Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лиам Пејн - Канал 5

Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лиам Пејн

Откако одложи неколку свои закажани настапи и ги загрижи своите обожаватели, Зејн Малик навистина одржа концерт во Лидс, Англија.

Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лиам Пејн

Тој ги расплака сите присутни на самиот крај од настапот кога му оддаде почит на трагично починатиот Лиам Пејн со кого пееја во популарниот бој бенд One Direction.

За време на изведбата на Зејн на Stardust, на екранот зад него се појави голем знак: „Лиам Пејн 1993-2024. Те сакам брат“.

„Плачев кога го видов ова“, „Честитки Зејн, ова ни требаше“, напишаа неговите фанови на социјалната мрежа Х.

Инаку, Зејн и Лиам беа членови на One Direction, заедно со Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Хари Стајлс. Тие брзо постигнаа глобален успех и станаа еден од најпродаваните бендови на деценијата. Членовите на бендот направија пауза во 2015 година, но никогаш не се вратија заедно после тоа.

Потсетуваме, 31-годишниот Лиам Пејн трагично загина на 16 октомври, паѓајќи од балкон на хотел во Буенос Аирес. На 20 ноември се одржа погреб во неговиот роден Вулверхемптон. Покрај семејството и пријателите, се собраа сите членови на One Direction, а се појави и Сајмон Кауел, човекот кој го собра популарниот бој-бенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоци

На 28.09.2026 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила.

Зајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоци

При спроведената контрола констатирани се вкупно 167 прекршоци. Најголем дел прекршоци, се однесуваат на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем.

Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 81 прекршоци, на подрачјето на СВР Охрид 26, а на подрачјето на СВР Битола 23 прекршоци, додека останатите прекршоци се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамки на контролата, одземени се два електрични тротинети.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролата констатирани се и 206 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот,соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гугл ја тужи ЕУ пред судот во Луксембург поради одлуката на регулаторот за ВИ

Американската технолошка компанија Google оспори две одлуки на регулаторите на ЕУ во суд во Луксембург со кои им се наложува на конкурентите да им дадат пристап до некои услуги и податоци.

Гугл ја тужи ЕУ пред судот во Луксембург поради одлуката на регулаторот за ВИ

Компанијата тврди дека спроведувањето на одлуките би барало споделување на историјата на пребарување на корисниците без доволно силна анонимизација, како и ослабување на некои безбедносни заштити на Android уредите, објави Ројтерс.

„Луѓето го користат пребарувањето за нивните најлични прашања, од здравствени проблеми до интимни врски“, рече директорот за конкурентски прашања на Гугл, Оливер Бетел, оценувајќи дека споделувањето на такви податоци без соодветни заштитни мерки може трајно да ја загрози приватноста на корисниците.

Во јули, Европската комисија им наложи на Google да им дозволи на конкурентите за интернет пребарување и на развивачите на вештачка интелигенција пристап до одредени услуги што ги напојува нејзиниот модел Gemini AI според Законот за дигитални пазари (DMA).

Втората одлука на регулаторите на ЕУ се однесува на пристапот до податоците од пребарувањето на Google од страна на конкурентските пребарувачи.

Европската комисија наведува дека обете предложени мерки содржат силни заштитни мерки за приватноста на корисниците, интегритетот и безбедноста на уредот, а американскиот пребарувач DuckDuckGo исто така застана на страната, тврдејќи дека приговорот на Google само го одложува спроведувањето на мерките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна руски бомбардер, загинаа шест члена на екипажот (ВИДЕО)

Руски стратешки бомбардер Ту-95 се урна денес за време на тренинг лет во регионот Амур на Далечниот Исток. 

Се урна руски бомбардер, загинаа шест члена на екипажот (ВИДЕО)

Шест члена на екипажот загинаа во несреќата, а еден е повреден, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството објасни дека авионот паднал во ненаселена област и дека не носел муниција. Покрената е кривична постапка, а истражната комисија на Воздухопловните сили е испратена на местото на настанот. Според првите проценки, причината за несреќата е технички дефект.

Базата е клучна после украинските напади

Руските државни медиуми известуваат дека несреќата се случила во близина на селото Краснојарово, кратко по полетувањето од воздухопловната база Украина. Тоа е една од најголемите руски бази за стратешки авиони со долг дострел.

Урнатиот Ту-95, дизајниран уште во Советскиот Сојуз, е единствениот стратешки бомбардер со погон на пропелер што сè уште е во употреба, кој може да носи и нуклеарно оружје. Воздухопловната база Украина стана главен центар за преостанатите стратешки бомбардери на Русија откако беа принудени да се повлечат од базите во европскиот дел на земјата.

Преместувањето следи по големата операција на Украинската безбедносна служба (SBU) во јуни 2025 година, со кодно име „Пајажина“. Нападите, извршени од беспилотни летала скриени во камиони, уништија или оштетија повеќе од 40 руски авиони, вклучувајќи седум до осум бомбардери Ту-95.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер