Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
БалканЗдружението на граѓани на Косовско-митровачкиот округ ќе блокира четири административни преминиПретседателот на Здружението на граѓани на Косовско-митровачкиот округ Раша Ројевиќ најави дека денеска ќе почне повеќедневна блокада на административните премини на Србија кон Косово, јави дописникот на МИА од Белград.Ројевиќ за српската новинска агенција Бета изјави дека блокадата ќе ја организираат српските здруженија на граѓани од Косово и Метохија и дека ќе бидат блокирани четири од пет административни премини од правец на централна Србија и Црна Гора. Како што најави, блокадите ќе започнат во 18 часот и ќе траат „додека косовските полициски сили не се повлечат од северот на Косово и додека не се вратат узурпираните институции на Србите“. - Ќе ги блокираме премините Брњак, Јариње и Мердаре од страна на централна Србија, и премин Кула кон црногорската граница на патот Пеќ-Рожаје. Административниот премин Кончуљ засега нема да биде блокиран. Ќе пропуштаме само болнички возила, како и сите други возила и патници со српски документи. Ако српските документи не важат во Косово, тогаш документите на таканаречената Република Косово не можат да важат ниту во централна Србија, рече Ројевиќ и додаде дека во блокадата на секој премин ќе учествуваат најмалку 400 лица. По повод најавените блокади на премините, косовското Министерство за надворешни работи ги повика граѓаните, вклучително и оние од дијаспората, да избегнуваат патување низ Србија. Косовската полиција на 30 август влезе во сите простории во кои беа сместени привремените општински власти на Република Србија на северот на Косово. Претходно, косовските власти ги укинаа српските регистарски таблички, возачките дозволи и сите други документи издадени од Република Србија, пошти, бензински пумпи на НИС. Пред два дена беа отстранети натписите на сите институции на Република Србија и заменети со табли на Република Косово. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо продажба монета од еден долар со ликот на ТрампЛикот на Доналд Трамп се појави на американска монета, што го прави првиот жив претседател што се појавил на американската валута по повеќе од еден век. Ковачницата на пари на САД во среда издаде комеморативна монета од еден долар со портретот на Трамп и зборовите „во бог веруваме“. Монетата е издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си. Ковачницата соопшти дека специјалната серија монети го отелотворува „духот, гордоста и наследството на една нација што се приближува кон својата историска годишнина“. Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а кеса од 100 чини 154,50 долари. Само неколку часа по почетокот на продажбата, веб-страницата на ковачницата објави дека сите залихи се распродадени. Монетата е „дизајнирана да ја прослави оваа историска национална пресвртница“, а нејзиниот дизајн „што се случува еднаш во генерацијата“ треба да стане „истакнат додаток на модерните колекции“, додаде ковачницата. Монетите се достапни и преку автомати во продавницата на ковачницата на САД во Вашингтон. 🇺🇸🪙 EUA lançam a moeda oficial de um dólar com o rosto de Donald Trump 🏦 A Casa da Moeda dos EUA colocou oficialmente à venda a nova moeda comemorativa de um dólar com a efígie do presidente Donald Trump, para celebrar o 250º aniversário da independência do país. 👉 Trump… pic.twitter.com/FXAVJSLfXk — Sputnik Brasil (@sputnik_brasil) September 2, 2026 Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометМинистерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер КупотМинистерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид. РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување. Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот. „Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени. Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook