Здраво Македонијо - 23.10.2026 - дел 1 - Канал 5

Здраво Македонијо - 23.10.2026 - дел 1

Здраво Македонијо - 23.10.2026 - дел 1
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Сицилија, соопшти ЕМСЦ. 

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д'Орландо. Засега нема информации за штети или повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!

ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!

Ѓорѓиевски: ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!

Честит и вековит нека е 23 Октомври, денот кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што својот живот ѝ го посветија на Македонија!

Постојат идеали што времето не може да ги избрише.

Постојат завети што генерациите ги носат како најсвета должност.

Таков е идеалот за слободна, самостојна и достоинствена македонска држава.

Таков е аманетот на македонските револуционери!

ВМРО е темел вграден во македонската борба за државност.

ВМРО е непокор и пркос, решителност да се истрае и тогаш кога цената на слободата е сопствениот живот.

Во неговото историско име живее стремежот на генерации Македонци, да бидат свои на своето!

Денес, нашата должност е тој аманет да го продолжиме со дела.

Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата и да создаваме држава во која нашите деца ќе ја гледаат својата иднина.

Пред жртвата на јунаците се поклонуваме.

Пред одговорноста за Македонија стоиме исправено!

Нека биде вечен споменот за нивната борба и нека биде неугаслив пламенот на нивните идеали!

За многу години 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба!

Да е вечна Република Македонија!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски конгресмен бара САД да им воведат санкции на четворица српски бизнисмени, блиски до власта

Американскиот републикански конгресмен Џо Вилсон му испратил на државниот секретар на САД, Марко Рубио, список со барања за воведување санкции врз четворица српски бизнисмени.

Американски конгресмен бара САД да им воведат санкции на четворица српски бизнисмени, блиски до власта

Американскиот републикански конгресмен Џо Вилсон му испратил на државниот секретар на САД, Марко Рубио, список со барања за воведување санкции врз четворица српски бизнисмени, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

На списокот со предлози за санкции се наоѓаат Иван Бошњак и Стојан Вујко од компанијата Милениум Тим, Давор Мацура од Алта Банка и сопственикот на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ.

Барањето е испратено до Рубио на 14 октомври, а во него се предлага да им се забрани патување во САД и користење на американскиот финансиски систем, објави РСЕ/РС.

Во барањето четворицата бизнисмени се наведени како соработници на Александар Вучиќ, кои „користат јавни ресурси за лично богатење“.

„Тие го одржуваат неговиот корумпиран режим, работеле на поткопување на американските интереси во земјата и регионот, а исто така се активно вклучени во местењето на изборите на 25 октомври“, се наведува во барањето.

Во барањето за санкции се наведува дека Бошњак и Вујко добиваат бројни коруптивни договори со државата и кинеските компании и дека тоа ги турка западните компании надвор од Србија „во корист на систем базиран на привилегирање на деловни партнери блиски до властите“.

„Алта банка се тврди дека е вмешана во афери поврзани со перење пари, додека Пинк ТВ се тврди дека ги консолидира медиумите и служи како пропаганден медиум“, се наведува во текстот.

Конгресменот Вилсон оцени дека Вучиќ, како што се тврди, го направил владеењето на правото бесмислено и се обидел да ја уништи демократската конкуренција во Србија.

Вилсон го повика Рубио да ги преземе предложените мерки за „да се осигури дека режимот на Вучиќ не може да ги украде изборите“, додава РСЕ/РС.

Во својот одговор до РСЕ/РС, Алта банка го отфрли тврдењето дека Алта Груп, Алта Банка или Давор Мацура се вмешани во перење пари, корупција, злоупотреба на јавни ресурси или мешање во изборниот процес, и дека Мацура не е политичар, туку бизнисмен и дека банката работи под надзор на Народната банка на Србија.

Во одговорот на тимот на Милениум до РСЕ/РЛ се наведува дека компанијата работи „транспарентно и во согласност со законот“.

Компанијата за платежни услуги на Алта Груп, Алта Пеј, беше под лупа на Европската централна банка во 2024 година поради начинот на кој, заедно со Дипломат Пеј, стекна удел во австриската Адико банка, според РСЕ/РЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер