Мицкоски: Историски резултат за ВМРО-ДПМНЕ што обврзува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски, но и обврзувачки за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти.

Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече тој.

На прашањето дали Изет Меџити ќе биде новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Со резултатот кој што го направија од ВРЕДИ со 107.000 гласа ценам дека тие го потврдија својот кредибилитет и тие можат да бидат кредибилен партнер во идната влада која што ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар, потенцираше Мицкоски.

Крис Џенер соопшти дека има рак

Крис Џенер, познатата менаџерка и мајка на сестрите Кардашијан-Џенер има тумор.

Таа тоа го објави во новата сезона на нивното семејно реално шоу, наведувајќи дека се работи за „мал тумор“.

„Тие пронајдоа циста и мал тумор“, рече Крис, а Кајли веднаш почна да плаче.

Во моментов не е познато во каква состојба е познатата менаџерка, но се очекува таа наскоро да контактира со своите фанови преку некоја од социјалните мрежи и да објасни сѐ.

Инаку, сето ова се случува неполн месец по смртта на нејзината помлада сестра Карен Хатон.

Крис има 68 години, а на познатиот адвокат Роберт Кардашијан му роди 4 деца: Кортни, Ким, Клои и Роберт и на Брус Џенер кој во меѓувреме го промени полот и стана Кејтлин, ќерката Кајли.

Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина денеска втората пречка на фјучерсот во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во второто коло беше поуспешна од првата носителка Маи Хонтама од Јапонија, совладувајќи ја во два сетови со 6-3, 6-1).

Дуелот траеше два часа и девет минути игра.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против осмата носителка, Вероника Ерјавец од Словенија.

притисни ентер