МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
2МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
1Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
3 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
ЗдравјеЗдравството на 19 земји е пред колапс поради недостиг на кислородДесетици земји ширум светот се соочуваат со сериозен недостиг на кислород поради зголемувањето на случаите на Ковид-19, и тоа се заканува да предизвика „тотален колапс" на нивните здравствени системи.Деветнаесет земји ширум светот – вклучувајќи ги Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка – се сметаат за најранливи откако од март досега регистрираа огромно зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. Тие држави вакцинирале помалку од 20 проценти од нивната популација. Ова се заклучоците од анализата спроведена од Бирото за истражувачко новинарство, кое ги проучуваше податоците на коалицијата „Секој здив се брои", невладината организација „Пут" и Клининтовата иницијатива за пристап до здравствена заштита, пренесува британскиот весник Гардијан. Постои загриженост дека други азиски земји како Лаос се во опасност, како и некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија, Етиопија, Малави и Зимбабве, кои имаат помалку разработени системи за испорака на кислород, наведува британскиот весник, додавајќи дека само мал пораст на побарувачката може да создаде големи проблеми. – Многу од овие земји се соочија со недостиг на кислород пред пандемијата, изјави Лит Гринслејд, координаторка на коалицијата „Секој здив се брои". Таа додаде дека состојбата од минатата година во Бразил и Перу, и повторно во јануари годинава, требаше да биде повик за тревога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Шоу бизФото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердувиСветската музичка ѕвезда Ријана повторно блесна на карневалот во нејзиниот роден Барбадос, појавувајќи се во спектакуларен костим украсен со скапоцени камења и пердуви. Креацијата е дело на нејзината долгогодишна соработничка, Лорен Остин. Иако во последно време ретко се појавува на црвениот тепих, 38-годишната пејачка привлече големо внимание на парадата „Гранд Кадумент“ (Grand Kadooment) во Барбадос, со која беше заокружен традиционалниот карипски фестивал „Кроп Овер“ (Crop Over). Веднаш по нејзиното појавување, социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од пејачката во раскошната креација, која беше специјално изработена за оваа прослава. Ријана носеше впечатлив костим украсен со накит и реси, кој дополнително ја истакнуваше нејзината фигура. Според списанието „Вог“, таа се придружи на групата на нејзиниот брат наречена „Аура“, а за нејзиниот изглед се погрижи локалниот дизајнер Лорен Остин. Посебен впечаток оставија големиот украс за глава со шарени детали и накит, како и раскошната опашка од пердуви што се спушташе сè до земјата. Лорен Остин, кој уште од 2013 година изработува карневалски костими за пејачката, претходно за „Вог“ изјави дека Ријана има смел и впечатлив моден стил. – Таа не се плаши да носи што сака и кога сака – рече дизајнерот. Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРеките во Хрватска на историски ниски нивоаХрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, во комбинација со долготрајната суша, ги спушти водостоите на реките на историски ниски нивоа и почна да предизвикува проблеми во енергетскиот сектор, пловидбата и водоснабдувањето. Поради високите температури на реката Сава, Нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти. На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниски водостои. „Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови. Ниските водостои веќе ја попречуваат пловидбата, го запреа фериботскиот сообраќај кај Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и за делови од системот за водоснабдување во Славонија и Далмација. ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремни горештини за цела Хрватска за денес и утре, додека метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предвидува дека температурите на истокот од земјата до утре би можеле да достигнат и до 42°C.Тагови: реки Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираатПриходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%. Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4% од планот и бележат раст од 10,3%. Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5% повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година. Имено податоците за реализацијата на овие изворни приходи упатуваат на одржување на тренд на стабилност и раст во економијата, на што упатуваат и за последните податоци објавени за индустриското производство во јуни кога е забележан раст од 6,5% во споредба со истиот месец минатата година. На расходната страна значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што е раст од 39,6% во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година. Исто така, за поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка. Исто така, извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook