Здравство предлага правилник – како подобро да се третираат пациентите болни од рак - Канал 5

Здравство предлага правилник – како подобро да се третираат пациентите болни од рак

Од појавата на првите симптоми за заболување од рак кај пациентот до извршувањето на првата дијагностика да не поминат повеќе од една недела, а хистопатолошките наоди да не се чекаат подолго од 21 ден.

Здравство предлага правилник – како подобро да се третираат пациентите болни од рак
Доколку наодот е позитивен истиот да биде поставен пред тумор бордот со цел побрзо да почне лекувањето. Министерството за здравство преку систем со 30 клинички патеки во болниците ќе го подобрува третманот за болните од малигни заболувања.

- Со клиничките патеки е утвредно по добивање на позитивен наод да биде доставен или поставен на тумор-борд и целокупниот тек на лекувањето да се врши согласно медицина базирана на докази и меѓународните стандарди. Националната клиничка патека за малигни заболувања ќе биде целосно инкорпорирана во националниот систем „мој термин“ и при појава на индикација или дијагноза самиот систем ќе обезбедува термини за дијагностички процедури во предвидениот рок со издавање на „приоритетен упат“. Тоа е намерно направено за да нема влијание од човечкиот фактор при кририањето на термините,истакна Никола Тодоров министер за здравство.

Патеките ќе бидат поставени на веб страната на министерството за здравство и до крајот на неделава ќе бидат ставени за дискусија со цел подобро да биде организиран системот.

- Оваа новина е особено значајна имајќи во предвид дека станува збор за чувствителна категорија на лица кои поради природата и типот на болеста не смеаат или не треба да чекаат. Целта со дефинирањето на клиничките патеки е да се утврди максималното време на чекање, односно од моментот на појава на индикација (суспекција) до извршување на првата дијагностичка процедура да не поминат повеќе од седум дена, а за добивање на хистопатолошки наод да не се чека подолго од 21 ден, изјави Никола Тодоров министер за здравство.

Изотвени се клинички патеки за третман заболувања кои најчесто се појавуваат:карцином на дојка, бели дробови, карцином на дебело црево, карцином на кожата, коскени тумори, карцином на грло на матка, тироидна жлезда, желудник, бубрег, бешика.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер