Здружението „Македониум“ од Белград ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик - Канал 5

Здружението „Македониум“ од Белград ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

 Здружението „Македониум“ од Белград ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со свечена академија вечер од 19 часот во Градската библиотека во Белград.

Здружението „Македониум“ од Белград ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На настанот ќе биде промовирана книгата „Континуитетот на македонскиот јазик 1“ од проф. д-р Соња Новотни и проф. д-р Михајло Марковиќ, кои ќе одржат и предавање на тема „Македонскиот јазик – пламен на зборот“.

Програмата ќе биде збогатена со музичко интермецо на ансамблот „Македониум“ и со поезија на билингвални поетеси Ангелина Бачева Орбовиќ, Весна Стојкоска и Искра Пенева.

Здружението „Македониум“ соопшти дека речиси 20 години ја промовира македонската култура, уметност, јазик и традиција пред белградската публика, со реномирани гости од Македонија со што, како што соопшти, им дава значење и поголема видливост на уметниците со македонско потекло од дијаспората кои живеат во Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиони

На дваесетина локации МВР денеска извршува претреси, а во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Голема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиони

Акцијата следува по истрагата што внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси.

Системот функционирал така што граѓаните фиктивно пријавувале изгубена возачка дозвола и поднесувале барање за нова. При фотографирањето и процесирањето на документот, корумпирани службеници во управните служби на мвр директно во системот им ги допишувале бараните повисоки категории. Се шпекулираше дека за услугата наплаќале тарифа од околу 1.400 евра.

Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободни

ВМРО-ОКГ и Мицкоски повторно ја врти плочата: Врховниот суд ја укинал пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – и сето тоа е „судство под контрола на СДС“.

СДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободни

Класична проекција на арамијата Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Две и пол години сте на власт.

Вие ја презедовте полицијата.

Вие ја презедовте АНБ.

Вие ги презедовте обвинителствата.

Вие ги презедовте судовите.

Вие ги именувате кадрите.

Поставувате сопруги на функционери на ВМРО-ОКГ, кадри на Сашо Мијалков, советници на Мицкоски, партиски послушници.

Вие седнувате до државниот обвинител и испраќате закани за „расчистување со талогот“.

Мицкоски, преку телефон, телевизија и собраниската говорница, нарачува истраги.

Менува и избира обвинители преку телевизија. Ги навредува поранешните обвинители и ги нарекува медиокритети.

Вие ги ослободувате Латас и Груевски. Вие си го враќате имотот стекнат преку криминал, измислувајќи апелациски дефиниции…

Сето тоа го правите вие и Мицкоски, вашиот шеф на бандата.

А сега, кога некоја одлука не ви одговара - повторно е „вина на СДС и ДУИ“.

ДУИ со кои договарате вонредни избори?

Кога вашиот возач зема мито – се оградувате.

Кога телохранителот на Мицкоски тепа жена – вие го ослободувате.

Кога 5 тони дрога ги испраќате преку граница до сестринската СНС и Вучиќ – нема одговорни.

Ги отфрлате пријавите до обвинителството за Мицкоски и членовите на бандата преку ноќ.

Пријавите за труење на водата стојат во обвинителството и никој не ги гледа.

Кога вашите кадри се вмешуваат во тендери – молчите.

Кога вашите луѓе имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши – молчите.

Кога вашите министри го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид – молчите.

Но кога судска одлука не ви се допаѓа – веднаш е „контрола на опозицијата“.

Сакате да го прикриете фактот дека институциите сега се под ваша контрола и дека правдата е селективна - за вашите луѓе една, за другите друга.

Но, не може.

Сите веќе знаат.

СДСМ бара едноставно:

Независно судство.

Независно обвинителство.

Еднаква примена на законот за сите - без разлика дали се викаат Мицкоски, Јанушев, Тошковски или некој друг.

Затоа СДСМ ја сака Европа, затоа што Европа носи независно правосудство и европско обвинителство.

А затоа вие не ја сакате Европа, бидејќи тогаш вашата организирана криминална група, со шефот Мицкоски, веќе би била зад решетки.

Додека тоа не се случи, додека не се ослободат институциите, а власта не се врати во рацете на народот, секоја приказна за „судство под контрола на СДС“ е само уште една лага од организираната криминална група што ја зароби државата.

Да е правосудството слободно, вие немаше да бидете слободни.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана

„На јавната дебата имаше поединци кои беа очигледно инфилтрирани со цел да прават театар, да снимаат со мобилни телефони и потоа селективно да пренесуваат само она што им одговара.“

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – Барутана.

„На јавната дебата имаше поединци кои беа очигледно инфилтрирани со цел да прават театар, да снимаат со мобилни телефони и потоа селективно да пренесуваат само она што им одговара. Затоа, барам јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за нивниот навредувачки и нахален однос кон советничката Виолета Велковска и администрацијата која го образложуваше Нацрт-Дупот“, истакна Герасимовски.

Тој посочи дека со селективното снимање и вадењето делови на диксусијата од контекст, без одговорите на општинските урбанистите се создаде искривена слика за целата презентација, при што, наместо стручната презентација и одговори, во јавноста беа објавени само делови кои одговараат на одредена политичка групација.

„На јавната презентација имаше стручни лица, имаше администрација која беше таму да објасни што предвидува планот, но наместо аргументирана дискусија имавме напади, навреди и непрофесионален однос“, рече градоначалникот.

Герасимовски нагласи дека критиката и различното мислење се составен дел од демократската дебата, но дека тоа не може да биде оправдување за навреди и непочитување кон луѓето кои ја претставуваат институцијата.

„Може да не се согласуваме, може да критикуваме, може да имаме различни ставови. Но не дозволувам навреди и нечовечки однос кон службите и кон советниците. Искрено, граѓаните на Центар не заслужуваат таков однос од која било советничка група“, истакна Герасимовски.

Во однос на самата постапка за Нацрт-ДУП-от за Барутана, градоначалникот посочи дека јавноста треба да ги знае фактите и да не се доведува во заблуда со неточни тврдења.

Тој нагласи дека претходниот ДУП е укинат со судска одлука и дека законска обврска на локалната самоуправа е да започне постапка за изработка на нов план.

„ДУП-от беше укинат и наша обврска како локална самоуправа е да започнеме постапка за нов план. Кога се прави нов план, нацртот доаѓа во Општината и во Градот, при што се вклучени и стручните служби, службите за урбанизам и други надворешни надлежни институции. Планот не го носи, ниту го образложува градоначалникот“, појасни Герасимовски.

„Не дозволувам од ова да се прави политички театар и да се собираат политички поени со лаги и конструкции. Ако некој има забелешки за планот, слободно нека ги каже. Затоа и ја организиравме јавната дебата, каде граѓаните ќе можат да го слушнат и стручниот дел и да им бидат појаснети сите детали и дилеми, а не да се пласираат неточни информации и да се замајува јавноста со приказни за некакви нови 25 парцели“, рече Герасимовски.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер