Зелена мрежа на советници: Борбата за чист воздух веќе не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати - Канал 5

Зелена мрежа на советници: Борбата за чист воздух веќе не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати

Борбата за чист воздух не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати, туку преку поврзана мрежа која гради притисок и нуди конкретни решенија.

Зелена мрежа на советници: Борбата за чист воздух веќе не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати

Борбата за чист воздух не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати, туку преку поврзана мрежа која гради притисок и нуди конкретни решенија, заклучија учесниците на дискусијата „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина“, организирана од Зелената партија ДОМ во Скопје. Настанот ги поврза локалните зелени советници, независните кандидати и експертите за да се отвори системски дијалог за загадувањето и неговото влијание врз здравјето.

Во фокусот беше врската меѓу аерозагадувањето и здравјето. Проф. д-р Антони Новотни, советник во општина Центар и ко-претседател на ДОМ подвлече дека прашањето е старо и комплексно, како и дека е потребно да се идентификуваат клучните точки за притисок — енергетика, транспорт, урбанизам, индустрија и здравство.

„Ако државата не е пример и јавниот сектор продолжи да користи фосилни горива, регулативата останува мртво слово на хартија“, порача тој. Новотни се повика на податоци (УНИЦЕФ 2024) според кои значителен дел од смртноста кај новороденчињата и предвремените смртни случаи е поврзан со аерозагадување.

Јане Димески советник во општина Центар од „Шанса за Центар“ посочи дека еден од најголемите причинители на аерозагадувањето е тоа што јавните институции користат мазут за греење и во таа насока потребен е системски и практичен пристап на локално и национално ниво.

„Прашањето не е дали проблемот постои, туку дали сме подготвени да создадеме заедничка иницијатива која ќе даде конкретни решенија, а не само декларации, на пример колку што се издвојуваат средства за греење на мазут, Владата исто толку да издвои и за мерки против аерозагадувањето“, истакна Димески.

Во дискусијата активно се вклучија и ко-претседателите на зелената партија ДОМ, Александар Анѓушев и проф. д-р Ана Угринска. Анѓушев потенцираше дека „Законот за јаглеродни емисии претставува клучен механизам за контрола кој им овозможува на компаниите и институциите да бидат општествено одговорни преку управување со својот јаглероден отпечаток и усогласување со ESG принципите. Затоа апелирам за негово побрзо донесување“. Угринска додаде дека загадувањето на воздухот не единствениот проблем, туку потребен е интегриран и целосен пристап со кој ќе се делува и ќе се работи и против загадувањето на водата и почвите. Во дискусијата активно се вклучуваа сите присутни со интерпретација на податоци од СЗО и Светската банка истакнувајќи ги притоа и економските последици, но и можните придобивки од ефективното управување со аерозагадувањето.

Свој придонес во дискусијата даде и Горан Стојковски – Диро, независен кандидат за градоначалник на Куманово, кој низ примерот на својот град ја потврди истата матрица на проблеми, кои се комбинација од стари системи за греење, индустриски емисии и неодржлив урбан развој.

„Куманово не е исклучок — потребна е политичка храброст да се донесат неопходни одлуки“, рече тој.

Со овој настан ДОМ ја потврди улогата како мост меѓу партиските и независните зелени гласови, нагласувајќи дека зелената политика ги надминува традиционалните партиски рамки, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Развиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер

Руските научници развија нов вид клетки чувствителни на светлина за срцеви пејсмејкери, кои потенцијално би можеле да станат „жив“ срцев пејсмејкер.

Развиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер

Новата биоинженерска клеточна структура е контролирана од светлина со помош на технологијата што ја освои Нобеловата награда за 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот Александар Романов.

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина кои можат да бидат вградени во клеточната мембрана и „обучени“ да реагираат на светлина. Ова откритие им овозможува на научниците да создаваат нови протеини контролирани од светлина за која било намена.

„Добивме и тестираме нов вид клетки и веруваме дека оваа почетна фотосензитивност ќе ја подобри нивната ефикасност. Значи, се разбира, не ја освоивме Нобеловата награда, но сепак, тоа сугерира дека, така да се каже, работиме во вистинската насока“, рече научникот, објави ТАСС.

Биоинженерите од MFTI и аритмолози од Центарот Мешалкин одгледуваа клетки контролирани од светлина, поставени на специјални полимерни скелиња и имплантирани во срцето. Идејата на научниците е да им се овозможи на клетките да функционираат природно, додека лекарите сè уште можат да го регулираат срцевиот ритам однадвор користејќи светлосни сигнали. За да го постигнат ова, истражувачите користат специјални светлосензитивни протеини кои можат да се префрлат од една состојба во друга кога се изложени на зраци со одредена бранова должина, со што ги стимулираат или смируваат клетките.

Планирано е лекарите да можат да ги стимулираат клетките да ја контролираат аритмијата користејќи специјален уред со сина светлина со бранова должина од приближно 460 нанометри. Според Романов, за таа цел може да се имплантира посебна светлосна капсула под кожата или да се постави завој на градите на пациентот.

Кардиохирурзите денес имплантираа нова група светлосензитивни клетки на пејсмејкер во срцето на минијатурна свиња во експериментална операциона сала. Прво, тие користеа специјален полимерен супстрат, а потоа ги инјектираа клетките во срцето со шприц, во форма на специјални микрокапсули.

- Ефектот треба да трае од пет до седум дена - нагласи Романов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни

Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицето на јавни места .

Словенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни

Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицата на јавни места до степен до кој можат да се препознаат цртите на лицето, што би ѝ го олеснило на полицијата идентификувањето на лицата.

Како што е наведено во нацрт-законот, ова правило нема да се однесува на специфичен вид облека, религиозен симбол или лични околности, а предвидени се исклучоци за случаи кога покривањето на лицето е неопходно од здравствени или професионални причини, како и во врска со спортски активности, уметнички, културни или традиционални настани, пренесува СТА.

За прекршување на овие одредби се предвидени казни од 100 до 200 евра. Подготовката на измените на законот започна откако коалицијата на партии „Истина“ (Resni.ca) поднесе предлог за референдум, на кој граѓаните би го изразиле своето мислење за тоа дали да се забрани покривањето на лицето на јавни места.

Иако барањето за референдум се однесува на општа забрана за покривање на лицето, претставниците на парламентарните групи за време на дебатата нагласија дека прашањето е бурката и дека е потребно да се воведат ограничувања, бидејќи во спротивно Словенците би можеле да се најдат во подредена положба во споредба со имигрантите.

Тие исто така изразија очекување дека имигрантите ќе се прилагодат на начинот на живот во Словенија.

Во Европа, забрана за целосно покривање на лицето воведоа Белгија, Франција, Бугарија, Австрија, Данска, Швајцарија и Португалија, забрана за делумно покривање на лицето, или покривање во одредени државни, образовни или здравствени институции, воведоа Холандија, Луксембург и Латвија, додека во Германија и Италија, одредени држави воведоа забрана за покривање на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Почитувани, утре Само Интервју со премиерот Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Што значи за Македонија политичкиот пресврт во Србија?

Дали ЕУ останува реална цел и како ќе се задржи европскиот курс, без уставни измени?

Ќе има ли етничко гласање во Брвеница, и што тоа ќе значи за владината коалиција?

Се бориме, но, дали и кога ќе се избориме со корупцијата?

Утре, Гоце Михајлоски во Само Интервју со премиерот Христијан Мицкоски..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер