Шоу бизЗелена вештерка се појави на доделувањето на „Еми“, сите се прашуваат кој е зад маската (ВИДЕО)Синоќа се одржаа 75. Еми награди на кои бројни ѕвезди прошетаа на црвениот тепих и ги покажаа своите модни изданија.Сепак, зелениот гоблин привлече најголемо внимание, а многумина се прашуваа кој се крие зад маската. This lowkey scared me 😭 #Emmys2024 #Emmys pic.twitter.com/S8r17nbncT — The Latifah (@TheLatifah) January 15, 2024 „Зошто зелениот гоблин е на Еми? А „Кој е тоа по ѓаволите?“, прашуваа гледачите, а фотографиите од зелениот гоблин ги преплавија социјалните мрежи. why tf is the green goblin at the emmy's — sofa 🛋️ (@wildernesscouch) January 15, 2024 Зад маската била драг кралицата принцезата Попи, која се натпреварувала во 15-тата сезона на шоуто RuPaul's Drag Race, а подоцна позирала со сите натпреварувачи од шоуто. WHO THE HELL IS THAT.?:7:/& pic.twitter.com/SRRB179aBB — tara (@terrariuh) January 15, 2024 Princess Poppy un-retired from drag just to end the entire industry. You can’t top this. pic.twitter.com/z7VmwlFpSW — Joey Nolfi (@joeynolfi) January 15, 2024 Принцезата Попи, која не го открива своето име во јавноста, живее во Сан Франциско и била втората елиминирана од шоуто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕвропаВоен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24. Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија. Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.Тагови: хеликоптер Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега. Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9). Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.Тагови: билијард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на УкраинаГрадоначалникот Митко Јанчев денес го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина, доделено со указ на претседателот Володимир Зеленски.Во своето обраќање истакна дека ова одликување го доживува како признание не само за него лично, туку и за целиот град, за неговите соработници, Советот на Општината, институциите, хуманитарните организации и за сите граѓани кои несебично се вклучија во помошта за украинскиот народ. Тој нагласи дека од самиот почеток на воените случувања во Украина, градот покажа дека хуманоста, солидарноста и меѓусебната поддршка немаат граници, а денешното признание е потврда дека ваквите дела оставаат трајна вредност и придонесуваат за зајакнување на пријателството меѓу двата народа. Посебен и емотивен момент на настанот беше кога децата од Украина, кои бесплатно престојуваат на детското одморалиште Михајлово, му подарија рози на градоначалникот во знак на благодарност за грижата, поддршката и топлото гостопримство што им го овозможи градот. Градоначалникот упати искрена благодарност до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за укажаната чест, како и до Амбасадата на Украина за довербата и континуираната соработка. Посебна благодарност изрази и до своето семејство за безрезервната поддршка, љубов и разбирање. Тој порача дека најголемите признанија не се оние што се носат на градите, туку оние што се заслужуваат преку дела, изразувајќи уверување дека пријателските односи меѓу Македонија и Украина ќе продолжат да се градат врз темелите на заемното почитување, солидарноста и мирот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter