Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
1Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
3Јаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија
МакедонијаЗелен хуман град ќе формира политичка партија за да учествува на локалните избориНезависните го губат трпението со Собранието.За да го загарантира своето учество на локалните избори, граѓанската иницијатива Зелен хуман град одлучи да формира партија. Советникот од иницијативата Горјан Јовановски уверува дека формирањето на партијата нема да влијае во работата и духот на граѓанската иницијатива, туку дека претставува единствена загарантирана техничка можност за тие да се појават на изборите. -Никој не сака да формира партија. Но чекањето на пратениците да се вратат од одмори, распустите и намерното тактизирање на кога ќе се распишат изборите ја намалува таа рамка и можност како ние треба да доенсеме финална одлука за пласирање на овие избори и тоа е тактички е направено од собранието за да се истиснат независните или да не натераат да чекаме до последен момент кога ќе истечат сите рокови и тогаш ќе немаме никаква правна можност за да се кандидираме на изборите,- Горјан Јовановски – Зелен хуман град. Според Јовановски, постои нелогичност во потребните потписи за формирање на партија споредбено со оние потребни за кандидирање со независни листи. Додека за формираење партија се потребни 1000 потписи на ниво на цела држава, последните предлог-измени на Изборниот законик само во град Скопје за влез во изборната трка на независните предвидуваат 3.500 посписи. - Се обидоа во собранието да го накачат на 10.000 не им успеа, на 4.500 не им успеа и последната предлог-одлука беше за 3.500. 3.500 потписи за независна листа во град Скопје споредбено со 1000 потписи за формирање на партија. Очигледно е дека во Собранието се имаат здружено за да ги истиснат независните за да не можеме да учествуваме на овие избори како независни кандидати, што е прво неуставно, а потоа е повреда на политичкиот плурализам во Македонија,- Горјан Јовановски – Зелен хуман град. Откако устваниот суд ги укине претходните одредби, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ поднесоа предллог измени на Изборниот законик, но тие останаа заглавени во собраниска процедура, поради противењето на ДУИ, без чии пратеници нема бадинтерово мнозинство. Спикерот Гаши пак најави дека ова прашање ќе се решава по одморот на пратениците на крајот на август, иако во меѓувреме изборите ќе бидат распишани.Тагови: ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсенНајмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините. Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките служби стравуваат дека под урнатините има уште заробени деца, што значи дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, јавуваат локалните медиуми. Загинатите деца биле на возраст меѓу шест и 12 години, изјави Мохамад Асим, портпарол на болница во Пешавар. Деветнаесет лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, додаде тој. Полицијата го потврди апсењето на сопственикот на училиштето, кое се наоѓа во населбата „Дир Колони“ и работело во рамките на образовна фондација. Станува збор за приватно училиште лоцирано во северниот дел на градот. Во тек е истрага, а се претпоставува дека причина за уривањето на покривот е слабата конструкција. „Конструкцијата на објектот беше слаба. Покривот беше преоптоварен поради дополнителна градба врз нестабилна рамка, што доведе до уривање“, изјави началникот на полицијата. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради трагедијата што се случи во училиштето. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, исто така, упати сочувство. „Оваа потресна трагедија ја потресе целата нација“, рече тој. Претседателот на Пакистан, исто така, повика на сеопфатна истрага за утврдување на причините за несреќата, како и на преиспитување на безбедносните стандарди во училишните објекти, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на Академијата за млади лидери, едногодишна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење, личен развој и лидерски потенцијал.Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа. Програмата е организирана во пет модули, посветени на: * лидерство, тимска работа и организација; * комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки; * јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки; * финансии, буџетирање и економски показатели; * политички менаџмент, организација и кампањи. Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор. На крајот од Академијата, учесниците ќе работат во тимови на завршен проект, во кој ќе треба да понудат решение за конкретен општествен проблем и да го презентираат пред комисија. Како да се пријавиш? Испрати ја својата пријава најдоцна до 25 октомври на: [email protected] или пријави се лично во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Пријавата треба да содржи кратка биографија и кратко образложение зошто сакаш да бидеш дел од Академијата. Биди дел од Академијата за млади лидери во организација на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме стигнале, како општество, во нашата обврска на секое дете да му овозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа Влада вети дека ќе ја подигне инклузивноста на воспитно-образовниот систем во целина, и тоа го правиме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап што се одржа во Собранието, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и Зета – организација за попреченост и правда, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи. Посочи дека оваа учебна година се ангажирани најголем број образовни асистенти досега: 1.602 во основните училишта низ државата и 176 во средното образование. Во тек е и постапка за ангажирање на дополнителен број на стручни лица за образовна асистенција. „Во насока на подигнување на инклузивноста е и јакнењето на стручните служби во училиштата, преку ангажирање на потребен кадар. Паралелно ја подобруваме пристапноста во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за учениците со посебни потреби. Воведовме две нови категории студентски стипендии наменети за студенти со попреченост и со ретки болести“, додаде министерката. Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, од минатата година функционира како ресурсен центар и таму работат специјални едукатори и рехабилитатори, наставници и стручни лица кои се обучени за образование на овие ученици со посебни образовни потреби. „Оваа учебна година, во ова единствено училиште на ниво на државата, се запишани повеќе ученици отколку лани. Тоа говори за препознавањето на квалитетот на воспитно-образовната работа, можноста за добивање соодветна стручната помош и раст на довербата што родителите ја имаат во институцијата“, укажа министерката Јаневска. Училиштето е опремено со најсовремена асистивна технологија, со заеднички ангажман и во соработка со општествено одговорни компании, што како практика треба да продолжи, затоа што многу е важно децата со посебни образовни потреби да имаат пристап до најновите алатки и технолошки решенија кои ќе им овозможат полесно учење, поголема самостојност и порамноправно учество во образовниот процес и во секојдневниот живот. „Ограничените ресурси се главната пречка за подобри услови за квалитетна настава, но, тоа може да се надомести со поквалитетни обуки, подобра комуникација меѓу сите чинители и секако со стратешко унапредување на инклузивниот образовен систем“, додаде министерката Јаневска, нагласувајќи ја потребата за подигнување на јавната свест дека попреченоста не ја определува личноста и дека треба да градиме општество во кое секој млад човек ќе добие шанса за избор на сопствена иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook