Зеленски до воените команданти: Не се мешајте во политика - Канал 5

Зеленски до воените команданти: Не се мешајте во политика

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди воените команданти на неговата земја да не се мешаат во политиката.

Зеленски до воените команданти: Не се мешајте во политика

Во интервју за британскиот таблоид „Сан“, Зеленски зборуваше за неговиот однос со високите команданти, кои ја водат одбраната од руската инвазија.

Со месеци во политичките кругови во Киев се шпекулира за несогласување меѓу Зеленски и Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина.

Генералот доби пофалби за неговите воени кампањи и веќе се смета за ривал на Зеленски за претседателската функција.

Според Уставот, редовните претседателски избори би требало да се одржат на 31 март, но Зеленски повика на одложување поради војната што беснее во земјата.

„Ако војник одлучи да се занимава со политика, тоа е негово право, но тогаш треба да влезе во политика и не може да се вклучи во војна“, изјави Зеленски за „Сан“.

„Ако ја управувате војната имајќи предвид дека утре ќе се занимавате со политика или избори, тогаш во вашите изјави и на фронтот се однесувате како политичар, а не како војник, и мислам дека тоа е голема грешка.“ продолжи тој.

„Во однос на генералот Залужни и сите команданти кои се на бојното поле, постои апсолутно разбирање за хиерархијата и тоа е тоа, а таа не може да биде втора, трета, четврта, петта“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски, кој секојдневно објавува ажурирања за борбите, се чини дека алудирал на интервјуто што Залужни го даде за Економист претходно овој месец, во кое предупреди дека војната е во мирување.

„Нема прекин“, одговори Зеленски.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

притисни ентер