Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска
2Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска
3Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во Зрновци
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
Веб ТВЗдраво Македонијо - 14.09.2026 - дел 1Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЕХО 17 започнува вечерва со приказната за светскиот рекорд во Врело и филмот за Том ФростВечерва во Кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар започнува 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм.На отворањето, публиката ќе има можност да нурне во длабочините на подводната пештера Врело и да ја слушне приказната за експедицијата што ја истражи до рекордни 338 метри. За искуството, подготовките и предизвиците на ова истражување ќе зборуваат дел од нуркачите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. По презентацијата ќе бидат доделени три фестивалски признанија. Со нив ЕХО оддава благодарност за активности што инспирираат повторно вљубување во Македонија, откривање и заштита на нејзините природни богатства и создавање нови генерации вљубеници во природата и планините. По паузата, во 20:30 часот, започнува Frost: The Story of a Lifetime – отворачкиот филм на фестивалската програма и последниот филм на вечерта. Документарецот е посветен на Том Фрост, легендарен алпинист и една од клучните личности во историјата на модерното качување. ЕХО 17 продолжува до 30 октомври со 49 филмови, презентации и средби со домашни и странски гости, посветени на планините, природата, авантурата и културата. Со почит, Тимот на ЕХОТагови: ЕХО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБитиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата.Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата, додека домашните производители се соочуваат со откуп на струја по нула евра, а стратешките проекти „Чебрен“ и „Галиште“ остануваат без затворена финансиска конструкција. На собраниската седница на која се расправа за интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска, Битиќи отвори прашања за пазарните бариери, сомнежите за привилегирање на компании со политички врски и доцнењето на реформите што треба да ја поврзат македонската енергетика со европскиот пазар. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Битиќи: Во Северна Македонија денес имаме необичен енергетски парадокс. Сонцето ни произведува електрична енергија. Инвеститорите вложуваат сопствен капитал, европскиот пазар бара чиста енергија, а нашата држава сè уште не успева да ги поврзе овие три можности во функционална економска политика, а сепак создадовме услови во кои произведената електрична енергија во одредени часови од денот практично да ја губи својата вредност. Додека институциите доцнат со правилата што треба да овозможат нејзина конкурентна продажба. Пред сè, низ оваа противречност сакам да ја оценам и работата на министерката Сања Божиновска. Како држава повеќе немаме право на институционална пасивност, особено во време кога енергетиката ја определува конкурентноста на цели економии. Почитувани, од 1 јануари 2026 година започна дефинитивната фаза за европскиот механизам за јаглеродно гранично приспособување, познат како СИБАМ. Станува збор за нова економска реалност која директно влијае врз конкурентноста на нашата електрична енергија и врз условите под кои домашните компании ќе настапуваат на европскиот пазар. Според Енергетската заедница, во првиот квартал од 2026 година комерцијално планираната размена на електрична енергија преку прекуграничните врски на Западен Балкан со Европската Унија се намалила за цели 25%. Истовремено, просечните цени на регионалните пазари биле околу 30 евра за мегават-час пониски од цените на соседните европски пазари. Практично, имаме електрична енергија што економски вреди повеќе на европскиот пазар, а регулаторните и пазарните бариери го ограничуваат пристапот на нашите производители до таа вредност. И, почитувана министерке Божиновска, Македонија требаше навремено да воспостави две паралелни оперативно разработени програми. Првата е националната програма за исполнување на условите за временски ограничено изземање на електричната енергија од СИБАМ. Тоа подразбира завршување на поврзувањето со европскиот пазар, функционален систем за мерење, известување и верификација на емисиите, постепено воспоставување на јаглеродна цена и целосно усогласување со европските енергетски правила. Втората е програмата за поддршка на индивидуалните производители од обновливи извори со јасни процедури за докажување на реалните емисии, договори за откуп на електрична енергија, часовно мерење и акредитирана верификација во согласност со европските услови. И денеска, по две години владеење, сè уште немаме јавно претставена целосно операционализирана рамка што ќе покаже како овие две задачи ќе бидат исполнети со конкретни рокови, одговорни институции и финансиски инструменти. И ќе бидам коректен. Отворен е внатрешниот пазар на електрична енергија, а започна и процесот на проверка на законското усогласување за поврзување со европскиот пазар. Тоа се позитивни чекори, но започнатата проверка не е завршена интеграција од која зависи можноста нашите производители конкурентно да ја продаваат електричната енергија. И овде, во просторот што го оставаат незавршените реформи, пазарните бариери и институционалната пасивност, се отвора сомнежот дека во македонската енергетика се создава своевиден посебен тарифен модел: 0 евра за оние што ја произведуваат струјата и повластена заработка за оние што имаат политички врски. Постојат информации за случаи кога во часовите на интензивно сончево производство на сопствениците на фотоволтаични електрани им се нуди откуп по нула евра за мегават-час, додека истата електрична енергија понатаму се продава на пазарот во соседна држава по цени од над 30 евра. Овие информации бараат проверка на конкретни договори и трансакции. Особено е важно да се утврди кој ја презема инвестициската одговорност, кој располага со пристап до пазарите и кај кого завршува економската вредност на произведената енергија. Јавноста има право да знае дали меѓу корисниците на вакви пазарни услови има компании и поединци кои деловно или политички се поврзани со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и дали таквите врски имаат какво било влијание врз институционалното постапување или непостапување. Пазарната економија не подразбира државата да биде нем набљудувач на моќта и можната концентрација на профитот. Кога производителите се соочуваат со неповолни откупни услови, а институциите не обезбедуваат доволна транспарентност и ефективен надзор, неизбежно се отвора сомнеж за селективна заштита на економски интереси. Министерството има обврска да покаже дека правилата важат еднакво за сите, да ги испита можните поврзаности и да го забрза развојот на пазарната интеграција, батериските капацитети и системите за балансирање. Доаѓаме и до односот кон ЕВН, односно кон операторот на електродистрибутивниот систем. Законот предвидува недискриминаторски пристап, економско-технички оптимални приклучни точки и олеснување на поврзувањето на обновливите извори на електродистрибутивната мрежа. Меѓутоа, од инвеститорите пристигнуваат забелешки за долгите постапки, условите за приклучување и ограничувањето на мрежниот капацитет. Особено е сериозно што Државниот завод за ревизија во септември оваа година констатира дека не е информирана Комисијата за доделување овластувања за изградба на енергетски објекти, а не е ниту донесен потребниот подзаконски акт за критериумите за овластување. Тоа создава застој кај инвестициите од 1 мегават нагоре. Замислете ја институционалната апсурдност. Од инвеститорите се бараат капитал, проекти, дозволи и сериозна финансиска подготовка, а државата не успева навреме да формира комисија што треба да им овозможи да ја реализираат оваа инвестиција. Потребен е јавен увид во бројот на поднесени, решени и одбиени барања за приклучување, трошоците што им се наметнуваат на инвеститорите и причините за доцнењата. Ако операторот располага со доминантна позиција во мрежната инфраструктура, државата има уште поголема обврска да обезбеди еднакви и проверливи услови. Привилегијата на еден оператор не мора да биде запишана во закон. Таа се создава и кога институциите предолго не проверуваат дали правилата еднакво важат за сите. Почитувани колеги и колешки, постои уште еден пример што најдобро ја открива разликата меѓу политичката реторика и вистинската способност за развој на енергетскиот сектор. Тоа се хидроенергетските проекти Чебрен и Галиште. Во септември 2023 година Владата предводена од СДСМ избра најповолен понудувач за изградба на реверзибилната хидроцентрала Чебрен со предвидена инвестиција од речиси 1 милијарда евра. Тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разви силна кампања на политички отпор во која економските и договорните прашања сè повеќе се претставуваа како прашање на националната припадност на инвеститорот и одбрана на националните ресурси. Во февруари 2024 година, како лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски отиде дотаму што тогашната постапка ја нарече антинационална. Во тоа време патриотизмот околу Чебрен беше високонапонски. Денес, повеќе од две години подоцна, реализацијата сè уште е без напон и еве нè денес каде сме. Во мај 2025 година премиерот најави дека Чебрен и Галиште ќе се градат со средства од британскиот финансиски аранжман, со инвестиција од 1,2 до 1,3 милијарди евра. Во февруари 2026 година министерката Божиновска најави дека за еден до два месеца ќе биде појасен моделот на реализација. Во септември 2026 година премиерот веќе зборува за можност за финансирање преку Американската развојна финансиска корпорација ДФЦ. За три години ја променивте приказната за проектите Чебрен и Галиште. Сè уште немаат затворена финансиска конструкција и далеку се од започнување на изградбата. Уште поинтересно е што денес истата оваа Влада, која некогаш ја проблематизираше националноста на инвеститорот, бара меѓународно финансирање и разговори со странски финансиски институции, и тоа е сосема легитимно. Но легитимно е и да потсетиме дека патриотизмот не се мери според државата од која доаѓа инвеститорот. Се мери според тоа колку економска вредност државата успеала да создаде и да задржи за своите граѓани. И, почитувани, како социјалдемократ, за мене енергетската транзиција има и длабока општествена димензија. Нејзиниот успех се мери со сметките за струја на граѓаните, конкурентноста на компаниите и достоинството на работниците, а не само со бројот на нови мегавати. Оваа општествена димензија останува недоволно препознаена во политиките на Министерството со кое раководи почитуваната министерка Божиновска. Недостига јасна поврзаност меѓу инвестициите во енергетиката, намалувањето на енергетската сиромаштија, енергетската ефикасност и правичната распределба на економските придобивки. Можеме да имаме сè повеќе зелена енергија, а граѓаните да чувствуваат сè помалку од нејзините придобивки. Тоа е транзиција со економски потенцијал, но со недоволно споделена вредност. Нашата татковина има сонце, вода, капитал и луѓе подготвени да создаваат. Имаме сè што е потребно за енергетски развој, освен доволно функционални политики што ќе ги поврзат овие можности со европскиот пазар и со благосостојбата на граѓаните. Поради овие причини ќе ја поддржам интерпелацијата. Фатмир БитиќиТагови: Фатмир Битиќи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во ЗрновциДо кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња.Добар ден почитувани сограѓани на општина Зрновци, Денес сме овде на неколку дена пред исполнување на една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Зрновци од страна на Ванчо Митев, заедно со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да прашаме неколку работи. Дали градоначалникот ја прифати функцијата и ја доби довербата од граѓаните за како што вели онаа народната за „клати врата земај плата“. Еве безмалку една година од превземање на функцијата градоначалникот уште чекаме да објави истиот дали има нешто преземано во врска со подобрување на квалитетот на водата или само во последните два месеци добивме два негативни извештаи за забрана на вода за пиење од Центарот за јавно здравје и добивме само изготвување на договори и испумпување на општински и народни пари на неколку негови партиски активисти. Исто сакаме да прашаме дали нешто има преземано и од неговата стручна компетентност во делот на спорт или добивме згаснат фудбалски клуб и запуштено фудбалско игралиште кое беше реновирано и вратено во функција во претходните неколку години како и намалување на бројот на турнири во мал фудбал од три на еден во годината, а камоли пак да разговараме за инфраструктурни проекти во делот на спортот кои што беа ветувани како што се комплекс за млади со ролер парк и алпинистички ѕид, алпинистички план. До кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња. Иста е состојбата и во делот на културата од ветената „Културна револуција“ на о. Зрновци со голем број на концерти ветени и театарски настапи до сега добивме една голема нула. За другите ветени инфраструктурни проекти нема ниту да прашуваме ниту да споменуваме бидејќи се далеку од фаза на започнување односно не се изготвени ниту идејни решенија. А се она што е изградено до сега е доведено до степен на уништување. Затоа сакаме да порачаме дека народот, граѓаните на општина Зрновци немаат време за трпение и чекање за решавање на проблемите, доколку се нема визија за развој и напредок на о. Зрновци подобро да си каже градоначалникот Митев дека нема капацитет за работење. Виктор Анакиев, претседател на ОК Зрновци на ВМРО-ДПМНЕТагови: Виктор Анакиев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter