Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања - Канал 5

Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања

Хроничното бубрежно заболување (ХББ) зафаќа осум до 16 проценти од светската популација. Кај нас изминатата година биле регистрирани вкупно 595 пациенти, од кои 332 мажи и 263 жени.

Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања

Ова заболување освен што може да биде наследно, во голема мера зависи и од животниот стил на човекот.

Македонија се соочува со недостиг на нефролози, потребно е унапредување на пред дијализното следење на пациентите, а недостига и регистар за хронично бубрежна исуфициенција во поран стадиум. Ова се дел од проблемите со кои се соочува медицинскиот кадар, кој се справува со ова заболување, за кое МИА разговараше со д-р Гоце Спасовски, претседател на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

Тој вели дека со поголем капацитет во пред дијализното следење може да се одложи прогресијата на болеста и да се подобри состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и второ со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации.

Спасовски посочи дека најдобрите начини за заштита од ова заболување се здрава исхрана и физички активности.

-Иако се со висока цена, порачувам да се јаде повеќе овошје и зеленчук со цел да се избегне тешка форма на бубрежи заболувања, избегнувањето на стресот, исто така свесен сум дека е мисловна именка за некои луѓе кои во борба за опстанок работат на повеќе работни места во државава, но, барем да се избегнат цигарите и повеќе да се спортува, порачува д-р Спасовски.

Тој нагласува дека заштитата од бубрежни заболувања подразбира избегнување на црвено месо, цигари и шеќери.

-Она што постојано го кажувам е дека многу е важен хигиенско диететскиот режим, да не бидат луѓето обезни, да не користат цигари, да спортуваат секој ден, да не јадат многу црвено месо, шеќери, туку повеќе овошје и зеленчук што за среќа во Македонија го имаме во изобилие, иако цената во последно време е дискутабилна, но ние секако имаме квалитетно овошје и зеленчук, така да ако предоминира тоа заедно со млеко и млечни производи мислам дека тоа би било добро понатаму за здравјето кај луѓето, вели Спасовски.

Додава дека во превенцијата и раното откривање клучна е и улогата на матичните лекари.

-И општите лекари би требало да имаат одредени напатствија кои ние сме ги дале како упатство во кое стои дека е потребно секогаш кога матичните лекари ќе добијат ризичен пациент да можат да ги проверат нивните првични кондиции во смисла на биохемиска лабораторија, крвен притисок, дебелината на пациентот и да го упатат кај нас, кога доаѓа во стадиум три, не порано, затоа што дотогаш тој пациент се уште ќе има резерва за да можеме специфично, невролошки да го третираме и да се надеваме дека ако не слуша нас докторите и ги почитува нашите совети дека би требало да не дојде до потреба од дијализа и трансплантација, појаснува доктор Спасовски.

Дека исхраната е многу важна за заштита од бубрежните заболувања потврдува и д-р Питер Стенвинкел, професор, раководител на Одделот за ренална медицина и Одделот за клиничка наука, интервенција и технологија при Универзитетската болница Каролинска.

Тој во разговор за МИА вели дека нашата држава се карактеризира со квалитетен зеленчук и овошје и дека тоа треба да се искористи.

-Мислам дека храната е навистина важна, а вие имате поздрава храна дури и од Шведска, дали знаете дека за време на животот ако живееме до 75 години ние ќе изедеме количина на храна еднаква на 35 слонови и тоа е навистина голема количина која ја јадеме и оттука секако дека квалитетот на храна, која ја јадеме има импакт на нашето здравје. Исхраната во последните 10 до 15 години се промени поради се поголема употреба на ултра-обработена храна и ние се повеќе јадеме црвено месо и ова има имапкт на нашето здравје, вели тој.

Додава дека е свесен оти ултра-обработената храна е подостапна од свежата, но посочува дека мора да ги промениме навиките за наше добро.

Недостигаат нефролози, здравствениот систем во државава далеку од оној на развиените земји

Македонија се соочува со недостиг на нефролози, здравствениот систем генерално е далеку од оној во развиените земји, а и подолг временски период не била ажурирана листата на позитивни лекови, каде сега има одредени поместувања.

Професор д-р Спасовски во разговор за МИА потенцира дека е потребно зголемувањето на бројот на нефролозите, но и истакна дека нашиот здравствен систем е далеку од оние во развиените земји, како што е на пример системот во Шведска.

-Ние не сме на некое завидно ниво по број на нефролози на милион жители. Специфичните нефролошките амбуланти, во кои ние би требало да ги земаме пациенти во многу рана фаза, се оптоварени, при што поради бројноста на пациентите и малиот број нефролози, често пати не можеме да дојдеме до оние лица кои имаат навистина брза прогресија до хронично заболување на бубрези, истакна тој и доддаде дека во во моментов има повеќе специјализанти, кои ќе бидат добредојдени во натамошното работење во оваа сфера.

Забележа и дека листата на позитивни лекови не била ажуирана долг временски период, но оти сега има промени и кочено на пазарот излегле лекови, кои покажуваат дека имаат протективна улога во развојот на болеста. Спасовски истакна и дека системот на Шведска треба да ни биде пример за тоа што се треба да биде имплементирано во нашиот тука.

-Тие имаат многу поголем број центри, нефролошки амбуланти, повеќе нефролози на милион жители и секако дека имаат ресурси и за наука, при што согледуваат што е важно и имаат систем на спроведување на тоа што е важно за секоја одредена група на пациенти, која оди хиерархски од горе, па надолу, значи еден вертикален начин на пренесување на информации и во глобала не можеме да кажеме дека менталитетот на еден шведски пациент е ист со нашите тука во Македонија, истакнува Спасовски.

Од друга страна тој посочува дека е неблагодарно да се споредуваме со здравствената грижа, која им се пружа на шведските граѓани, кога кај нас животниот стандард е далеку полош и истиот многу лошо се одразува врз здравствената состојба на населението.

-Ние не можеме да се правиме Швеѓани, кога кај нас луѓето понекогаш се толку очајни и на граница на преживување, мораат да работат повеќе работи, се соочуват со премногу стрес, меѓутоа она што можат да го направат е да не пушат цигари, да внимаваат на тежината, да спортуваат, да користат велосипед, но од друга страна потребно е и да се има време за сето тоа, оценува тој.

Спасовски нагласува дека во земјава има совесни граѓани, кои се грижат за сопственото здравје и редовно доаѓаат на прегледи, но додава дека има и хипохондрици, кои, како што вели, неретко го оптоваруваат системот.

Потребно е унапредување на пред дијализното следење на пациентите

Д-р Фернандо Макарио, главен медицински директор во Дијаверум во разговор за МИА посочува дека има два клучни критични аспекти за подобрување на грижата за бубрезите во Македонија во овој момент.

Тој вели дека со поголем капацитет во пред дијализното следење може да се одложи прогресијата на болеста и да се подобри состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и второ со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации.

-Понекогаш пациентите почнуваат со дијализа во не многу добра состојба, поради фактот што недостига пред дијализата, пациентите доаѓаат на дијализа без да знаат дека имаат бубрежно заболување, вели Макарио.

Посочи на студија која потврдила дека пред дијализното следење е клучно.

-Направивме студија во Романија каде што ги проучувавме пациентите што ги следевме со пред дијализа, со структурирана програма за пред дијализа и откривме дека пациентите кои го имаат поминато овој процес на пред дијализно следење, подолго преживуваат, ја намалуваат хоспитализацијата дури и пет години по започнувањето на дијализата. Тоа е клучна точка. Повеќето пациенти овде во вашата земја започнуваат дијализа дури во итни случаи, појасни тој.

Според него за извршување на хемодијализа на пациентите е потребен многу добар васкуларен пристап.

-Тоа треба да се направи пред да започнат со дијализа. Кога го немаат соодветниот васкуларен пристап, почнуваат со дијализа, се соочуваат со компликации и тоа има влијание и на преживувањето и на благосостојбата на пациентите. Значи, друга точка на која треба одредено подобрување е управувањето со васкуларната проценка во Македонија, појасни доктор Макарио.

Сепак, тој вели дека здравствениот систем во нашата држава има и позитивни страни.

-Сепак има неколку позитивни страни. Тоа што го правиме овде во Македонија досега има многу висок квалитет. Ние сме во 24 различни земји како што веројатно знаете, а Македонија е една од нашите врвни земји која врши многу квалитетен третман за хронични бубрежни пациенти на дијализа, подвлече тој.

Од друга страна доктор Спасовски вели дека во однос на земјите од регионот Македонија бележи одреден прогрес, особено во органодарителството.

-Не заостануваме во однос на другите земји во регионот, напротив, подобри сме во трансплатации, воедно имам информации дека можеме да станеме и регионален центар за Албанија затоа што тие имаат една грчка болница повремено доаѓаат да се оперираат турски државјани, но за сето тоа треба да се создадат прво услови. Со овој број пациенти со успешни трансплантации сме подобри дури и од Босна, па и Бугарија, во однос на дијализата користиме се што можеме и од нови технологии, на клиниките имаме аферезни техники за одредени заболувања кои, исто така регуларно ги користиме, посочи докторот Спасовски.

Но, и покрај забележаниот напредок во делот на успешните трансплантации, сепак недостига регистар за хронично бубрежна исуфициенција во поран стадиум.

-Секогаш најскапо е да се третира, превенцијата е подобра, а нам ни треба квалитетен регистар за хронично бубрежна исуфициенција во некој поран стадиум. Со тоа би се фокусирале на тие што можеме да ги спасиме, затоа што ние добиваме и пациенти кои се со во хронично бубрежно заболување и кои се директно за дијализа, ама тоа зависи и од свеста за редовни прегледи кај матичните, истакнува докторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Париз многу наскоро ќе стане муслимански град

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека Париз „многу наскоро ќе стане муслимански град“.

Трамп: Париз многу наскоро ќе стане муслимански град

„Видете, Емануел ми е пријател. Уште одамна му реков дека прави голема грешка во Франција. Тој дозволува влез на луѓе од целиот свет. Целиот свет доаѓа таму и, како што знаете, Париз многу наскоро ќе стане муслимански град. А тоа не беше договорот. Тоа не беше договорот“, изјави Трамп пред Белата куќа, пред да замине на предизборен собир во Канзас.

„Му реков на Емануел дека треба да ги затвори границите. Го познавам околу осум или девет години. Штом го запознав, му реков дека прави голема грешка. Ние ги затворивме нашите граници, тој не ги затвори“, нагласи тој.

„Мигранти, џихадисти и комунисти ја освоија, ограбија и до темел ја изгореа“

Трамп тврди дека немирите во Франција се доказ за колапсот на западната цивилизација и за опасностите од имиграцијата. На собирот во Канзас, Трамп ја опиша Франција како некогаш голема нација која била „освоена, ограбена и до темел изгорена“ од „мигранти, џихадисти и комунисти“. „Ако сакате да видите што е влог на овие избори, само погледнете што се случува во Франција“, предупреди тој. „Ова се случува во Франција, а тие сакаат истото да се случи и во нашата земја. Тоа овде никогаш нема да се случи“, изјави Трамп, предизвикувајќи гласни овации кај илјадниците присутни во Канзас – држава со силно републиканско определување, каде што републиканскиот сенатор Роџер Маршал се соочува со неочекувано тежок предизвик од демократот Адам Хамилтон.

Претходно истиот ден, Трамп го повтори своето тврдење дека мигрантите ја „презеле“ Франција. На социјалната мрежа „Truth Social“, тој напиша дека лидерите на земјата мора „ВЕДНАШ ДА ГИ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ!“

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт

СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт.

Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт

Огромната поддршка која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери и е помала од минатите локални избори. Но, сепак Филипче и другарите тоа го прославија како успех.

ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. Или во превод, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1.

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори.

Рејтингот им е минорен, кредибилитетот одамна им е изгубен, а никој освен пријателите на Заев, не му дава поддршка на Филипче.

Но, сепак и покрај сите демократски правила и принципи, ние не сметаме дека Венко Филипче треба да си поднесе оставка. За нас, Филипче е најдоброто решение за претседател на СДС.

Се додека Филипче го води СДС по насока на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а ние ќе продолжиме и натаму да реализираме проекти и мерки во интерес на граѓаните.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“.

Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем

-Добар ден и од мене.

Сашо кажа се прилично прецизно и јасно.

Јас би сакал уште еднаш да посакам да што помалку се користат овие возила. Се разбира, колку помалку се користат тоа значи дека ќе имаме толку помалку случаи коишто треба да се третираат со овие возила. Но, онаму каде што е потребно убеден сум дека со овие возила побргу ќе се стигнува и ќе се интервенира многу попрецизно имајќи ја предвид опремата којашто ја поседуваат овие нови возила, 100 на број.

Би сакал исто така да кажам неколку работи коишто се многу значајни да се споменат и за здравството но, и генерално за политиките на Владата.

Многу работи се запоставени, многу работи се уништени, многу работи се украдени, но она коешто е задача на оваа Влада е тоа што е уништено, тоа што е запоставено, тоа што е украдено да го надомести. Има уште многу проблеми за решавање, не е сè решено со овие 100 возила, се разбира можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сè решено.

Но, она коешто е значајно е дека приоритет по приоритет, проблем по проблем се решаваат. Овие 27-28 месеци, покрај нови 120 нови возила, коишто Министерството за внатрешни работи ги обезбеди после децениска негрижа таму, после оние стотина возила коишто ги доби „Пошта“, после оние 53 возила коишто се користат веќе во општините за чистење, за чистење на сметта, дојде редот и на овие 100 возила амбулантни, а многу скоро од денеска ќе имаме и нови 150 електрични автобуси коишто исто така ќе бидат распределени низ градовите во Македонија.

Сето ова можеби навидум не изгледа нешто многу големо и значајно но верувајте оној момент кога тоа ќе ви биде потребно сето ова коешто ние денеска го правиме и коешто го обезбедуваме ќе биде и те како значајно кога тоа ќе ви биде потребно, бидејќи до сега тоа го немало.

Сакам исто така да напомнам дека наш приоритет во периодот којшто следи се инвестициите во здравството и ќе продолжиме да инвестираме. Има многу за инвестирање, не можеме се да решиме можеби во еден цел мандат на една влада, но она коешто планираме во периодот којшто следи, а којшто веќе заедно со нашите партнери, финансиски институции го завршуваме во делот на здравството во преговорите, тоа се проектите коишто здружено Светска банка и Европската инвестициска банка ќе ги финансираат, а тоа е конечно Клиничкиот центар, односно клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност Кичево и клиничката болница во Тетово.

Очекувам според последната мисија на Светска банка и Европската инвестициска банка, одобрување и формално да имаме некаде кон крајот на првиот квартал од следната година за финансирање на овие проекти. И ако биде се како што треба, веднаш потоа да биде објавен и тендерот, и ако биде се како што треба, очекувам првиот проект од овие проекти да почне да се реализира некаде таму крајот на вториот, почетокот на третиот квартал од следната година.

Низа проекти коишто со децении биле запоставувани или воопшто не се водело сметка, едниот за волја на вистината, отпочнат па заборавен, испокраден, уништен. И сега замислете вие кога ќе треба со проект којшто е започнат пред 15-20 години да го продолжите да го работите, а во суштина треба да размислувате што ќе се случува од денеска за 10-15 години во здравството. Значи, таа технологија којашто била пред 10-15 години, е сега веќе застарена, а замислете каква технологија треба да антиципирате што ќе се развива во следните 10-15 години.

Ние сме фокусирани при рестартирањето конкретно на проектот на клиничката болница во Штип за технологија којашто ќе биде апликативна во 2035-2040-тата година. Така што сето ова бара една правилна антиципација, работа со нашите стратешки партнери и ценам дека успеавме да дојдеме до некое решение коешто ќе значи додадена вредност во македонското здравство.

Се наоѓаме тука некаде помеѓу двете парцели коишто ги разгледуваме и за коишто преговараме за новиот клинички центар. Едната е пред овој базен којшто го гледате овде лево од нас којшто, исто така, беше оставен на забот на времето па сега се реконструира. А другата е позади овој тобоган којшто го гледате. Тоа се двете парцели отприлика каде што би требало да биде и новиот клинички центар. Очекувам до крајот на оваа година и тие преговори да ги завршиме.

Цениме дека ова место заедно со поврзувањето на постоечката „8 Септември“, Пет центарот и болницата, односно поликлиниката „Букурешт“, мислиме дека сето тоа ќе даде една убава симбиоза овде, еден убав центар.

А заедно со Општина Карпош работиме и на обезбедување нови паркинг места, бидејќи кога сето ова ќе функционира и кога сето ова ќе биде изградено, ќе има згушување и затоа планираме уште од сега како да го растеретиме и тој дел од предизвиците со коишто ќе се соочат жителите на овој дел на Градот Скопје.

Така што се планира, се работи, ако направите добар план, тоа значи 90 посто добро завршена работа, ако планот не ви е добар, тогаш ни работата нема да ви биде добра. Затоа ние се трудиме планот да биде добар.

Како и да е, уште еднаш нека ни се со среќа овие 100 нови амбулантни возила и ете уште многу проекти да реализираме во здравството. Јас благодарност сакам да изразам до министерот, кој со својата посветена работа, го истера овој проект и ги развива сите овие проекти за коишто претходно зборував, за луѓето од Министерството за здравство, за луѓето од мојот кабинет, за здравствените работници, за лекарите, за сите оние коишто имаат трпение, бидејќи навистина работат во услови понекогаш коишто се и натчовечки напори вложуваат да ги совладаат тие услови во коишто работат.

Знам колку е сето тоа тешко, но тие покажуваат дека не е невозможно, дека се е возможно, дури и во такви услови да се работи. Како Влада се трудиме и тоа да го олесниме.

Благодарност до пратениците од македонското Собрание, кои со својата работа, со своите амандмани, политиките коишто ги носат преку законите во македонското Собрание обезбедуваат побрза набавка и интервенирање во здравствениот сектор.

Благодарност на сите коишто учествуваат, ќе ми простите некој ако го заборавив.

Битно е дека имаме 100 нови амбулантни возила, нешто што би рекол одамна не е направено за здравствениот систем во Македонија и се надевам за нови 50, Сашо нели за тоа што зборувавме, ако биде се како што треба, би требало уште нови 50 да добиеме, веќе следната година. Но, за тоа потоа, ајде еве прво да ја изработиме и таа работа, па потоа и за тоа да се пофалиме.

Уште еднаш нека ни е со среќа и аирлија нека е.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер