зеленски за време на посетата на Јордан. Тој нагласи дека Украина веќе има таков систем, развиен во текот на повеќегодишната војна, како и дека соработката треба да биде двонасочна. Зеленски му се заблагодари на кралот Абдула Втори за средбата и „отвореноста за дијалог“. Според претходни изјави на украинскиот претседател, во регионот на Блискиот Исток се распоредени 228 украински експерти кои им помагаат на локалните противвоздушни одбранбени сили во справување со напади, вклучително и оние со дронови од иранско производство. Тој исто така посочи дека Украина примила повеќе барања за безбедносна поддршка од земји од регионот, европски држави и од САД. Зеленски претходно соопшти дека Украина потпишала десетгодишен договор за стратешка соработка со Катар и оти се очекува сличен договор и со Обединетите Арапски Емирати. Според него, договорите опфаќаат производство на оружје, размена на искуства и соработка во енергетскиот сектор, без предвидено учество на украинската војска во конфликти во странство.Тагови: Абдула Втори Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарониВо вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. мелено телешко месо 1 пакување макарони (пастицио) 1 главица кромид 1 морков 1 црвен домат 200 – 300 гр. доматно пире 300 гр. кашкавал 100 гр. пармезан 4 - 5 јајца 250 мл. млеко маслиново масло по потреба половина коцка путер малку мускатно оревче сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!Трајче е казнет затоа што не молчи.Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место. Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат. Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас. Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат. Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите. Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме. Другар Трајче, со тебе сме. Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММТагови: СДММ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
МакедонијаДелегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во ЗагребИницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска. Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески. Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост. Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност. Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.Тагови: КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter