Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
2Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
2УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
СветЗеленски: Безбедносните гаранции за Украина од САД ќе бидат финализирани на највисоко нивоУкраинскиот претседател Володимир Зеленски нареди документот за безбедносни гаранции за Украина од САД да биде финализиран и доставен на разгледување на највисоко ниво, јави Укринформ.- Разговаравме за распоредот за следните две недели во однос на состаноците, подготовката на документите и можните потпишувања. Наредив документот за безбедносни гаранции за Украина од САД да биде финализиран и доставен на највисоко ниво. Ова треба да биде документ од историско значење, а текстот веќе го достигна ова ниво, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој објасни дека им дал задача на премиерката Јулија Свириденко, вицепремиерот Тарас Качка и министерот за економија Олексиј Соболев да обезбедат целосен надзор и експертски преглед на сите економски аспекти на идните договори меѓу Украина и САД, како и трилатералните формати Украина-Европа-Америка. Зеленски, исто така, ја нагласи потребата од јасност во врска со тоа дали Русија е подготвена да стави крај на војната. „Разбираме дека американската страна е во контакт со Русија во врска со политичката рамка за ставање крај на војната. Мора да има јасен одговор од Русија – дали е подготвена да ја заврши војната под реални услови. Доколку нема таква подготвеност, притисокот врз агресорот мора да продолжи да се зголемува, рече тој. Украинскиот претседател, исто така, повика на построги мерки против руската „флота во сенка“ и финансиските шеми што овозможуваат заобиколување на санкциите. „Доколку Русија избере војна, светот мора да одговори со намалување на приходите од извоз во најголема можна мера“, рече Зеленски. Претходно, тој откри детали од нацрт-документот на Киев од 20 точки за ставање крај на војната, како и дополнителни документи, вклучувајќи мултилатерална рамка за безбедносни гаранции меѓу Украина, САД и Европа, билатерален документ за американските гаранции и план за закрепнување и економски развој. Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНова кривична за Стевчо Јакимовски: Издавале одобрение за градба иако ДУП-от бил поништенНова кривична пријава од МВР доби екс градоначлникот на Карпош Стевчо Јакимовски.Тој е осомничен дека потпишувал договори со инвеститори за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која деталниот урбанистички план бил укинат и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење. Освен Јакимовски, со пријават опфатени се и раководителката на секторот за урбанизам и вработена во иститот сектор кои на инвеститорите им ги издале одобрениета за градење.. Јакимовски веќе е осуден за затворска казна за злоупотреба на службена положба, но Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување и наскоро се очекува да излезе од затвор.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМиротиќ со изненадувачки трансфер во ВаленсијаЕден од најдобрите европски кошаркари во последните неколку години, досегашниот член на Монако, Никола Миротиќ останова во Евролигата и следната сезона ќе игра во Валенсија, потврди шпанскиот клуб.Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија. „Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи. Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар. Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот. Миротиќ ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а во 2014 година се пресели во НБА. Во текот на шест сезони во најсилната лига во светот, тој настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс. На 319 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, тој имаше просек од 12,3 поени и 5,9 скока. Тој се врати во европската кошарка во 2019 година, кога потпиша за Барселона. Токму во каталонскиот клуб ја одигра една од најдобрите сезони во кариерата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во сезоната 2021/22. По заминувањето од Барселона во 2023 година, Миротиќ помина две сезони во Олимпија Милано пред да се пресели во Монако минатото лето. И покрај големиот број индивидуални признанија и трофеи освоени на домашната сцена, на Миротиќ сè уште му недостасува највредната европска клупска титула – онаа на шампион во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаМанасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор планКога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку. На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството. Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион. Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Токму затоа довербата во правосудството е на дното. А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter