Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат, тоа значи дека не сака крај на војната - Канал 5

Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат, тоа значи дека не сака крај на војната

Ако Русија сака нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сака крај на војната

Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат, тоа значи дека не сака крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите кои Русија ги анектираше.

- Ако Русија постави услов нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сакаат примирје ниту крај на војната“, рече Зеленски вчера, откако американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин.

- Москва тоа го разбира, рече Зеленски, нагласувајќи ја улогата на украинската војска во заштитата на својата територија.

Русија во повеќе наврати порача дека нејзино барање во мировните преговори е силите на Киев да се повлечат од четирите украински области, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, над кои Русија нема целосна контрола.

Зеленски потврди дека Трамп го контактирал еднаш пред разговорот со Путин и еднаш, заедно со европските лидери, по разговорот со рускиот претседател.

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп рече дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат „веднаш“.

Украинскиот лидер ја изрази својата отвореност кон понатамошни преговори на високо ниво со Русија, САД и европските земји и додаде дека тие состаноци би можеле да се одржат во Турција, Ватикан или Швајцарија.

Зеленски рече дека сега очекува детали за меморандумот што го спомена Путин по разговорот.

Путин во соопштение за медиумите по разговорот рече дека меморандумот ќе ја утврди временската рамка и принципите за мирно решавање на конфликтот, вклучително и можен прекин на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез предизвика хасо на социјалните мрежи со своето бујно деколте. Сега, сите се прашуваат дали вградила силикони.

Видео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??

Мегапопуларната пејачка и глумица веќе некое време е главна тема на социјалните мрежи, особено поради врската со нејзиниот нов колега, а сега и поради изгледот на нејзините гради.

Деновиве, Џеј Ло е во центарот на вниманието на јавноста поради филмот „Канцелариска романса“, во кој таа ја игра главната улога.

Брет Голдштајн исто така глуми со неа во филмот, а тие го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД.

Така во вторник тие присуствуваа на премиерата на филмот во Њујорк, а малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер.

Лопез блесна на црвениот тепих во еден од најсмелите фустани во нејзината кариера, а сите очи беа насочени кон нејзиното деколте, кое изгледа двојно поголемо.

Деколтето предизвика и шпекулации и коментари за пластична хирургија. „Дали се нови? Или не ги забележав претходно?“, „Градите нејзини изгледаат сè друго освен природно“, „Изгледаат многу поголеми“, „Од каде се? Но, изгледа одлично“, напишаа некои.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година добивајќи поддршка од дури 174 земји членки на гласањето во Њујорк.

Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на економски и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и силна потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата.

Во објава на социјалните мрежи, Силјановска-Давкова истакна дека овој резултат е плод на активна, принципиелна и доследна надворешна политика, како и на долгогодишни дипломатски напори за обезбедување меѓународна поддршка.

И премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува признание за вложените напори во надворешната политика и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трам повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека повторно задремал за време на состанокот во Белата куќа. 

Видео: Трам  повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?

79 годишниот Трамп ги „одмори“ очите неколку моменти за време на состанокот за енергија и се потпре на столот.

На американскиот претседател му се придружија министерот за внатрешни работи Даг Бургум, министерот за енергетика Крис Рајт и администраторот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин.

Белата куќа одговори на тврдењата изнесени од некои американски медиуми.

Портпаролот Дејвис Ингл ги отфрли обвинувањата и рече дека Трамп е „најпаметниот, најдостапниот и најенергичниот претседател во американската историја“.

Тој додаде дека претседателот „работи деноноќно за да ја направи земјата уште поголема од кога било досега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер