Лишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената
1Лишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
1Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
3Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
Веб ТВЗдраво Македонијо - 26.08.2026 - Лара ДенковиќFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаЛишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 26.08.2026 во 22:15 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенз“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На 27.08.2026 во 05:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А.(32) од Холандија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаПочнува реализацијата на гасоводот Македонија – Србија, потпишан договор во владата Потпишан договорот за градба на гасоводот со Србија вреден 29,4 милиони евра. Потпис на него денeска во владата ставија директор на АД „Номагас, Недим Рама, и директорот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски. Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Сања Божиновска Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот. Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици. Рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија.Фројд вели: Ако личност која самата мами, лаже или манипулира постојано, ги обвинува другите за измама, лажење или манипулација, фројдовски би можело да се каже дека таа личност ја ослободува од себе сопствената неприфатлива содржина и ја препознава во другиот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија. Рече дека кај опозицијата „работи Фројд“ и дека ние мислиме дека сите се однесуваат како што се однесувале претходните власти - лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги граѓаните. Што би рекол Фројд за Мицкоски? Фројд би рекол дека станува збор за класична проекција. Кога некој постојано зборува за тајни зделки, а истовремено тврди дека „ништо не правиме тајно“, кога најавува преговори со „голема мултинационална компанија“ без да каже која е, кога ја поврзува изградбата на гасни централи директно со дата-центри, а претходно со месеци ја криеше суштината на проектите - тоа е проекција на сопствениот начин на работа. Фројд би го објаснил ова и како механизам на самоодбрана наречен одрекување. Мицкоски тврди дека сè ќе биде јавно и транспарентно, а во исто време признава дека преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и дека една од нив е голема мултинационална компанија - но името, условите, количините на струја и вода што ќе ги трошат, локациите и гаранциите за граѓаните остануваат зад завесата. Ова не е стратегија за развој. Ова е обид да се прикрие дека и овојпат се работи за истиот модел: ресурсите на државата (струја, вода, земја) да се стават во функција на странски интереси, додека домашните граѓани остануваат без одговори - исто како што останаа без одговори за Гостивар, за загадените реки, за анализите што никој не ги потпишал. Мицкоски зборува за вештачка интелигенција, Nvidia, Amazon и SpaceX, а заборава да каже дека Македонија нема ниту основна енергетска стабилност, ниту јасни гаранции дека дата-центрите нема да ја исцрпат водата и струјата што им се потребни на граѓаните. Фројд би рекол уште нешто: кога човек постојано ги обвинува другите дека лажат и крадат, а самиот одбива да даде конкретни имиња, договори и анализи - тоа не е само проекција. Тоа е признание. СДСМ бара целосна транспарентност: • Која е мултинационалната компанија? • Кои се условите? • Колку мегавати и колку вода се предвидени? • Кои локации и под кои еколошки стандарди? • Кој ќе гарантира дека граѓаните нема повторно да платат за туѓи профити? Додека овие прашања остануваат без одговор, приказните за „јавност и транспарентност“ се само уште една проекција. Граѓаните заслужуваат факти, а не психолошки игри на Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter