3Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар
3Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
ЗдравјеЗдружението на приватните гинеколози и акушери бара јасни правила за примарната здравствена заштитаЗдружението на приватните гинеколози и акушери предупреди дека примарната гинеколошко-акушерска здравствена заштита се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Лекарите истакнаа дека ваквата состојба создава хаос и неправедно ја префрла одговорноста врз нив наместо институционално да се уреди. - Недефинирани се стандардите за бројот на потребни прегледи, индикациите за прегледи. Прегледи има многу на барање на пациентките, надвор од стандардите. Постојат медиумски промоции дека сите прегледи се бесплатни, а оваа правна и договорна нејасност со години создава рачни толкувања и ја става одговорноста неправедно врз лекарите - соопштија тие на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство. Здружението посочи дека проблемот не е во самите превентивни прегледи, туку во недостигот на јасно дефиниран сет на услуги, што треба да биде покриен со капитацијата што ја плаќаат пациентките преку здравственото осигурување. Посочија дека се обратиле до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за решавање на проблемот. - Со оглед на сè подлабоката криза и состојбите во кои ниту давателите на здравствени услуги ниту нашите пациентки имаат јасна слика за правата и обврските, испративме барање до двете за нас релевантни и партнерски институции: Министерството за здравство преку своите надлежности да доизготви клинички упатства, кои, меѓу другото, ќе значат и системско подигнување на стандардите за примање и давање примерна здравствена заштита на ниво до европските стандарди, и до Фондот за здравствено осигурување за ревидирање на постојниот договор со имплементација на сет услуги според упатствата од Министерството за здравство - истакнаа тие дополнувајќи дека до сега не добиле одговор. Од Здружението порачаа дека остануваат на ставот за итно отворање дијалог со институциите, со цел ревидирање на постојниот договор и воспоставување транспарентен и одржлив систем во интерес на пациентките и примарното здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава. Тоа е вистинското лице на оваа криминалната власт. ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница. И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот. Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно: Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар? Зошто документите се кријат од јавноста? Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење? Криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните. Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно. Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени? Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа. Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода. Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема. Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема. Само изјави, контрадикторни информации и „чувства“. Граѓаните на Гостивар не бараат славење, партиски прослави и здравици. Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност. Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнтер бара ново засилување во АнгалијаИталијанскиот фудбалски шампион Интер продолжува со „шопинг“ во Англија. Откако ова лето го ангажираше централниот дефанзивец Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити како слободен играч и му плати 30 милиони евра на Тотенхем за десниот бек Џед Спенс (26), италијанскиот тим кој ја освои двојната круна тргнува по уште еден Англичанец. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе понуди 30 милиони евра за играчот за врска на Ливерпул, Кертис Џонс (25) – сума за која се очекува да биде доволна, со оглед на тоа што договорот на Џонс истекува следното лето. Џонс има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 гола и забележал 25 асистенции.Тагови: Интер Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСредно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.Средното училиште Heilige-Drievuldigheids college (HDC)“ во Лувен воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“, во кој припадниците на белгиската војска и локалната полиција ќе ги учат учениците за геополитика, заштита на податоци, радикализација и конфликт. Курсот, кој ќе биде воведен во септември, ќе го посетуваат студенти од трета година по спортски науки еднаш неделно, а „HDC“ ќе биде првото училиште во Белгија што ќе воведе таква програма, објави „VRT“. Директорот на училиштето, Франк Бајенс, рече дека целта е учениците подобро да ги разберат безбедносните прашања и да ја развијат способноста да формираат свои мислења, наместо да ги подготвуваат за кариера во војската. Покрај геополитиката и радикализацијата, лекциите ќе опфаќаат превенција, право, етика и заштита на податоци. Учениците нема да учат како да ракуваат со оружје или самоодбрана како дел од курсот. Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти. Директорот рече дека учениците генерално позитивно реагирале на новиот предмет, но дека некои родители изразиле загриженост за можното поттикнување на „воена реторика“. Бејнс одговори дека целта е токму спротивна - учениците да можат да формираат свои мислења преку познавање на безбедносните прашања. Фото: ВИ Извор: Б92Тагови: Белгија Средно училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook