Зелениот домат се подготвува за зимница, а не ни знаеме како влијае на нашиот организам - Канал 5

Зелениот домат се подготвува за зимница, а не ни знаеме како влијае на нашиот организам

Започна сезоната на зимници, па на пазарите може да се сретнат и зелените домати. Иако многумина ги претпочитаат црвените домати, факт е дека зелениот домат многумина го подготвуваат за зимница, но и како состојка во разни јадења.

Зелениот домат се подготвува за зимница, а не ни знаеме како влијае на нашиот организам

Станува збор за многу здрава намирница.

Диететичарите и нутриционистите истакнуваат дека цврстата текстура и конзистентноста на зелените домати овозможуваат тие да се користат во приготвувањето на многу јадења, а кај нас најмногу го спремаат како зимница, бидејќи содржат антиоксиданси. Овој зеленчук е богат со витамин Ц, па затоа експертите за храна со задоволство го препорачуваат.

Еве зошто зелените домати се добри за нашето здравје:

Го зајакнуваат имунитетот

Поради високата концентрација на витамин Ц, зелените домати помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем и во борбата против настинките и другите болести. Витаминот Ц исто така му помага на телото полесно да го апсорбира железото од храната од растително потекло, пишува indianexpress.com.

Добри се за цревата

Бидејќи зелените домати се одличен извор на влакна, тие го одржуваат нашиот дигестивен систем здрав, го спречуваат запекот и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес мелитус. Семето и кората на доматите се полни со диетални влакна кои не се варат во цревата, но помагаат во размножувањето на добрите цревни бактерии.

Го подобрува видот

Зелените домати содржат и бета каротен, кој помага во производството на витамин А, кој е клучен за здравјето на нашите очи.

Го намалува крвниот притисок

Бидејќи овој зеленчук е богат и со калиум, кој се спротивставува на ефектите од натриумот и помага во намалувањето на крвниот притисок, тој е исклучително добар за сите кои го имаат овој проблем. Гојал забележува дека зелените домати помагаат да се спречи оксидацијата на лошиот холестерол во крвните садови, што исто така го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Добри се за кожата

Консумирањето зелени домати го подобрува изгледот на кожата и помага во нејзино побрзо регенерирање.

Добар е во борбата против ракот

Со оглед на тоа што содржи антиоксиданси кои помагаат во намалување на воспаленијата и во борбата против токсините, зелените домати, како што истакнува Гојал, се покажаа како добри во борбата против овие болести. Доказите, посочува таа, сугерираат дека биоактивното соединение во овие домати, помага во спречувањето на растот на канцерогените клетки.

Го хидрира телото

Бидејќи овој зеленчук содржи 94 проценти вода, тој е добар за хидратација на телото и го одржува здравиот апетит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Утре променливо облачно и топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Ќе преовладува топло време. Во среда на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

ВМРО–ОКГ со денешната реакција целосно го потврди скандалот што денеска го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

Сега прашањето е кој во ВМРО ќе одговара?

Факт е дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави тендерски шеми вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти, омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините.

Факт е дека три фирми се издвојуваат по бројот и вредноста на добиените тендери: Ленди Груп со 74 тендери вредни 17,6 милиони евра, Пирамид билдинг солушнс со 51 тендер вреден 16 милиони евра и Масев со 93 тендери вредни 18 милиони евра.

Факт е дека зад овие фирми се појавуваат едни исти проектанти и надзорни компании – МГ Проект и МБМ Архитекти.

Во Кисела Вода и Илинден, каде работи Ленди Груп, надзорот го врши МГ Проект.

Во Аеродром и Гази Баба, каде работи Пирамид билдинг, клучните договори за надзор ги добива МБМ Архитекти.

Во низа општини и институции каде работи Масев, повторно се појавуваат истите две фирми како проектанти и надзор.

Дополнително, токму во периодот кога ВМРО–ОКГ има апсолутна власт и се реализираат средствата од унгарскиот кредит, МГ Проект склучува договори вредни 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти договори вредни 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.

Ова се факти, договори, бројки и јавни податоци, сите во времето на ВМРО.

Затоа прашањето останува:

Кој ќе одговара за оваа бизнис-шема за испумпување пари на граѓаните?

Јавното обвинителство повеќе нема простор за молк.

АКТ на СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите сознанија и докази за злоупотребите и бара целосна одговорност – од прв до последен инволвиран.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Притоа, министерот информираше дека надлежните институции веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер