3ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
МакедонијаЗдружението на историчари на Македонија со реакција по повод заедничкото чествување на ДелчевДоколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност.Здружението на историчарите на Република Македонија изразува револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност. Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија. Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев? Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија? Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена? Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ? Здружението на историчари на Република Македонија, ќе организира серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година. Здружение на историчарите на Република МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработкаНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа. НУ Народен театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и културата. Народен театар Битола – со корени во традицијата, со поглед кон светот!Тагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за женитеОва не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми.Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените. Со кој морал, со кој образ и со кое чувство на политичка надмоќ раководството на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партнер на младите и жените во спречувањето на насилството, кога во Собранието двапати – не еднаш, туку двапати – го одби предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за следење на насилниците? „До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа „решете си го проблемот дома“, токму зад тие четири ѕида жени секојдневно живеат во страв, трпат насилство, молат за помош, а некои никогаш не излегуваат живи! Ова е насилството што го нормализиравме во Македонија“, вели претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Ова не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми. Наместо да пишуваат празни соопштенија и да се кријат зад половични решенија кои со месеци ги држат заглавени во собраниските фиоки уште од летото, власта имаше конкретен, сеопфатен предлог доставен од ЛДП – закон кој прецизно уредува не само воведување на електронската нараквица, туку и начинот на нејзина употреба, случаите во кои е задолжителна и итните мерки за заштита на жртвите. Да имаше ЛДП самостојно мнозинство во Собранието, овој систем одамна ќе беше функционален и ќе спасеше човечки животи, но во вакви услови неопходна е парламентарна поддршка. Затоа порачуваме: имате мнозинство во Собранието, веднаш прифатете го и изгласајте го предлогот на ЛДП! Престанете да испраќате лицемерни соопштенија додека институциите и јавноста секојдневно се соочуваат со сѐ повеќе пријави за насилство кое завршува трагично. Секое ваше ново оправдување без конкретни дела само го зголемува гневот кај граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook