Зелените во Германија водат пред партијата на Меркел, покажува анкетата на Билд

Популарноста на германските Зелени е во пораст по изборот на кандидат за премиер на изборите во септември, а резултатите од денешната анкета покажуваат дека имаат поголема поддршка отколку ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Ова е второ истражување на јавното мислење оваа недела што укажува на пресврт, и ако резултатите од анкетата бидат потврдени на есенските избори, за прв пат во германската политичка историја, „Зелените“ би имале канцеларско место.

Анкетата спроведена од институтот „Кандар“ за неделникот „Билд“ им дава 28 проценти од гласовите на Зелените, што е скок од шест процентни поени од претходната анкета по назначувањето на нивната претставничка Аналена Баербок за кандидат за канцелар.

Според анкетата, конзервативната партија на Ангела Меркел губи два процентни поени и добива 27 проценти од гласовите, по контроверзното назначување на нивниот лидер, претседателот на ЦДУ, Армин Лашет, кој не ужива голема популарност во јавноста и се смета за „човек на естаблишментот“ и самата Меркел.

А, Социјалдемократската партија (СПД) се чини дека го губи тлото со само 13 проценти од гласовите, како и екстремната десница (со 10 проценти) и екстремната левица (со 7 проценти).

Резултатите од втората анкета, објавена во вторникот по налог на РТЛ и НТВ, им даваат на Зелените првпат предност од 28 проценти од гласовите, што ги става пред десницата.

Зелените во понеделникот ја избраа својата потпретседателка, Аналена Баербок, за кандидат за канцелар на парламентарните избори во септември.Зелената партија долго време ужива голема јавна поддршка, од 20 до 23 проценти, според анкетите, рангирајќи се на второто место по популарност зад Христијанско-демократската унија.

Во случај на формирање левичарска влада со Зелените, Социјалдемократите и Левичарската партија, Баербок би била новата канцеларка.

Но, во исто време, партијата е отворена за коалиција со демохристијаните, што досега се покажало како успешна опција во неколку сојузни држави.

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер