Здружението „Заедно посилни" со кампања за Светскиот ден на СИДА - Канал 5

Здружението „Заедно посилни" со кампања за Светскиот ден на СИДА

 Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни" – Скопје, и годинава организира активности за подигнување на свесноста за ХИВ-инфекцијата.

Здружението „Заедно посилни" со кампања за Светскиот ден на СИДА

За таа цел, Здружението промовира краток видео-спот со 15-тина јавни и влијателни личности, кои ги пренесуваат најважните пораки за ХИВ, што секој човек треба да ги знае во денешно време.

– Со ХИВ можеш да живееш еднакво долго и квалитетно, како и без ХИВ. Важно е да дознаеш што порано и редовно да примаш терапија", „Кога луѓето со ХИВ редовно ја примаат терапијата, вирусот станува недетектабилен и не може да се пренесе на друго лице преку сексуален однос, „ХИВ-позитивна мајка може да роди ХИВ-негативно бебе", се дел од пораките што се пренесуваат во видео-спотот и во кампањата на „Заедно посилни".

Здружението промовира и едукативна стрип-приказна за искуството на едно младо лице во дознавањето на својот ХИВ-позитивен статус.

– Оваа стрип-приказна е развиена од млади луѓе коишто самите живеат со ХИВ и се членови на „Заедно посилни" и ги отсликува дилемите, стравовите и соочувањето со нив на главниот јунак пред да направи тест и по дознавањето на својот статус. Таа, исто така, го илустрира и достапниот систем за поддршка на луѓето со ХИВ во рамките на институциите и на ниво на заедницата, појаснуваат од здружението.

Печатената верзија на стрипот ќе биде дистрибуирана бесплатно преку повеќе организации и локали, а може да се подигне и од просториите на Здружението во Дебар Маало. Електронското издание ќе биде промовирано преку социјалните медиуми и ќе може да се преземе од сајтот на „Заедно посилни".

Здружението се приклучува на Европската недела на тестирањето и нуди секојдневни услуги за бесплатно и анонимно тестирање од 16 до 20 часот во периодот од 25-30 ноември.

– Секој заинтересиран ќе може да го провери својот ХИВ-статус за време од 30-тина минути, а за тоа не се потребни документи за лична идентификација. Посетителите, исто така, може да добијат сеопфатни и современи информации во врска со заштитата од ХИВ, односно живеењето со овој вирус и неговото лекување, како и други информации во врска со сексуалното здравје, соопштија од Здружението.

Здружението органира и отворен ден за одбележување на Светскиот ден на СИДА на 1 декември во "Short bus".

Активностите се овозможени со поддршка од Министерството за здравство – Програма за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2020 г., Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и програмата Цивика Мобилитас. Годинава, со поддршка во активностите на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ се придружи и Ротари клубот „Скопје – Камен мост".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85%.

Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на одлуката од 28.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384% и кај мазутот намалувањето е за 1,807%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 6.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,597 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 ден/кг и сега ќе изнесува 49,597 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НОБ: „Турандот“ од Џакомо Пучини – грандиозна музика и драматична приказна на 9 октомври

На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар.

НОБ: „Турандот“ од Џакомо Пучини – грандиозна музика и драматична приказна на 9 октомври

На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар, препознатливо по својата грандиозна музика, драматичната приказна и незаборавните вокални моменти.

Со изведбата ќе диригира Џанлука Мартиненги од Италија, додека режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако од Италија, чие име е синоним за врвни оперски продукции. Кореографијата е на Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи Николина Јаневска, додека улогата на Калаф ќе ја толкува гостинот од Кина, тенорот Ѕ-Жао Гуо. Во улогата на Лиу ќе настапи Биљана Јосифов, Тимур ќе го толкува Игор Дуловски, а во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Никола Стојчевски, Јане Дунимаглоски, Диме Петров, Марјан Николовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив по широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најпознатите во оперската литература – „Никој не спие“ („Nessun dorma“).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицина

Нобелова награда за медицина  попладнево добија тројца научници за откритија во оптогенетиката.

Тројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицина

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им е доделена на научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел.

Нобеловата награда за медицина денес им беше доделена на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за истражување на мозочната активност што опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Добитниците на наградата беа објавени на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, со што започна неделата на доделување на Нобеловите награди, пренесува АП.

Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони долари.

Нобеловиот комитет ја пофали работата на тројца научници на откритија поврзани со оптогенетиката, која овозможува активирање или деактивирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок.

„Овој метод сега се користи во лаборатории ширум светот за да се откријат тајните на мозокот“, напиша Комитетот на мрежата X.

Хегеман и Нагел открија протеин познат како каналродопсин, пред Дајсерот „да го претвори тој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина“, објасни Нобеловиот комитет. Нивната работа ги постави темелите за нова ера во невролошките науки, додаде Комитетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер