Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
2Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Веб ТВЗдраво Македонијо - 23.09.2026 - Робертино ДончевFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
БизарноЦел свет се чуди од настапите на „џинот од Африка“ (ВИДЕО)Необичните танци, пеењето и уникатниот изглед го направија препознатлив на социјалните мрежи.И, дали знаевте дека снимките на „џинот од Африка“ се скечеви од комичар од Танзанија, кој е познат на мрежите како Џејмс Њаву или - Бигмапочопочо. Неговите снимки се вклопуваат во форматот на краток, лесно споделен видео хумор кој не бара многу објаснување - необичен изглед, впечатливи движења и ситуации кои брзо се претвораат во интернет мемиња. View this post on Instagram A post shared by TripleB Bodyguard (@tripleb_bodyguard_) Но, кој е всушност човекот кого многумина го познаваат како „џинот од Африка“? Бигмапочопочо е името под кое овој креатор се појавува на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Инстаграм и ТикТок. Многу често, до него гледаме креатор познат како професорујога, или ТриплБ телохранител, кој ја презема улогата на „телохранител“. Дека ова не е само случајна вирална снимка, покажува и присуството на ова име на различни платформи. Според „Чартсекс“, Бигмапочопочо се наоѓал на врвот на листата на најпопуларни TikTok профили во Танзанија од 3 до 10 октомври 2026 година. View this post on Instagram A post shared by TripleB Bodyguard (@tripleb_bodyguard_) Рангирањето се менува од недела во недела, но укажува дека содржината привлекла значително внимание на публиката. Дел од интересот за видеата веројатно произлегува од начинот на кој е претставен неговиот лик - како еден вид „џин“ поврзан со племето Хадза кое живее околу езерото Еџаси во Танзанија. Сепак, достапните описи на содржината укажуваат на хумористични изведби, а не на документарни записи за едно од последните племиња ловци-собирачи во Африка. View this post on Instagram A post shared by james njau (@bigmapochopocho) Некои описи на интернет наведуваат дека Бигмапочопочо е по потекло од селото Кипера, во округот Мвомеро, во танзанискиот регион Морогоро. Сепак, во овој момент е тешко да се најде нешто поконкретно од биографијата на комичарот, чии видеа го привлекуваат вниманието на публиката ширум светот.Тагови: Африка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаАпел до Општина Чаир: Време е за ред, но и за решенија за станарите!Гледач на Канал 5 од Општина Чаир со писмо до надлежните за проблемот со паркирањето во општината. Неговото писмо го објавуваме во целост: „Почнува да се воведува ред во паркирањето во Општина Чаир. И тоа е за поздравување. Но, пред да почнат да се делат опомени за непрописно паркирање, неопходно е граѓаните јасно и навремено да бидат информирани каде смеат, а каде не смеат да ги паркираат своите возила. Живеам на улицата „Џон Кенеди“, една од главните улици во Чаир. Пред нашата зграда има ограничен простор за паркирање, додека делот пред поранешното трговско училиште „Цветан Димов“, денес медицинско училиште, е заграден. Во нашата зграда има два угостителски објекта, а на улицата уште десетици пицерии, ресторани и кафулиња. Секојдневно, особено во вечерните часови, гостите ги паркираат своите автомобили во околината, а ние, станарите, често немаме каде да ги паркираме сопствените возила. Прашањето е едноставно: каде се станарите во целата оваа приказна? Дали Општината планира да воведе зонско паркирање? Дали ќе се разгледа можноста за обележани паркинг-места за станарите? Дали се планираат катни гаражи или други долгорочни решенија за овој хроничен проблем? Во други делови на Скопје веќе постојат различни модели на организирање на паркирањето, вклучувајќи обележани места, рампи и паркинг-системи за станарите. Зошто и во Чаир да не се најде соодветно решение? Господине Меџити, воведувањето ред не треба да значи само контрола и опомени, туку и создавање услови граѓаните да можат да ги почитуваат правилата. Барам Општината: - Навремено да ги информира жителите за новите правила и зоните за паркирање. - Да ги утврди реалните потреби на станарите и можностите за резидентно паркирање. - Да направи план за обележани паркинг-места и подобра организација на сообраќајот. - Да обезбеди повеќе зеленило, проодни тротоари и безбеден простор за пешаците. - Да разгледа долгорочни решенија, вклучително и изградба на катни гаражи таму каде што е можно. Како жител на Општина Чаир, не барам привилегија. Барам достоинствени услови за живот, пристап до сопствениот дом, организирано паркирање и право на безбедно движење. Писмо од М.К. жител на опш. Чаир“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПознато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули .Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули и во моментов е најголемиот познат донатор на кампањата за среднорочните избори, потврди Ендру Ромео, портпарол на организацијата преку која Маск врши политички донации. Донациите на Маск се во спротивност со неговата претходна најава дека ќе го намали политичкиот ангажман и придонесите за политички каузи, објавува АП. 🔹Elon Musk has reportedly donated $276 million to help Republicans retain their Senate majority in the US midterm elections, making him the biggest known donor in the race. (The New York Times) https://t.co/bXUSWrdM9e — Indian Trends Hub | Economy (@IndianTrendsHub) October 12, 2026 „Мислам дека направив доволно“, рече Маск во мај минатата година, осврнувајќи се на неговата улога во претседателската кампања во 2024 година, кога учествуваше на изборни митинзи со сегашниот американски претседател Доналд Трамп. Во текот на првите месеци од вториот мандат на Трамп, Маск го водеше Одделот за ефикасност на владата (DOGE), но подоцна влезе во конфликт со Трамп и поднесе оставка. Двајцата оттогаш се помирија. Републиканците имаат значителна финансиска предност пред демократите на овогодишните среднорочни избори, но се соочуваат со можноста за загуби поради незадоволството на гласачите и лошите резултати на претседателот Трамп во анкетите за јавното мислење. Богатството на Маск флуктуираше оваа година, во зависност од движењата на цените на акциите, и се проценува на околу 1 трилион долари.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter