Здраво Македонијо - 09.09.2026 - Ана Марија Алексова Малева - Канал 5

Здраво Македонијо - 09.09.2026 - Ана Марија Алексова Малева

Здраво Македонијо - 09.09.2026 - Ана Марија Алексова Малева
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!

ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови.

Кирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!

Ден по одбележувањето на 35-годишнината од независноста, поразителната реалност покажува дека Македонија не страда од надворешни блокади, туку од заглавени запчаници дома, системска ерозија и отсуство на визија. Во својата најнова анализа, Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала — светската организација каде ЛДП е полноправна членка — прецизно дијагностицира дека Македонија се наоѓа во опасен „интелектуален ќорсокак“.

„Поминаа речиси три години од завршувањето на европскиот скрининг кој ги мапираше сите реформи, а државата сѐ уште нема формирано преговарачки тимови, ниту води суштинска дебата за својата иднина“, потсетува Кирјас. Оваа загрижувачка состојба директно коинцидира со ставот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која јасно порача дека три децении слушаме за „реформи“, додека во пракса гледаме институционална деградација предводена од гарнитури кои наместо систем, ја третираат државата како партиски плен.

Вистинскиот патриотизам не е пеење песни со рака на срце и закачување знамиња додека сопствените функционери се амнестираат, а партизацијата се продава како кадровска политика. Пласманот на илузии за некакви „алтернативни партнерства“ и нулти царински стапки преку Атлантикот е геополитички аматеризам кој го рушат самите бројки, тврди Кирјас. Како што потенцира потпретседателот на ЛИ, енормни 78% од македонскиот извоз завршува директно на пазарот на Европската Унија, што нѐ прави економски поповрзани со ЕУ дури и од Германија или Исланд. „САД и НАТО го даваат воено-безбедносниот чадор што веќе го имаме, но Европската Унија го обезбедува социјално-економскиот модел, слободниот пазар и развојните фондови. Со секој изгубен ден во маневри, Македонија губи милијарди евра неповратни грантови — како оној пакет од над 3 милијарди евра за Црна Гора — пари кои никој друг нема да ни ги надомести“, потенцира Кирјас.

Паралелно со економските заблуди, власта продолжува да ги деградира дипломатијата и институциите со некомпетентни партиски кадри, целосно игнорирајќи ги домашните и меѓународните експертски капацитети. „Времето веќе го диктираат други, а роковите неумоливо притискаат: на 30 септември Европската комисија го доставува пакетот за претпристапна интеграција, а на 15 октомври расправа Европскиот совет. Без сопствени дефинирани позиции, Македонија повторно ќе биде само пасивен набљудувач на туѓи одлуки,“ вели во анализата Кирјас.

ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови. Независноста не се слави со празни зборови и евтин ПР, туку се живее со одговорност, функционални институции и вистински стандард за сите граѓани.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архив

На промоцијата присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

Промовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архив

Државниот архив на Македонија и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје изработија каталог „Документи што зборуваат на допир“, кој беше промовиран денес, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на државата. Публикација ги содржи најзначајните документи што се чуваат во депоата на Архивот и неговите подрачни одделенија, при што под секој документ е дадена соодветна легенда на Брајово писмо.

На промоцијата присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која ја поздрави реализацијата на оваа заедничка идеја на двете установи и посочи дека публикацијата е мост меѓу минатото и сегашноста, односно помеѓу историските документи и луѓето за кои тие досега не беа целосно достапни.

„Државниот архив чува огромно историско и документарно богатство кое раскажува за создавањето на македонската држава. Со овој каталог, дел од тоа богатство станува достапно и преку Брајовото писмо - азбуката на допир за лицата со оштетен вид, кои ќе можат да ги почувствуваат информациите содржани во автентичните документи и да ја доживеат историјата“, рече Јаневска.

Нагласи дека историјата некој ја создавал, а наредните генерации треба да ја знаат, да ја разберат и да ја пренесуваат. Но, за историјата навистина да биде заедничко наследство, таа мора да биде достапна за сите.

„Инклузивното општество не се гради само со зборови. Се гради со конкретни чекори што ги отстрануваат бариерите и им овозможуваат на сите граѓани еднакво да учат, да се информираат, да истражуваат и да учествуваат. Овој каталог отстранува една таква бариера. На лицата со оштетен вид им овозможува еднаков пристап до историјата и националното наследство“, додаде министерката.

Јаневска изрази очекувања дека во иднина ќе бидат издадени и други вакви публикации, затоа што, како што рече - постојат уште многу историски документи кои заслужуваат да бидат достапни за што поголем број граѓани, вклучително и за лицата со оштетен вид.

„Документите не треба само да се чуваат. Тие треба да живеат, да се читаат и да се истражуваат. А со оваа публикација, тие денес почнуваат да зборуваат и на еден поинаков, но подеднакво моќен начин - на допир“, рече министерката за образованиe и наука.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стаменкоска Трајкоска: Инвестираме во сите витални сфери на Кисела Вода со капитални проекти за поквалитетно секојдневие на граѓаните

Општина Кисела Вода е општина во која никој не е заборавен.

Стаменкоска Трајкоска: Инвестираме во сите витални сфери на Кисела Вода со капитални проекти за поквалитетно секојдневие на граѓаните

Во моментот кога ја добив довербата да бидам градоначалник на Општина Кисела Вода, знаев дека со интензивно темпо на работење и секојдневна посветеност на терен, ќе успееме да го промениме ликот на нашите населби, инвестирајќи во сите витални сфери – од инфраструктурата и животната средина, па сè до образованието, социјалната заштита, спортот и културата.

Во изминатиот период започнавме и реализиравме сериозни инфраструктурни проекти, со што ја докажавме визијата за модерна, функционална и хумана Кисела Вода.

Во Бирарија изградивме атмосферска канализација и нов асфалт, а целосно ја реконструиравме и улицата „Томе Арсовски“.

Работевме на фекалната канализација во Бабин Дол – Припор, ја реконструиравме улицата „Речиште“ во Драчево, улицата „Киро Фетак“, „Жил Верн“, „Ѓорѓи Димитров“, „527“ и други локални сообраќајници, а го решаваме и проблемот со паркирањето на улицата „Пушкинова“ и уште три други локации.

Но, инфраструктура не се само улиците - инфраструктура е и квалитетот на живот.

Затоа, посебно сум горда што завршивме еден капитален проект кој со години ни беше потребен – целосна реконструкција на коритото на реката Мала Рада, каде што вложивме 57.000.000 денари

Тоа значи поголема безбедност, подобра комунална инфраструктура и поуредна средина за граѓаните.

Истовремено, Кисела Вода добива нови јавни простори.

Го уредуваме просторот околу Расадник, изградивме нов сквер пред спортската сала, инвестираме во детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, каде што вложивме 120.000.000 денари

Во 11 Октомври – Бараки создадовме нова спортска зона со калистеник парк и одбојка на песок, затоа што сакам Кисела Вода да биде општина во која децата квалитетно растат и се развиваат, спортуваат, се дружат и создаваат спомени.

За мене, нема поголема инвестиција од инвестицијата во нашите деца.

Затоа ги обновуваме и модернизираме училиштата.

Во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ се доградуваат нови училници и санитарни јазли, а училиштето доби и современа ИТ опрема.

„Партенија Зографски“ доби целосно реконструирани санитарни јазли, ново осветлување и интернет мрежа, обезбедивме современ мебел и ИТ опрема, а дворот е збогатен со над 150 садници.

Во „Круме Кепески“ ја реновиравме спортската сала, каде што овој капитален проект е реализиран преку успешната соработка меѓу локалната самоуправа и централната власт, односно од средствата на Владата на Република Македонија преку унгарскиот кредит. Станува збор за инвестиција од речиси 20.000.000 денари, соблекувалните и трпезаријата, отворивме ресурсна соба и започнуваме процес за доградба на шест нови училници. Во употреба ја пуштивме и новата спортска сала во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор.

А при крај е изградбата на новата спортска сала и подобрување на електричната инсталација во „Кузман Јосифовски – Питу“.

За ООУ „Рајко Жинзифов“ и Кирил Пејчиновиќ“ набавивме компјутери, принтери, телевизори и ги реновиравме училниците, изградивме и нови училници со цел започнување на едносменска настава.

Инвестицијата во децата ја покажавме и со конкретна поддршка за семејствата.

Сите 530 првачиња добија бесплатни ранци и училишен прибор, а за сите 5.500 основци во Кисела Вода обезбедивме бесплатни училишни униформи.

Тоа значи еднакви услови за сите деца.

И тоа е политиката во која верувам - Кога зборуваме за еднакви можности, мислиме на сите.

Затоа организиравме бесплатни спортско-едукативни кампови, бесплатна полуматурска забава за 560 ученици, ги наградивме првенците на генерацијата и обезбедивме бесплатен летувалишен престој за деца.

Посветено работевме и во социјалната и во здравствената сфера.

Работевме на инклузијата и отворивме бесплатни простории за логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара, организиравме активности со децата со церебрална парализа, а поддршка добија и дечињата од специјалните училишта.

Со Црвениот крст работевме на продолжување на услугата „Итно копче“, посетувавме граѓани во нивните домови и организиравме превентивни здравствени прегледи.

Им помагавме на семејства на кои помошта им е најпотребна.

Доставивме хуманитарни пакети, обезбедивме поддршка за деца без родители и организиравме активности за најранливите категории.

Општина Кисела Вода е општина во која никој не е заборавен.

Паралелно со инфраструктурата, ја менуваме и грижата за животната средина.

Во само седум недели беа собрани повеќе од 80 тони кабаст отпад.

Поставивме 30 контејнери за текстилен отпад, организиравме акции за чистење и пошумување, започнавме со уредување на зелените површини и воведовме компостирање на органски отпад во училиштата.

Во ООУ „Рајко Жинзифов“ поставивме компостер за селекција на органски отпад и ја подигнуваме свеста кај најмладите дека грижата за животната средина започнува од најрана возраст.

Започнавме и со следење на енергетската заштеда од фотоволтаиците во училиштата, затоа што сакаме да оставиме подобра Кисела Вода за генерациите што доаѓаат.

Општината треба да биде место каде што се живее убаво.

Затоа културата и спортот ги носиме поблиску до граѓаните.

Го организиравме Божиќниот театарски фестивал, отворивме кино и во Драчево – „Киноверзум“, организиравме детски претстави, спортски турнири, цветно дефиле, првиот детски музички фестивал “Киселко” и низа културни и спортски настани.

Во исто време, создадовме нови партнерства и ја отворивме општината кон меѓународната соработка.

Соработувавме со амбасадите и меѓународни партнери, со образовни и стопански организации, организиравме Саем на франкофонските држави и воспоставувавме нови можности за нашите граѓани и институции.

Модерна општина не смее да биде затворена, за мене дел од работата е секојдневниот контакт со луѓето, затоа имаме приемни денови за граѓаните, организираме средби со жителите на месните заедници и присутни сме со една заедничка цел, граѓанинот да знае дека општината е тука за него.

Почитувани,

За мене, најважниот дел од работата е контактот со луѓето.

Приемните денови, посетите во домовите, соработката со Црвениот крст, услугата „Итно копче“, превентивните здравствени акции, помошта за семејствата кои имаат потреба – сето тоа има една заедничка цел: граѓанинот да знае дека Општината е тука за него.

И затоа денес, по овој период на работа, можам со чиста совест да кажам:

Нашата работа ја мериме по бројот на реконструирани улици.

По километрите изградена инфраструктура.

По обновените училишта.

По децата што добиле подобри услови.

По парковите и спортските терени што сме ги создале и уредиле.

По секој човек кој дошол во Општината со проблем и си заминал со решение.

Почитувани,

Ова е само почеток на една поинаква Кисела Вода.

Кисела Вода која се гради.

Кисела Вода која се модернизира.

Кисела Вода која се грижи.

Модерна општина бара партнери, идеи и можности.

И Кисела Вода која покажува дека кога локалната власт работи чесно, одговорно и секојдневно – резултатите не мора да се објаснуваат. Тие се гледаат.

Зад секој проект стои човек.

Зад секоја реконструирана улица стои семејство кое живее полесно.

Зад секое обновено училиште стои дете кое добива подобри услови.

Зад секое игралиште стои детска насмевка.

Зад секоја социјална мерка стои човек кој почувствувал дека не е сам.

И затоа мојот најголем резултат не е еден проект.

Мојот најголем резултат е што Кисела Вода се движи напред.

Денес имаме повеќе инфраструктура, повеќе инвестиции, подобри услови за образование, повеќе спорт, повеќе грижа за најранливите и повеќе ред во јавниот простор.

И знам дека има уште многу работа.

Знам дека има улици што треба да се реконструираат, проблеми што треба да се решат и проекти што допрва треба да ги реализираме.

Но, токму затоа велам:

Ова е доказ дека знаеме како.

Кога има работа – има резултат.

Кога има визија – има развој.

Кога има одговорност – има доверба.

И затоа нема да застанеме.

Продолжуваме да градиме улици, училишта, спортски терени и паркови.

Продолжуваме да инвестираме во нашите деца.

Продолжуваме да се грижиме за секој човек.

Продолжуваме да ја правиме Кисела Вода поубаво, почисто, побезбедно и подобро место за живеење.

Кисела Вода не стои во место.

Кисела Вода оди напред – со работа, со резултати и со луѓето на прво место.

YouTube video

Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалник на општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер