Здравствените проблеми на Вучиќ и Фицо причина за медиумски шпекулации - Канал 5

Здравствените проблеми на Вучиќ и Фицо причина за медиумски шпекулации

Здравствените проблеми на Вучиќ и Фицо причина за медиумски шпекулации поврзани со нивното присуство на парадата во Москва .

Здравствените проблеми на Вучиќ и Фицо причина за медиумски шпекулации

Во пресрет на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот со воена парада на 9 мај во Москва, единствените двајца европски лидери, покрај претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кои најавија учество на овој настан, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, неочекувано ги откажаа своите активности за наредните денови, што беше причина за појава на шпекулации на социјалните мрежи, но и во некои медиуми.

Така, рускиот портал 360, без да понуди никакви докази, пласираше теза дека двајцата политичари можеби биле отруени за да бидат спречени да отпатуваат во Москва.

Други руски портали цитираа политички аналитичар кој оцени дека Вучиќ и Фицо можеби лажираат дека имаат здравствени проблеми од „стратешки причини“.

Вучиќ во саботата беше хоспитализиран во болницата во Белград, откако предвреме се врати од посетата на САД, поради, како што беше образложено, здравствени причини. Лекарите подоцна соопштија дека неговата состојба е стабилна, наведувајќи дека причина за хоспитализацијата бил покачен крвен притисок.

Засега сепак е неизвесно дали Вучиќ ќе отпатува за Москва. Српскиот вицепремиер Синиша Мали изјави дека конечната одлука за тоа ќе биде донесена за неколку дена.

Фицо, од другата страна, изврши измени во неговиот распоред на активности за оваа недела, при што ја откажа и најавената посета на Велика Британија, без да бидат дадени причини за промените.

Словачките медиуми шпекулираа дека ваквите промени можеби се поврзано со здравствени проблеми на Фицо, кои се последица од обидот за атентат врз него од пред една година.

Сепак, Фицо вчера одржа прес-конференција на која изјави дека неговите планови за патување во Москва на 9 мај не се променети.

На новинарско прашање за неговата здравствена состојба, Фицо одговори: „Моето здравје не е ваша работа“.

- Постојат работи поврзани со нападот што понекогаш ме спречуваат да седам во автомобил четири часа. Тоа е се што ќе кажам, изјави Фицо, негирајќи ги информациите дека не е во можност да ги извршува своите должности.

Европската Унија изминативе недели во неколку наврати им препорача на лидерите на земјите членки и на државите кандидати за членство во ЕУ да не присуствуваат на манифестациите во Москва поврзани со одбележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа на 9 мај.

Според ЕУ, Русија ги користи ваквите настани за да ја оправда својата агресија врз Украина, па присуството на нив само ќе и даде легитимитет на руската инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер