Попоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка
2Попоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка
ЕвропаЗеленски до Путин: Русија повторно избира војна наместо мирПропадна обидот Путин и Зеленски да седнат на преговарачка маса, откако рускиот лидер категорично го отфрли повикот на украинскиот колега, а на терен продолжија борбите.Украина со 86 дронови го нападна Санкт Петербург, додека руските сили возвратија со воздушни напади околу Запоржје, каде загинаа две лица. -Не гледам смисла за средба. Имам чувство дека украинската страна сака да го запре напредокот на нашите вооружени сили. Нам ни требаат договори. Во однос на воените дејствија, тие еден ден ќе завршат, безусловно ќе завршат кога ќе ги постигнеме поставените цели, изјави Путин. Зеленски изјави дека со тоа што неговиот рускиот лидер одбил директни преговори, избрал продолжување на војната. -За жал, руската страна уште еднаш избра војна. Сите го слушнаа одговорот денеска. Слаб одговор. Тој едноставно не сака крај на војната. Многумина во светот сега се разочарани од таквиот одговор. Тој не сака ништо да промени и не сака да признае дека оваа војна му се допаѓа само нему и на оние кои заработуваат пари од него, заклучи Зеленски. Неговата изјавата следи откако тој вчера преку отворено писмо го повика Путин на средба лице в лице за ставање крај на војната, но Путин одби, истакнувајќи дека разговорите би немале цел пред да биде финализиран мировниот договор..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија на пат да деблокира сè Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра. Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра замрзнати средства. „Ова ќе биде сеопфатен закон против корупцијата, кој исто така ќе ја подобри транспарентноста на унгарскиот јавен живот. Ова претставува критериуми за владеење на правото што ќе ни овозможи да ги вратиме средствата од ЕУ дома“, изјави унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, за новинарите, објави Ројтерс. Тој рече дека законот ќе ѝ овозможи на Унгарија да користи до десет милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, за финансирање на транспортни проекти и обновливи извори на енергија, како и средства за поддршка на мали бизниси и изградба на станови за изнајмување. Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, во мај обезбеди ослободување на 16,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија, со ветување дека ќе ги откаже реформите на претходниот премиер Виктор Орбан, кои, според ЕУ, ѝ наштетиле на демократијата.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПопоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамкаЗначаен обид да се редизајнира логиката на проширување, вака дел од експертите го оценуваат актуелниот нон пејпер на Макрон и Мерц. За аналитичарот, Тони Поповски, под актуелните околности, Македонија би добила лимитиран дел од предвидените придобивки, затоа што се уште нема отворено кластери, кои се клучни за стекнување одредени бенефици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегијаЗачестените случаи на меѓуврсничко насилство го вклучи алармот за неопходноста од носење национална стратегија, вели во разговор за Канал 5, универзитетската професорка и социјолог, Татјана Стојаноска Иванова.. Сања Тајковска Ставров разговараше со неа.. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook