Зеленски: Будимпешта не е добра за Украина, Путин е сличен на Хамас - Канал 5

Зеленски: Будимпешта не е добра за Украина, Путин е сличен на Хамас

- Ако навистина сакаме праведен и траен мир, двете страни мора да бидат вклучени. Како можеме да постигнеме договор за нас – без нас?, истакна украинскиот претседател.

Зеленски: Будимпешта не е добра за Украина, Путин е сличен на Хамас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска порача дека е подготвен да се приклучи на најавениот самит во Будимпешта меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот лидер Владимир Путин, истакнувајќи дека е потребен поголем притисок врз Кремљ за да се стави крај на војната во Украина.

Трамп, по разговорот со Путин, најави втор круг мировни преговори во Будимпешта, а Зеленски во интервју за американскиот канал Ен-Би-Си потврди дека е подготвен да присуствува на тој самит.

- Ако навистина сакаме праведен и траен мир, двете страни мора да бидат вклучени. Како можеме да постигнеме договор за нас – без нас?, истакна украинскиот претседател.

Зеленски изјави дека „е добро што Трамп не рече ’не‘“ кога станува збор за испораката на американските ракети „томахавк“ за Украина, но додаде дека претседателот на САД „засега не рекол ниту ’да‘“.

- Путин е сличен на Хамас, само што е посилен, рече Зеленски, додавајќи дека руската армија е втора по сила во светот и оти затоа „е неопходен поголем притисок“.

Украинскиот лидер изрази надеж дека испораката на ракетите томахавк би можела да го смени текот на војната, но забележа дека тоа засега не се случило.

Рускиот претседател претходно предупреди дека испраќањето на тие ракети би претставувало „нова фаза на ескалација на конфликтот“.

- Путин се плаши дека САД ќе испорачаат ракети Томахавк на Украина и мислам дека со право се плаши – затоа што ние навистина би ги користеле, оцени Зеленски.

Иако повтори дека Путин го смета за „терорист“, Зеленски нагласи дека е подготвен за директна средба со рускиот претседател, но само под услови кои водат кон мир, а не, како што рече, „под бомби и дронови“.

За време на неговата посета на САД, што се совпадна со засилените руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, Зеленски повтори дека Украина не ја губи војната, но додаде дека Русија ги интензивира воздушните удари затоа што, како што рече, „е слаба на фронтот“.

- Путин се обидува да предизвика енергетска катастрофа оваа зима, истакна Зеленски.

По средбата со украинскиот претседател, Трамп на социјалните мрежи порача дека Русија и Украина треба „да застанат таму каде што се сега“ и дека е време за примирје и договор.

- Ако сакаме итно да ја завршиме војната и да почнеме мировни преговори по дипломатски пат, мора да останеме таму каде што сме, без дополнителни отстапки кон Путин, рече Зеленски како одговор на прашањето дали е подготвен на територијални отстапки во име на мирот.

Зеленски изјави дека идејата за можен состанок со претседателите на САД и Русија во Будимпешта не би била позитивна за Украина, бидејќи Унгарија ги блокира сите иницијативи што се во корист на Украина. Тој додаде дека во план е набавка на 25 системи „Патриот“.

Зеленски, во разговор со новинарите, рече дека таа порака му ја пренел и на специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, јави украинскиот јавен сервис Суспилне.

- Имаше многу достојни опции – Швајцарија, Австрија, Ватикан, Саудиска Арабија, Катар, Турција. Затоа што тука зборуваме за мир во Украина, а не за избори во Унгарија. Не верувам дека премиер кој нè блокира на секој чекор може да донесе нешто позитивно или барем избалансирано, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека унгарскиот премиер Виктор Орбан промовира проруски ставови, вклучувајќи и тврдења за „безусловна предност на Русија во оваа војна“.

- Кога зборуваме за посредување, не мислам дека унгарскиот премиер има адекватен пристап за таа улога. Сакам да потсетам дека кога патуваше во Русија, Кина и САД, обидувајќи се да го зајакне својот политички авторитет, ние јасно кажавме дека не му дадовме никакви овластувања. Неговите обиди не дадоа резултати – што беше јасно уште од почеток, рече Зеленски.

Говорејќи за Меморандумот од Будимшета од 1994 година, со кој големите сили гарантираа територијален интегритет на Украина во замена за нејзиното откажување од нуклеарно оружје, Зеленски потсети дека тој документ не беше ефикасен и оти на тоа го потсетил и Трамп.

Сепак, според Зеленски, Трамп го гледа „унгарскиот формат“ како можен следен чекор што, според него, би можел да донесе резултати, вклучувајќи и прекин на војната.

- Го делиме оптимизмот со претседателот Трамп, ако тоа води кон завршување на војната. По повеќе од два часа разговор со него и неговиот тим, мојот впечаток е дека неговиот став е дека фронтот останува таму каде што е, што може да биде позитивен сигнал – доколку сите страни го сфатат тоа, рече Зеленски.

Зеленски исто така нагласи дека за време на посетата на Вашингтон разговарал за можноста за потпишување договор за набавка на 25 американски противвоздушни системи „Патриот“, кои Украина би ги добивала постепено во следните години.

Како што наведе, тој број системи го побарале Воздухопловните сили на Украина, но испораките нема да бидат веднаш поради големата побарувачка и постоечките нарачки на други земји.

Тој додаде дека во клучните земји членки на НАТО постојат системи „патриот“ кои формално им припаѓаат на САД, и оти Украина може да ги добие тие системи доколку има политичка поддршка од Вашингтон.

Планирано е средствата за набавка на 25-те системи делумно да се обезбедат од користењето на замрзнат руски имот, а финансиската основа за овој план, како што рече, веќе е подготвена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Елеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети.

„Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини.

Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани.

Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Една од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. 

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка.

Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес.

Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер.

Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм.

„Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето.

Каква штета“ – беа само дел од коментарите.

Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

На една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил.

На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата.

„Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв.

Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди.

Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили.

„Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер