Здравко Чолиќ одговори зошто неговата сопруга не се појавува во јавност: Јас не ѝ забранувам - Канал 5

Здравко Чолиќ одговори зошто неговата сопруга не се појавува во јавност: Јас не ѝ забранувам

Здравко Чолиќ со децении успева да го држи подалеку од очите на јавноста својот приватен живот.

Здравко Чолиќ одговори зошто неговата сопруга не се појавува во јавност: Јас не ѝ забранувам

Но, се чини дека неговата постара ќерка Уна со својот харизматичен изглед ги отвори вратите на медиумите кои со голем интерес пренесуваат детали од нејзиниот живот, како и животот на целото семејство Чолиќ.

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна си ја отвори душата во интервју за хрватска „Глорија“ и раскажа сѐ што ѝ избегало на јавноста, а се случувало во четирите ѕида на неговото семејство.

- Поради работата, често не сум дома, но тоа е нормално во нашето семејство. Мојата сопруга се грижи за девојките и мислам дека сме добро воспоставена екипа. Бидејќи бизнисот е таков, навикнати сме на тоа и најважно е сѐ да функционира добро. Девојките сè уште одат на училиште, а сопругата е таа која се грижи за тоа и некои од нивните секојдневни обврски, а јас се вклучувам секогаш кога можам и кога има потреба за тоа. Би рекол дека таа го одржува семејството заедно - изјави Чолиќ.

Пејачот откри кои се неговите најубави спомени со ќерките Уна (21) и Лара (16) и сопругата Александра, со оглед дека благодарение на работата што ја работи може на семејството да му обезбеди искуства кои не би можел да ги има со „обична професија“.

- Ми се допаѓа кога доаѓаат со мене на концерт или патување. Да речеме, тие беа со мене во Дубаи, па освен што ќе се забавуваат заедно, ќе им биде и корисно и нешто ново. Би сакал сега да дојдат во Загреб, да го почувствуваат градот и посебната атмосфера што ќе ги одбележи овие концерти. Со мене беа во Црна Гора, во Сплит, Пула, а летово во Опатија. Тука на некој начин се спојува пријатна летна атмосфера и средби со заеднички пријатели. Сакам кога сме заедно. Имаа голема желба сега да одат со нас во Америка, но поради училишните обврски тоа не беше можно. Често знаат да ги доведат пријателите, па се собира вистинско мало и весело друштво. Но, важно е дека тато е таму важен на некој начин, па тие се горди на сето тоа.

Александра Чолиќ никогаш не се појавува во јавноста, а Чола конечно објасни зошто е тоа така.

- Навистина не ѝ бранам, но не гледам причина зошто да биде поинаку. Секако, кога се во прашање некои важни манифестации, таа со задоволство доаѓа, но појавувањата само заради фотографирање никогаш не ѝ биле привлечно. Не го гледам тоа како нешто невообичаено. Еве, на пример, Арсен и Габи, кои беа брачни партнери од истото милје, кои исто така пееја заедно, никогаш не можеше да ги видиш како се појавуваат заедно. Навистина не ми пречи ако би сакала, но никогаш не ѝ било важно - заклучил Здравко Чолиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер