3Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
ЗдравјеЗдравство го доби извештајот од ДСЗИ , вработените со 13 прашања до ИљазиДржавниот санитарен и здравствен инспекторат го достави извештајот по направениот увид во Клиниката за токсикологија до министерот за здравство Илир Демири. До овој момент од министерството не дале никаков одговор за медимите што тие би презмеле откако ДСЗИ утврди дека директорката нема правен основ да ги вработи 18те претходни вработени со договор на дело бидејќи не потпишал и медицинскиот директор. По добивањето на извештајот министерството за здравство ја задржува надлежноста да го реши проблемот и да утврди соодветни активности. Денеска вработените од токискологија преку медиумите и поставија прашања на организациската директорка Бесија Иљази. Во 13 те прашања тие велат дека ги знаат одговорите но дека одговорите треба да ги знае и јавноста. Межу поставените прашања се: Дали е точно дека последните две недели е со видео надзор без согласност на управниот одбор? Дали е точно и по преставка од 14 медицински сестри една медицинска сестра е вратена на работа пред истекот на договор на работа пред другите договорци? Како и враќање на болничар на работа кој направил обид за за земена на урина? И дали и во овие случаи станува збор за непотизам како што Иљази зборот често го споменува. Како и прашање за оставање на лабораторијата без биолози на сметка на вработување на нерелевантни кадри. Ваквите прашања во писмена форма до медиумите стигнаа од како Иљази во писмено соопштение забрани комуникација со медиуми од страна на вработените. За ова соопштение реагираа и од ЗНМ дека е недозволиво забрана за комуникација со новинари. Вчера на прес конференција директорката на ДСЗИ Младеновска изјави дека по инспекцискиот надозр во клиниката било констатирано дека неправилно биле вработени само со еден потпис на Иљази. Од антикорпуциската комисија за канал 5 потврдија дека отворен е предмет за Иљази за непријавен имот, а за отворање на други предмети за неа се во фаза на прибирање на информации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони. Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат. Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години. Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен. Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак. Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година. Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците. Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг? Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство? Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат? Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ. Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации. Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Скопје, 16.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
БалканВидео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредениИ третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите. Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници. Albanian police are now beating high school students in the streets of Tirana, as anti-government protests by young people spread to other cities, from Elbasan to Vlora. An Assembly session scheduled for today was cancelled. [Video: Osman Stafa] https://t.co/CnKoL0VFo7 — Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) October 15, 2026 Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана. Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама. Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања. Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата. Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата. Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции. Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат. Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter