Здруженијата на медицински сестри бараат решавање на нивниот статус

Над сто медицински сестри останаа без работа откако не им беа продолжени договорите за работа. 

Здруженијата на медицински сестри бараат решавање на нивниот статус

Како што информира претседателката на Здружението на медицински сестри, Гордана Бешлиовска, станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по 6 и 7 години работно искуство во статус договор на дело, а се до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и Куманово. Според неа, едно од можните решенија за да се надмине проблемот, е правилната прераспределба.

Од министерство за здравство велат дека имаат дадено одобрене за да се продолжат договорите на медицинските сестри на кои им беа прекинати договорите, а на почетокот на април се планира да се отвори конкурс за вработување на медицински сестри, доктори и други здравствени соработници.

Барањата на здружението се итно да се вработат лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, но и да се вклучат во сите инстанци и на сите нивоа на кои се носат било какви одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари. Бешлиовска апелираше ова конечно системски да биде решено, да нема вработувања со договор на дело, туку редовни вработувања, со оглед на одливот на кадри кога е во прашање оваа професија. Според неа, некои од медицинските сестри работеле и по повеќе години без здравствено и пензиско осигурување, па биле приморани да бараат дополнителна работа надвор од секторот.

Иградил куќа без грам цемент- вели дека ќе трае вечно (ВИДЕО)

Сопственикот на куќа изградена целосно од индиски сив гранит и седиментен песочник во Бангалор, централна Индија, тврди дека ќе трае повеќе од 1.000 години.

Иградил куќа без грам цемент- вели дека ќе трае вечно (ВИДЕО)

Архитектот кој ја проектирал куќата наведува дека при изградбата не бил користен цемент, пренесе порталот Вион.

На прашањето што го мотивирало да изгради ваква куќа, сопственикот вели дека со користење на овој концепт се постигнува одржливост и не се загадува животната средина.

Со користење на метод кој не вклучува минирање, сопственикот тврди дека не се создава прашина што би ја загадила околината.

Тој додаде дека бетонските конструкции имаат животен век помал од 100 години, додека оваа ќе трае повеќе од 1.000 години.

Тој исто така изјави дека ова е прв ваков објект на планетата, иако ова е дискутабилно, бидејќи куќата е изградена со метод што се користел за изградба на древните храмови низ Индија.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави го договараат текстот на заедничката изјава по завршувањето на преговорите во Саудиска Арабија, изјави за РИА Новости извор запознаен со преговорите.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

„Усогласувањето е во тек“, рече изворот, појаснувајќи дека станува збор за заедничка изјава.

Преговорите за делегација траат повеќе од 12 часа. Претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, изјави дека претставниците на Русија и на САД ги завршуваат преговорите во Ријад, пренесе Скај Њуз.

Експертскиот состанок меѓу рускиот и американскиот технички тим започна утрово, а се одржува зад затворени врати во хотел.

Како што претходно соопшти Кремљ, средбата главно била посветена на темата Црноморска иницијатива, која била предмет на разговор и при последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“, вечерва во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“...

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Протестот започна во 18 часот и 59 минути, симболично за 59-те жртви, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата...

Таму е Дејан Трајковски... Дејан, кои се пораките и барањата на граѓаните?

притисни ентер