МакедонијаЗдужението на граѓани со ретки болести со порака до Алиу- нема да дозволиме да молиме за лек„Нема да дозволиме да молиме за терапија“. Ова е пораката која Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“ од пред зградата на Министерството за здравство ја испратија до Министерот Азир Алиу, посочувајќи дека веќе пациентка со Гошеова болест е вратена од Клиниката за хематологија бидејќи за неа немало ензимска терапија, што всушност го спречува оштетувањето на органите и без неа ризикот од сериозни последици расте. Додека од Здружението велат дека ниту еден граѓанин не треба да биде доведен во ситуација да моли за лек, од Министерството за здравство тврдат дека терапија имало, и дека таа била континуирана. -Информираме дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. До Министерството нема реакција од пациенти за недостиг на ниту еден конкретен лек. Министерството за здравство продолжува со континуирано обезбедување терапија за сите пациенти, вклучително и пациентите со ретки болести.- Министерство за здравство Сепак, од Здружението тврдат дека ја зборуваат вистината и дека не е првпат да снема лекови. Со болеста на Гоше која е ретка и наследна состојба што влијае на начинот на кој телото разградува одредени масти, во Македонија се дијагностицирани 15 пациенти, кои примаат терапија на Клиниката за хематологија и за нив треба да се достапни 4 различни терапии, од кои 3 инфузиони и една орална терапија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарониВо вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. мелено телешко месо 1 пакување макарони (пастицио) 1 главица кромид 1 морков 1 црвен домат 200 – 300 гр. доматно пире 300 гр. кашкавал 100 гр. пармезан 4 - 5 јајца 250 мл. млеко маслиново масло по потреба половина коцка путер малку мускатно оревче сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!Трајче е казнет затоа што не молчи.Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место. Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат. Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас. Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат. Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите. Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме. Другар Трајче, со тебе сме. Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММТагови: СДММ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во ЗагребИницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска. Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески. Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост. Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност. Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.Тагови: КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook