Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
2Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
КошаркаЗдружението на прволигаши ги нападна репрезентативцитеЗдружението на кошаркарските прволигаши во Македонија преку отворено писмо ги нападна репрезентативците кои го бојкотираат стартот на подготовките за ЕП поради поради правилото за шест странци во клубовите од домашното првенство.- Македонската репрезентација се соочува со бојкот на дел од репрезентативците, потпомогнати од најзасегнатите играчи, а повеќето од нив не се ни дел од репрезентацијата. Било какви промени во однос на правилата за натпреварување се со цел за напредок на кошарката во Македонија. Иницијативата и изгласувањето на оваа промена во однос на бројот на странци во една екипа е со цел нивото на игра да се крене на едно позавидно и попрофесионално ниво, стои во дел од соопштението на ЗПМ. Претставниците на клубовите ги повикуваат кошаркарите да ја преиспитаат својата одлука и да имаат соодветен однос кон дресот со националните бои. - Без разлика на староста, играчките капацитети и досегашните индивидуални достигнувања, на секој играч кој ќе биде повикан да ги брани боите на националниот дрес, треба да му претставува особена чест и гордост, а пред сѐ обврска кон својата земја.Опкружени од бројни примери каде што многу поголеми играчи кои освоиле многу повеќе со своите тимови и репрезентации, со гордост се враќаат да играат за своите држави, Македонија се соочува со бојкот кој единствено може само да и наштети на македонската кошарка се вели во реакцијата на ЗПМ по одлуката на Здружените на кошаркари (ЗКМ) за бојкот на репрезентацијата. Од ЗПМ потенцираат дека кога се работи за пари играчите целосно се подготвени да одговорат на задачите, а кон репрезентацијата не е таков односот. - За жал, ние сме сведоци на сосема поинакво сценарио, каде играчите се 100% подготвени да одговорат на било која финансиска понуда на некој клуб, а истовремено да ескивираат и да пронаоѓаат безброј оправданија тоа да не го сторат за репрезентацијата. Очигледно е дека парите се „послатки“ од честа да се носи дресот на својата земја, која разбирливо не е финансиски поткрепена опција, но ниедни пари не можат да го платат успехот на една нација која беше постигнат пред неколку години, е соопштуваат од ЗПМ. Здружението на прволигашите ја повикува федерацијата да преземе санкции кон они кои бојкотираат. - Ја повикуваме Федерацијата да постапи во согласност со правилата и ингеренциите кои ги има кон сите регистрирани играчи. Доколку не ги почитуваат одредбите на Федерацијата и не одговорат на повикот на позивот за репрезентацијата, истите да бидат санкционирани со соодветни казни и суспензии. Ние како здружение на прволигаши ќе ја поддржиме ваквата одлука на Федерацијата, а истовремено ќе заземеме став со кој сите играчи кои се под договор во своите клубови да бидат исто така суспендирани, пишува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЗдравјеКлековски се сретна со повредените од „Пулс“Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалКристијано Роналдо казнет со 255 евра!Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра. Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика. Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ. Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина. „Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“. Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп. Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook